Природна застапеност: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 6 години
с
нема опис на уредувањето
(Создадена страница со: мини|десно|300п '''Природна распространетост''' (ПА) —...)
 
сНема опис на уредувањето
[[Податотека:Relative abundance of elements.png|мини|десно|300п]]
'''Природна распространетост''' (ПАПР) — поим во [[физика]]та кој ја означува застапеноста на [[изотоп]]ите на еден [[хемиски елемент]] во [[природа]]та на една планета, како да речеме [[Земја]]та. Релативната [[атомска маса]] (прилагодена согласно молскиот удел) на овие изтотопи е [[атомска тежина|атомската тежина]] наведена за секој од елементите [[периоден систем|периодниот систем]]. Распространетоста на еден изотоп се разликува од една [[планета]] до друга (па дури и од едно до друго место на Земјата), но е постојано иста низ времето (во краторочна смисла).
 
На пример, [[ураниум]]от има три природни изотопи: <sup>238</sup>U, <sup>235</sup>U и <sup>234</sup>U. Застапеноста на нивните молски удели се 99,2739–99,2752%, 0,7198–0,7202% и 0,0050–0,0059%.<ref>{{Citation | title = Uranium Isotopes | url = http://www.globalsecurity.org/wmd/intro/u-isotopes.htm | accessdate = 14 March 2012}}</ref> На пример, ако анализираме 100.000 атоми на ураниум, треба да очекуваме да најдеме околу 99.274 атоми на <sup>238</sup>U, 720 атоми на <sup>235</sup>U и многу малку (најверојатно 5-6) атоми на <sup>234</sup>U. Причината за ова е тоа што <sup>238</sup>U е многу постабилен од <sup>235</sup>U or <sup>234</sup>U, што се забележува од [[период на полураспад|периодот на полураспад]] на секој од нив: 4,468×10<sup>9</sup>години за <sup>238</sup>U споредено со 7,038×10<sup>8</sup> години за <sup>235</sup>U и само 245.500 години за <sup>234</sup>U.