Ислам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 48:
За да се добие представа за поимот „варијанти“ во рамките на примениот Курански текст, мора да се напомене дека во тоа време пишаниот арапски не бил сѐ уште доволно развиен. Куранот бил за прв пат овековечен во пишана форма со писмата [[Хиџази]], [[Машк]], [[Маил]] и [[Куфик]]; во овие писма постоеле само согласки, а не самогласки. Заради разноврсноста на усните традиции кај народите кои го прифатиле исламот, постоеле несогласувања за тоа како се читаат стиховите без согласки. Подоцна биле создадени писма со дијакритички знаци (познати како ''точки'') за обележување на самосласките. Стотици години по Османовата рецензија, исламските научници се расправале за тоа како се чита Османовиот официјален текст (без точки). На крај се прифатени десет различни варијанти ([[кирает]]) на Куранот како канонски, со согласност дека нивните разлики се многу мали и не го менуваат значењето на текстот. Компатибилноста на Куранот на арапски јазик го акцентира законот според кој молитвата во намазот може да се кажат само оригинално на арапски, за разлика од другите вон намаски молитви.
 
Меѓу скептиците Куранот набрзо станал тема на расправија. Во [[8 век|8-миот век]] едни велеле дека Куранот е создаден во рамките на времето и затоа не е вечен, додека тие што не се согласувале тврделе дека Куранот е вечен и совршен бидејќи постоел на небесата пред да му биде предаден на Мухамед. [[Сунизам|Сунитската]] теологија (која е основа во начинот на верување) сметала дека Куранот бил несоздаден.
 
Уште од почетокот на верата, муслиманите веруваат дека Куранот е совршен само ако е на арапски. Преводите се резултат на човечки труд и затоа, и на човечки грешки, а згора на тоа им недостасува онаа вдахновена поезија во оригиналот. Затоа преводите се само образложенија на Куранот, или „преводи на неговото значење“, но не самиот Куран. Многу современи печатени верзии на Куранот содржат арапски текст на едната, а друг јазик на другата страна.
Ред 88:
Современата исламска историја започнува во [[Арабија]] во [[7 век]] со појавувањето на пророкот [[Мухамед]]. Сто години по неговата смрт, исламската држава се простирала од [[Атлантски Океан|Атлантскиот Океан]] на запад до [[централна Азија]] на исток, но која исто така била разгорена со граѓански војни ([[фитна|фитни]]). Од тогаш, па натаму се јавуваат династии-ривали кои тврдат дека тие се заслужни за [[калифат]]от, или водството на муслиманскиот свет, со тоа по многу исламки држави само симболично се покорни на онемоштениот [[калиф]].
 
Меѓутоа, подоцнежните империи на [[Абасиди|Абасидските]] калифи и [[Селџуци|турците-селџуци]] биле меѓу најголемите и најсилните во светот. По катастрофалниот пораз на [[Византија|византијците]] во [[Битка кај Малазгирт|Битката кај Малазгирт]] во [[1071]], христијанските држави во [[Европа]] повеле серија на [[крстоносни војни]] и привремено го завзеле [[Ерусалим]]. Меѓутоа [[Саладин]] го [[Опсада на Ерусалим (1187)|повратил]] единството и ги поразил [[Шиизамшиизам|шиитските]] [[Фатмидии]].
 
Од [[14 век]] до [[17 век]], една од најважните муслимански територии била [[Малска империја|Малската империја]], со престолнина во [[Тимбукту]].
Ред 95:
 
=== Современиот ислам ===
[[Податотека:Islam by country.png|thumb|right|300px|Земји со повеќе од 10% муслимани (извор - [[ЦИА]] [[Светска книга на факти]], 2004). Потемните зелени подрачја представуваат [[Сунизамсунизам|сунитско]] мнозинство, а светлите зелени подрачја представуваат [[Шиитизамшиизам|шиитско]] мнозинство.]]
 
Иако денес како исламско движење се представува [[фундаментализам|фундаменталниот]] [[исламизам]], постојат многу [[либерални движења во Исламот]], кои бараат алтернативни начини како исламски одговор на современите проблеми.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ислам