Европа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 141:
Умерено континенталниот-вегетациски тип е карактеристичен за средишните делови на Европа, или, поточно, за територијата меѓу алпско-карпатскиот планински венец и [[Балтичко Море]]. Овде се судираат благите атлантски и студените континентални климатски влијанија, така што е присутна клима со умерено топли лета и умерено студени зими со доволни количества врнежи во текот на годината. Растителните заедници, освен тревите, се претставени со листопадни и зимзелени [[шуми]]. Од животинските видеови се застапени: [[срна]]та, [[дива свиња]], [[волк]]от, [[зајак]]от и други.<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Климатско-вегетациски области- стр. 18</ref>
 
Континенталниот климатско-вегетациски тип тип е карактеристичен за [[Источноевропска Низина]], за [[Влашка Низина]] и за [[Панонска Низина]]. Се одликува со топли и сушни лета и остри студени зими. Овде се издвојуваат 2 вариетета, и тоа: влажен континетален и континентален стески тип. Влажниот континентален климатско-вегетациски тип е карактеристичен за посеверните делови од [[Источноевропска Низина]]. Ги опфаќа териториите јужно од [[тундра]]та со непрекинати појаси од [[бор (дрво)|борје]], [[ела]] и [[смрека]], а се протега од [[Скандинавски Полуостров]] до [[Урaл (планина)|Урал]] и понатаму - во [[Азија]] до [[Тихи Океан]]. Овој шумски појас е познат под името [[тајга]]. Покарактеристични животински видови се: [[елен]]от, [[ирвас]]от, [[дива свиња]], [[волк]]от, [[мечка]]та, [[лисица]]та, разни [[птици]] и други.<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Климатско-вегетациски области- стр. 18/19</ref>
 
Континеталниот степски климатско-вегетациски тип е карактеристичен за јужните делови на [[Источноевропска Низина]] спрема [[Црно Море]] ([[Украина]], [[Влашка Низина]] и [[Панонска Низина]]). Се одликува со долги у сушни лета и суви и студени зими, така што растителната покривска е претставена со ниска тревна вегетација, позната како степа, со птисуство на листопадни шумски видови.<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Климатско-вегетациски области- стр. 19</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Европа