Разлика помеѓу преработките на „Ирак“

Одземени 8 бајти ,  пред 4 години
с
нема опис на уредувањето
с
'''Ирак''' е држава во [[Западна Азија]], односно на [[Блискиот Исток]]. Се граничи со [[Кувајт]] и [[Саудиска Арабија]] на југ, со [[Јордан]] на запад, со [[Сирија]] на северозапад, со [[Турција]] на север и со [[Иран]] на исток. [[Главен град]] е [[Багдад]]. Независна држава е од [[1932]] година, а беше [[монархија]] сè до [[1958]] година.
 
Населението на Ирак е етнички и верски хетерогено, иако [[ислам]]от е најзастапена [[религија]] со 95%. Трите доминантни заедници се: [[Арапи]]те [[шиитизамшиизам|шиити]] (околу 60% од населението), Арапите [[сунитизамсунизам|сунити]] (околу 20%) и [[Курди]]те (околу 15%).
 
По [[Ирачка војна|воената интервенција на САД врз Ирак од 2003 година]] соборен е дотогашниот режим на [[Садам Хусеин]] и Ирак од април [[2003]] до јули [[2004]] се наоѓаше под окупација на [[САД]], [[Британија]] и нивните сојузници. На [[28 јули]] [[2004]] власта {{Уникод|ѝ}} е предадена на Привремената влада, иако странските сили продолжија да бидат присутни во земјата и ја имаа вистинската власт до [[2011]] година. Против окупацијата на западните сили предводени од САД активно се бореше одреден дел од населението на Ирак, а и по повлекувањето на западните сили предводени од САД продолжи бунтот против централната власт.