Архелај I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Arhelaj.jpg|thumb|300px|Монета со ликот на Архелај, аверс и реверс]]
'''Архелај I''' — крал на [[Античка Македонија|Македонија]] ([[413 п.н.е.|413]] до [[399 п.н.е.|399]] п.н.е.). Стапил на престолот по смртта на неговиот татко, [[Пердика II]]. Мајка му на Архелај била [[робинка]], а Архелај успеал да дојде до власт со тоа што го убил неговиот чичко [[Алкет II]], братучед и неговиот полубрат кој бил законски наследник.<ref>[http://classics.mit.edu/Plato/gorgias.html Платон, „Горгија“.]</ref> Во текот на своето владеење се докажал како способен и полезен владетел кој од корен ја променил државната административна структура, војската и трговијата.
 
Кратко по неговото крунисување, Архелај бил соочен со ситуација која му дозволила тотално да ги промени односите на Македонија со [[Атина]], кои претставувале голема закана во последните 50-тина години. Атињаните биле тешко поразени во [[Сиракуза]] при крајот на 413 год. и најголемиот дел од нивните бродови биле уништени. Поради ова на атињаните очајно им требало огромно количество на дрво за нови бродови и така Архелај бил во состојба да ја постави цената. Потем тој великодушно ги снабдувал со сето дрво кое им требало. Како признание за ова, атињаните го почестиле Архелај и неговите деца со титулата ,,Народен ''[[Проксенос]]'' и ''[[Евергет]]''.