Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Историја: дополнување, промени во стилот
Ред 38:
Кон крајот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], во [[1944]] година, црквата со своите непроценливо богати исконостас и живопис, била запалена од страна на [[Бугарија|бугарската]] фашистичка окупаторска војска.<ref>Јовчев Спасе. ''„Соборен храм Рождество на Пресвета Богородица во Скопје“'', Скопје, 1997 год., стр.20</ref> [[Комунист|Комунистичката]] власт во тогашна [[СР Македонија]] во рамките на [[СФРЈ]] не започнала обнова на храмот, така што тој бил целосно срушен во скопскиот земјотрес од [[1963]] година.
 
=== Обнова ===
Со стекнувањето на независноста на [[Македонија]], повторно започнуваат иницијативите за обнова на црквата. На почетокот на [[1995]] година, група на главно постари граѓани (пензионери) на Скопје основаат и регистрираат здружение на граѓани за обнова на црквата, при што истата година успеваат да го обезбедат поседовниот лист и да издејствуваат изграбата на црквата да влезе во ДУП на Скопје.<ref>Јовчев Спасе. ''„Соборен храм Рождество на Пресвета Богородица во Скопје“'', Скопје, 1997 год., стр.89-90.</ref> Во следните неколку години тие успеаваат со самопридонес да изградат мал храм во близина на темелите на некогашната црква. Во [[2004]] година, познатиот скопскиот бизнисмен и поранешен градоначалник [[Трифун Костовски]] активно се вклучил во обновата на црквата. Благодарение на неговото ангажирање и финансиските средства, изграбдата започнала во [[2005]], а завршила со осветувањето на црквата на празникот [[Св. Атанасиј]], на [[31 јануари]] [[2008]] година.<ref>http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=89175</ref> Црквата е обновена во истиот изглед и [[архитектура]] како што ја имала во минатото.