Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 33:
 
По долги години, на почетокот на [[XIX век]], повторно започнала изградбата на црквата посветена на заштитничката на [[Скопје]]. Според скопскиот трговец Хаџи-Коста, неимарите и копаничарите започнале со работа уште во [[1809]] година, а по 10 години чекање на одобрението за изградба од страна на султанот во [[Истанбул|Цариград]], црквата била свечено осветена на [[1 мај]] [[1835]] година.<ref>Јовчев Спасе. ''„Соборен храм Рождество на Пресвета Богородица во Скопје“'', Скопје, 1997 год., стр.17</ref> Според записите на [[Васил К'нчов]], одобрението за градба стигнало во [[1834]] година.<ref>Исто</ref> Изградбата и иконостасот ја извршиле прочуените дебарски мајстори и копаничари, односно тајфите на Рензовци-Зографски во поголем и Фрчковски во помал дел.<ref>Јовчев Спасе. ''„Соборен храм Рождество на Пресвета Богородица во Скопје“'', Скопје, 1997 год., стр.18</ref> Во периодот од [[1848]]-[[1857]] година, во оваа црква на повик на скопските граѓани, училиште на [[Македонски јазик|македонски народен јазик]] отворил и го водел македонскиот просветител [[Јордан Хаџи-Константинов - Џинот]]. Тој стекнува голема почит и популарност меѓу граѓаните, а во дворот на црквата ги одржува првите претстави и [[Драма|драмски]] обиди на учениците, напишани од него.
 
[[Податотека:Presveta Bogordica od Skopje 4.JPG|мини|лево|Внатрешност на црквата]]
 
Кон крајот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], во [[1944]] година, црквата со своите непроценливо богати исконостас и живопис, била запалена од страна на [[Бугарија|бугарската]] фашистичка окупаторска војска.<ref>Јовчев Спасе. ''„Соборен храм Рождество на Пресвета Богородица во Скопје“'', Скопје, 1997 год., стр.20</ref> [[Комунист|Комунистичката]] власт во тогашна [[СР Македонија]] во рамките на [[СФРЈ]] не започнала обнова на храмот, така што тој бил целосно срушен во скопскиот земјотрес од [[1963]] година.
 
=== Обнова ===
[[Податотека:Presveta Bogordica od Skopje 4.JPG|мини|лево|Внатрешност на црквата]]
 
Со стекнувањето на независноста на [[Македонија]], повторно започнуваат иницијативите за обнова на црквата. На почетокот на [[1995]] година, група на главно постари граѓани (пензионери) на Скопје основаат и регистрираат здружение на граѓани за обнова на црквата, при што истата година успеваат да го обезбедат поседовниот лист и да издејствуваат изграбата на црквата да влезе во ДУП на Скопје.<ref>Јовчев Спасе. ''„Соборен храм Рождество на Пресвета Богородица во Скопје“'', Скопје, 1997 год., стр.89-90.</ref> Во следните неколку години тие успеаваат со самопридонес да изградат мал храм во близина на темелите на некогашната црква. Во [[2004]] година, познатиот скопскиот бизнисмен и поранешен градоначалник [[Трифун Костовски]] активно се вклучил во обновата на црквата. Благодарение на неговото ангажирање и финансиските средства, изграбдата започнала во [[2005]], а завршила со осветувањето на црквата на празникот [[Св. Атанасиј]], на [[31 јануари]] [[2008]] година.<ref>http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=89175</ref> Црквата е обновена во истиот изглед и [[архитектура]] како што ја имала во минатото.