Кадмиум: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Извештај според Меѓународна агенција за истражување на рак
Ред 5:
Британското геолошко истражување известува дека во 2001 година Кина била на врвот на производител на кадмиум. Кадмиум е нечистотија од цинковата руда и најчесто е изолиран за време на производството на цинк. Кадмиумот има голема индустриска употреба, тој е клучна компонента во производството на батерија, исто така е пристутна во лакови и најчесто се користи во галванизација. Во 2009 година 86% од кадмиум се користи во батериите, претежно во полнење никел – кадмиумски батерии. Европската унија ја забранила употребата на кадмиум во електрониката во 2004 година со неколку исклучоци, но сепак ја намали дозволената содржина на кадмиум во електрониката за околку 0,002%.
Кадмиумот е составен дел и на некои сложени полупроводници како што е кадмиум сулфид, кој може да се користи за соларни ќелии.
Најопасните форми на професионална изложеност на кадмиум е вдишување на фина прашина и гасови. Инхалацијата на кадмиум содржи гасови и може да предизвика хемиски пневмонитис, белодробен едем и смрт. Кадмиумот исто така претставува опасност за животната средина. Во животната седина изоженоста на човекот на кадмиум главно се резултат на согорување на фосфилни ѓубрива, производство на цемент, производство на омоени метали. Имало неколку случаи на токсичност на општата популација како резултат на долгоречна изложеност на кадмиум во контаминираната храна и вода, исто така во тек е и истражување дека може да предизвика и рак на дојката.Според LARC(Меѓународна агенција за истражување на рак) Cd припаѓа на група 1-хуман карциноген.Пушењето е најважен едниствен извор на кадмиум на кој е изложена општата популација. Се проценува дека околку 10% од содржината на кадмиум која ја има во цигарите се вдишува со пушењето. Во просек 50% од пушачите имаат 4-5 пати повисоки концентрации на кадмиум во крвта и 2-3 пати повисока концентрација на кадмиум во бубрезите за разлика од непушачите.
 
{{никулец од областа на хемијата}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кадмиум