Зовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Инфокутија за село во Република Македонија|
| слика=Панорамаиме на селото = Зовиќ.jpg
| опис=Целоснаслика панорамска фотографија = Панорама на селото Зовиќ.jpg
| големина на слика = 300п
| име=Зовиќ
| опис = Целосна панорамска фотографија на селото Зовиќ
| општина =[[ {{грбови|Општина Новаци]]}}
| регион=[[Мариово]]
| регион = {{грбови|Пелагониски регион}}
| популација=31
| популација = 31<ref name="попис">{{нмс|url=http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf|title=Попис на Македонија |date=2002|publisher=Завод за статистика на Македонија|accessdate=30 март 2013}}</ref>
| поштенски број=
| година = 2002
| надморска височина=721
| поштенски број =
| lat_dir=N | lat_deg=41 | lat_min=7 | lat_sec=0
| повикувачки број =
| lon_dir=E | lon_deg=21 | lon_min=42 | lon_sec=47
| надморска височина = 721
| слава= [[Митровден]]
| lat_dir=N | lat_deg=41 | lat_min=707 | lat_sec=0 00
| веб=
| lon_dir=E | lon_deg=21 | lon_min=42 | lon_sec=47
| слава = [[Митровден]]
| веб =
| карта = Novaci Municipality.svg
}}
 
'''Зовиќ''' или '''Зович''', на местен народен говор '''Бзовиќ''' е село во [[Битола|битолскиот]] дел на областа [[Мариово]] во рамки на [[Општина Новаци]] и пошироката околина на градот [[Битола]].
 
== Географија и местоположба ==
 
Ред 21 ⟶ 27:
Селото Зовиќ се наоѓа во средишниот дел на областа [[Мариово]]. Припаѓа на [[Општина Новаци]] и со тоа влегува во рамки на пределот на битолско [[Мариово]]. Сместено е на една карпеста зарамнетост веднаш над самиот лев брег на [[Градешка Река]]. Расположено е на надморска височина од 725 метри помеѓу два ридски гребени на југ и север на чиј врв е изградена малата црквичка [[Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ|Свети Атанасиј]], во подножјето на висорамнината Добро Поле. Иако куќите на селото лежат во благо зарамнетото подножје помеѓу двата ридови, според надморската височина Зовиќ е ридско село. Крај селото веднаш по познатиот [[Зовички мост]], Градешка Река која извира и дотекува од планината [[Ниџе]] навлегува во карпеста клисура од каде кај местноста Еленик се спојува со реката [[Сатока]] која потоа се влева во [[Црна Река]]. Од градот [[Битола]] е одалечено околу 70 километри<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref> во источен правец и е поврзано со колски пат кој се одвојува како крак од асфалтниот пат кој оди преку селата [[Рапеш]] и [[Маково]]. Преку велосипедска и пешачка патека кон север во должина од 11 километри или 3 часа одење пеш минувајќи преку реките Градешка и [[Сатока]], Зович е поврзано со селото [[Манастир (село)|Манастир]] во прилепскиот дел на [[Мариово]]. По оваа патека минуваат големата велосипедска и пешачко-планинарската тура во рамки на фестивалот [[Mariovo Off-Road Experience]]. На средина од самото село има кладенец со многу питка и студена вода, а во селото има повеќе чешми и извори. Во селото има голем број на оревови и сливови дрвја, смокви, дабови, тополи и нискостеблести грмушки. Атарот на селото Зовиќ зафаќа прилично голем простор од 22,3 км² и административно катастарски е разделен на два дела: Зовиќ I и Зовиќ II<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref>. Така, атарот на Зовиќ I се допира до просторот на територијата на [[Општина Прилеп]] на север, а атарот на Зовиќ II во кој е расположен на надморска височина од 680 метри се допира со државната граница со [[Грција]] на југ. На атарот преовладуваат пасиштата на површинаод 1.128,9 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 644,8 ха, а на шумите 257,8 хектари<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref>. Местности и предели во атарот на Зовиќ се: Еленик, Долго Брдо (веднаш на југ од селото), Марита (веднаш на север од селото), Момилот, Булјак, Длабок Дол, Песјо Поле, додека кон Чебрен и Црна се потезите Дункова Стена, Војник, Доќимот Брдо.
 
== ИсториjaИсторија ==
 
Во минатото селото се викало Лениште и се наоѓало на во местност одалечена околу 500 метри од сегашното село. Меѓутоа за време на турското владеење селото било опљачкано и запалено поради што неговите жители биле принудени да се преселат на друго место, околу една чешма која селаните ја викале Бзовиќ и се наоѓала на местото на денешното село при што на тој начин било основано и населено денешното село Зовиќ. Се претпоставува дека ова преместување, односно основањето на сегашното село Зовиќ се случило во XVII век, кога била изградена и малата еднокорабна црква [[Црква „Св. Атансиј“ - Зович|Свети Атансиј]] која се наоѓа на врвот на ридот веднаш над самото дело. На местноста на старото село која е во службените и административни катастарски евиденции е посебно заведена и позната како Зович I, селаните долго време подоцна сѐ уште оделе и обработувале земја, садејќи компир и ја терале стоката на напасување<ref>Според кажување на Миле Скаклевски (р.1931) и Сава Скаклева (р.1933) од селото Зовиќ. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Ѕвонко Петровски на 30.05.2015</ref>. Дека селото Зовиќ постоело во средновековниот период уште кон крајот на 15 век и средината на 16 век сведочат отоманските (турски) пописни и даночни дефтери кои во 1476/77 забележале 18 семејства, во 1481/82 попишале 28 домаќинства, за потоа да бележат пораст на 50 домови во [[1519]] година, 57 домаќинства во 1528/29 и опаѓање на 40 во 1544/45 година. Во својот запис објавен во „Цариградски весник“ под наслов ''„Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание“'' на [[21 ноември]] [[1859]] за селата во [[Мариово]], македонскиот просветител [[Јордан Хаџи Константинов-Џинот]] селото Бзовиќ погрешно го запишал со името ''Взоид'' наведувајќи дека има 65 куќи и стара црква. Во XIX век селото Зовиќ било едно од мариовските села во кое било најголемо влијанието на грчката пропаганда<ref>Башески, Илија. ''Мариово и Меглен - Природни и социо-економски карактеристики''. во: ''Фолклорот и етнологијата на Мариово и Меглен'', Зборник на материјали од научниот собир одржан во Прилеп и Витолиште 24, 25.05.1990. Прилеп, 1994. стр. 55</ref>. Но, додека на делови од оштетениот живопис во малата црква Св. Атанасиј над селото се забележуваат натписи на грчко писмо, во главната селска црква изградена во 1862 година, а по големите оштетувања во [[Прва светска војна|Првата светска војна]] возобновена во 1927, има натписи само на старословенско писмо и книги на црковнословенски јазик. Селото растело по бројот на жители и домаќинства сѐ до шеесетите години на ХХ век, кога започнал бран на иселувања кој придонел за особено забележителен пад на бројот на жители по 1971 година. Во седумдесетите години селото добива и струја, што пак не го спречува процесот на иселување и раселување.
 
Ред 50 ⟶ 57:
=== Цркви и манастири ===
 
* [[Црква „Св. Никола“ - Зовиќ|Црква „Св. Никола“]] - главната селска црква, граденаизградена во 1862 година;
* [[Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ|Црква „Св. Атанасиј“]] - мала еднокорабна средновековна црква на врвот на ридот над селото
* [[Чебренски манастир]] - средновековен манастир составен од 2 цркви „Св. Димитриј“ и „Св. Спас“ веднаш на десниот брег на [[Црна Река]] во некогашното раселено [[Чебрен]], денес во рамки на атарот на Зовиќ.
 
== Редовни настани ==
 
* [[Митровден]] - (08.11.) селска слава на која се одржува голем црковно-народен собор.
* [[Свети Никола|Свети Никола „Летен“ („Талалеј“)]] - на крајот на мај или почеток на јуни. Била стара селска слава и патронен празник на црквата, која според кажување на жителите поради големи трошоци и расипување на храната била заменета со Митровден, но сепак сѐ до денес останало обичај празникот да се прославува со колење на јагне и делење на ручек во селската црква<ref>Според кажување на Миле Скаклевски (р.1931) и Сава Скаклева (р.1933) од селото Зовиќ. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Ѕвонко Петровски на 30.05.2015</ref>.
* [[Свети Атанасиј|Свети Атанасиј (Летен)]] - во првата половина на месец мај се празнува со собор во малата црквичка посветена на Свети Атанасиј на врвот на ридот над селото.
* [[Зовичка средба]] - средба на сите сегашни и некогашни иселени жители и нивните потомци со културно-забавна програма која вообичаено се одржува во месецот мај во склоп на прославата на празниците Свети Атанасиј или Свети Никола.
* [[Mariovo Off-Road Experience]] - секоја година на крајот од месец мај, големата велосипедска и планинарско-пешачката тура од фестивалот минуваат и го посетуваат селото Зовиќ.
 
== Култура и спорт ==
 
Недопрената природа на селото Зовиќ која изобилува со прекрасни глетки придонесува тоа да е познато во културата и спортот во [[Македонија]] и пошироко. Во однос на културата во селото Зовиќ на познатиот [[Зовички мост]] се снимани сцени од играниот филм [[Прашина (филм)|Прашина]] на најпознатиот македонски режисер [[Милчо Манчевски]], додека во однос на спортот во рамки на фестивалот [[Mariovo Off-Road Experience]] селото Зовиќ се посетува од велосипедистите и планинарите.
 
== Иселеништво ==
 
Во подамнешното минато иселеници од Зовиќ се забележани во блиските села [[Старавина]] и [[Градешница]]. Во поново време во втората половина на ХХ век, жителите на Зовиќ најмногу се иселиле во [[Битола]], [[Скопје]], помал број и во [[Прилеп]], а значаен дел и во прекуокеанските земји во [[Австралија]] и [[САД]].
<!-- == Личности ==
 
== Општествени институции ==
 
<!-- == Личности ==
== Општествени институцииустанови ==
== Администрација и политика ==
-->
 
== Галерија ==
 
<gallery>
Податотека:Куќа во Зовиќ.jpg|Куќа во Зовиќ
Податотека:Поглед на дел од селото Зовиќ (1).jpg|Поглед на дел од селото
Податотека:Поглед на дел од селото Зовиќ (2).jpg|Поглед на дел од селото
Податотека:Поглед на дел од селото Зовиќ (3).jpg|Поглед на дел од селото
Податотека:Поглед на дел од селото Зовиќ.jpg|Поглед на дел од селото
Податотека:Старото училиште во Зовиќ.jpg|Старото основно училиште во селото
Податотека:Поглед на црквата во Зовиќ.jpg|Поглед на главната селска црква „Св. Никола“
</gallery>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
{{Ризница-ред|Zoviḱ}}
* [http://itarpejo.org/index.php?option=com_content&view=article&id=100%3Azovik-photo-gallery&catid=1%3Agradesnica&Itemid=3&lang=mk/ Село Зовиќ, Мариово]
 
{{Населени места во Општина Новаци}}
 
[[Категорија:Зовиќ| ]]
[[Категорија:Села во Македонија]]
[[Категорија:Битолски села]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зовиќ