Македонска крвава свадба: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Битови елементи: Поправена е граматичка грешка
Eddon (разговор | придонеси)
→‎Битови елементи: се уште > сè уште
Ред 35:
Целата оваа фабула во основата е предадена со еден романтичарски патос, но и многу сцени обилуваат со реалистички слики од животот и борбата на мекедонските луѓе. Тоа најмногу се огледа, речиси, во целата сцена на нивата, во сцената со Турчинот - натрапник во домот на Кузмановци и, во крајна линија, во сцените на физичкиот отпор. Како и во секоја битова пиеска, и во оваа драма се користат фолкорно-етнографски материјали, со што, можеби, се губи во динамичноста на дејството, но секако се добива општа импресија.
 
Чернодрински бил свесен за воздејството на овој текст врз публиката, но интимно и самиот не очекувал таков успех каков што всупност драмата постигнала во оној период, па и многу подоцна. Говорејќи мошне скромно за своите литературни амбиции во врска со ова дело, потцртувајќи ја посебно онаа, денеска многу позната мисла "''Што напишав јас'' и одговарајќи на тоа прашање дека "''Ништо не напишав. Јас го препишав од сес''è ''уште ненапишаната крвава историја на Македонија она, кое читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот''" - Војдан Чернодрински се обиде да го предизвика вниманието на сите оние што го чувствуваа проблемот на Македонија како своја болка. И успеа во тоа. Навистина, тој не ги прикажа во оваа своја драма Македонците во една мобилна состојба. Не ги воведе во сцената свесно организираните елементи кои го подготвуваа народот за востание во блиска иднина. Тој ги одбра за јунаци луѓето од најниската скала на општествената хиерархија од едно, за Македонците, многу специфично време. Ги прикажа нивните страдања, но и нивната готовност да ја бранат честа македонска.<ref>[http://www.iml.ukim.edu.mk/index.php/mk/proekti/2011-07-25-10-50-27/85-2011-07-15-11-44-28] За животот и делото на В. Чернодрински</ref>
 
== Наводи ==