Зовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
 
[[Податотека:Панорама на Зовиќ (1).jpg|мини|лево|Панорама на дел од селото]]
[[Податотека:КамениотПоглед мостна воЗовички Зовиќмост.jpg|мини|лево|Зовичкиот мостПоглед на [[ГрадешкаЗовичкиот Река]]мост]]
 
Селото Зовиќ се наоѓа во средишниот дел на областа [[Мариово]]. Припаѓа на [[Општина Новаци]] и со тоа влегува во рамки на пределот на битолско [[Мариово]]. Сместено е на една карпеста зарамнетост веднаш над самиот лев брег на [[Градешка Река]]. Расположено е на надморска височина од 725 метри помеѓу два ридски гребени на југ и север на чиј врв е изградена малата црквичка [[Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ|Свети Атанасиј]], во подножјето на висорамнината Добро Поле. Иако куќите на селото лежат во благо зарамнетото подножје помеѓу двата ридови, според надморската височина Зовиќ е ридско село. Крај селото веднаш по познатиот [[Зовички мост]], Градешка Река која извира и дотекува од планината [[Ниџе]] навлегува во карпеста клисура од каде кај местноста Еленик се спојува со реката [[Сатока]] која потоа се влева во [[Црна Река]]. Од градот [[Битола]] е одалечено околу 70 километри<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref> во источен правец и е поврзано со колски пат кој се одвојува како крак од асфалтниот пат кој оди преку селата [[Рапеш]] и [[Маково]]. Преку велосипедска и пешачка патека кон север во должина од 11 километри или 3 часа одење пеш минувајќи преку реките Градешка и [[Сатока]], Зович е поврзано со селото [[Манастир (село)|Манастир]] во прилепскиот дел на [[Мариово]]. По оваа патека минуваат големата велосипедска и пешачко-планинарската тура во рамки на фестивалот [[Mariovo Off-Road Experience]]. На средина од самото село има кладенец со многу питка и студена вода, а во селото има повеќе чешми и извори. Во селото има голем број на оревови и сливови дрвја, смокви, дабови, тополи и нискостеблести грмушки. Атарот на селото Зовиќ зафаќа прилично голем простор од 22,3 км² и административно катастарски е разделен на два дела: Зовиќ I и Зовиќ II<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref>. Така, атарот на Зовиќ I се допира до просторот на територијата на [[Општина Прилеп]] на север, а атарот на Зовиќ II во кој е расположен на надморска височина од 680 метри се допира со државната граница со [[Грција]] на југ. На атарот преовладуваат пасиштата на површинаод 1.128,9 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 644,8 ха, а на шумите 257,8 хектари<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref>. Местности и предели во атарот на Зовиќ се: Еленик, Долго Брдо (веднаш на југ од селото), Марита (веднаш на север од селото), Момилот, Булјак, Длабок Дол, Песјо Поле, додека кон Чебрен и Црна се потезите Дункова Стена, Војник, Доќимот Брдо.
Ред 23:
== Историja ==
Во минатото селото се викало Лениште и се наоѓало на во местност одалечена околу 500 метри од сегашното село. Меѓутоа за време на турското владеење селото било опљачкано и запалено поради што неговите жители биле принудени да се преселат на друго место, околу една чешма која селаните ја викале Бзовиќ и се наоѓала на местото на денешното село при што на тој начин било основано и населено денешното село Зовиќ. Се претпоставува дека ова преместување, односно основањето на сегашното село Зовиќ се случило во XVII век, кога била изградена и малата еднокорабна црква [[Црква „Св. Атансиј“ - Зович|Свети Атансиј]] која се наоѓа на врвот на ридот веднаш над самото дело. На местноста на старото село која е во службените и административни катастарски евиденции е посебно заведена и позната како Зович I, селаните долго време подоцна сѐ уште оделе и обработувале земја, садејќи компир и ја терале стоката на напасување<ref>Според кажување на Миле Скаклевски (р.1931) и Сава Скаклева (р.1933) од селото Зовиќ. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Ѕвонко Петровски на 30.05.2015</ref>. Дека селото Зовиќ постоело во средновековниот период уште кон крајот на 15 век и средината на 16 век сведочат отоманските (турски) пописни и даночни дефтери кои во 1476/77 забележале 18 семејства, во 1481/82 попишале 28 домаќинства, за потоа да бележат пораст на 50 домови во [[1519]] година, 57 домаќинства во 1528/29 и опаѓање на 40 во 1544/45 година. Во својот запис објавен во „Цариградски весник“ под наслов ''„Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание“'' на [[21 ноември]] [[1859]] за селата во [[Мариово]], македонскиот просветител [[Јордан Хаџи Константинов-Џинот]] селото Бзовиќ погрешно го запишал со името ''Взоид'' наведувајќи дека има 65 куќи и стара црква. Во XIX век селото Зовиќ било едно од мариовските села во кое било најголемо влијанието на грчката пропаганда<ref>Башески, Илија. ''Мариово и Меглен - Природни и социо-економски карактеристики''. во: ''Фолклорот и етнологијата на Мариово и Меглен'', Зборник на материјали од научниот собир одржан во Прилеп и Витолиште 24, 25.05.1990. Прилеп, 1994. стр. 55</ref>. Но, додека на делови од оштетениот живопис во малата црква Св. Атанасиј над селото се забележуваат натписи на грчко писмо, во главната селска црква изградена во 1862 година, а по големите оштетувања во [[Прва светска војна|Првата светска војна]] возобновена во 1927, има натписи само на старословенско писмо и книги на црковнословенски јазик. Селото растело по бројот на жители и домаќинства сѐ до шеесетите години на ХХ век, кога започнал бран на иселувања кој придонел за особено забележителен пад на бројот на жители по 1971 година. Во седумдесетите години селото добива и струја, што пак не го спречува процесот на иселување и раселување.
 
=== Потекло и значење на името ===
 
Иако во службената и административна употреба селото е заведено и познато како Зовиќ или Зович, мештаните кои што живеат во него го нарекуваат ''' ''Бзовиќ'' '''. Како ''' ''Бзоик'' ''' селото е запишано односно исклесано на плочата во селската црква [[Црква „Св. Никола“ - Зовиќ|„Св. Никола“]] каде на старословенско писмо се запишани податоците за нејзината изградба од [[30 октомври]] [[1862]] година. Името на селото е добиено најверојатно по името на една чешма (извор) која се наоѓала во денешно Зовиќ, а која селаните на тогашното старо село Лениште ја викале ''Бзовиќ'' поради тоа што околу неа имало многу ''боз''. Грмушки од растението ''бозел'' и денес се наоѓаат во самото село и пошироко на атарот на Зовиќ. Оттаму, од името на растението ''боз'' или ''бозел'' доаѓа основата на името на селото (Б)зовиќ.
 
== Стопанство ==
 
Според составот на селскиот атар Зовиќ има поледелско-сточарска функција<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref>. Малубројното преостанато постојано население, како и дел од иселениците и некогашни жители кои ги посетуваат своите имоти, се занимаваат со земјоделство односно со градинарство исклучиво за задоволување на сопствени потреби. Од градинарството најмногу се одгледуваат краставици, кромид, марули, лук, домати (патлиџани). Поради тоа што обработливата земја во градините е многу тенок слој на почва црница и лежи врз карпи краставиците и другите плодови иако се со помала големина се одликуваат со многу убав и специфичен вкус. Во самото село и непосредната околина на повеќе ниви се одгледува и компир, а во помала мерка и жито, најмногу пченица и 'рж. Од сточарството најзастапено е одгледувањето на овци и крупен добиток како крави и телиња во помал број, од чие млеко се прави познатото мариовско биено сирење, кое самите [[Мариовци]] го нарекуваат „тепано“. Од сточарството во помала мерка се одгледуваат и кози. На самиот влез на селото по колскиот пат од јужната страна има сточарска фарма, а на атарот на селото постојат и повеќе бачила од кои само неколку активно се користат и работат. Сите куќи одгледуваат и доста живина односно кокошки и мисирки. Во селото има голем број на оревови дрвја кои раѓаат многу јадри и благи ореви. Од неодамна на сретселото во Зович постои и „етно-куќа“ која е отворена за посетителите, а во иднина може да развива поголема угостителска дејност.
 
== Население ==
 
Според пописот од 2002, селото брои 31 жител, сите [[Македонци]].
 
Селото Зовиќ од секогаш било населено исклучиво со [[Македонци]], а од шеесетите години на ХХ век бележи постојан пад на бројот на населението при што се наоѓа во состојба на раселување. Во 1953 година селото броело 356 жители, а во 1961 година пораснало на 388 жители со што било средно по големина<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref>. Веќе во 1994 година бројот на жители се намалил дури на 54<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref>, а во 2002 на 31 жител. Моментално во селото постојано живеат 7 домаќинства со 20ина жители. Голем број на поранешни иселени жители и нивни потомци сѐ уште поседуваат и ги посетуваат своите куќи, од кои дел се обновени, а дел ги обработуваат и своите имоти. За време на летниот период, селските празници и одржувањето на Зовичката средба во селото има и до стотина луѓе.
 
=== Родови ===
 
Во селото Зовиќ од секогаш па сѐ до денес живееле исклучиво [[Македонци]] од [[Православие|православна христијанска]] вероисповед. Скоро сите родови во селото се старинечки односно староседелски преселени од старото село Лениште или Зович. Можно е некои од селските родовите да потекнуваат и од блиското одамна раселено село [[Чебрен]]. Преостанатите жители кои денес живеат во Зовиќ припаѓаат на следните македонски родови: ''Скаклевци'' кои се староседелци дојдени од старото село Лениште или Зович I како деленици од 3 браќа дамнешни прадедовци<ref>Според кажување на Миле Скаклевски (р.1931) и Сава Скаклева (р.1933) од селото Зовиќ. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Ѕвонко Петровски на 30.05.2015</ref>. Староседелци и најверојатно нивни деленици се и родот ''Секилковци'' чиј предок дедо Богдан е насликан како еден од ктиторите на селската црква. Исто така старинци се и родот ''Ангелевци'' чиј предок дедо Анѓеле е исто така насликан во селската црква како ктитор. Останати македонски родови во Зович се ''Недановски'', ''Каровци''<ref>Според кажување на Миле Скаклевски (р.1931) и Сава Скаклева (р.1933) од селото Зовиќ. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Ѕвонко Петровски на 30.05.2015</ref>, ''Кулевски'' кои можно е да припаѓаат или да се во подалечна роднинска врска со познатиот мариовски македонски род Кулевци од блиското мариовско село [[Крушевица (Прилепско)|Крушевица]] преку [[Црна Река]] од кои потекнува познатиот војвода [[Толе Паша]]. Поради непосредната близина брачни врски најчесто се склопувале со девојки од селата [[Чаниште]], [[Манастир (село)|Манастир]], [[Старавина]], [[Градешница]].
 
== Културни и природни знаменитости ==
 
[[Податотека:Old bridge in Zovik with sheep.jpg|мини|десно|[[Камен мост (Зовиќ)|Камениот мост]] во Зовиќ]]
[[Податотека:Камениот мост во Зовиќ.jpg|мини|лево|Зовичкиот мост на [[Градешка Река]]]]
*[[Зовички мост]] - познатиот лачен камен мост преку [[Градешка Река]] на кој се снимени сцени од играниот филм [[Прашина (филм)|Прашина]] на познатиот македонски режисер [[Милчо Манчевски]], кој бил воодушевен од глетката. Мостот е изграден во 1955/56, на местото на стариот дрвен мост, кој се преполовил под товарот на некој мештанин, селанец кој водел претоварена воловска кола. Веднаш потоа е изграден новиот постоечки мост од мајсторот Џуладин од [[Струга]]. Во непосредна близина на мостот на една висока карпа е насликана фреска од светецот Свети Ѓорѓи, која е остаток од пештерното црквиче кое постоело таму, а веднаш до него постои и возобновена воденица. Преку мостот секоја година поминуваат големата велосипедска и планинарската пешачка тура во рамки на фестивалот [[Mariovo Off-Road Experience]].
 
=== Цркви и манастири ===
* [[Зовички мост]] - познатиот лачен камен мост преку [[Градешка Река]] на кој се снимени сцени од играниот филм [[Прашина (филм)|Прашина]] на познатиот македонски режисер [[Милчо Манчевски]], кој бил воодушевен од глетката. Мостот е изграден во 1955/56, на местото на стариот дрвен мост, кој се преполовил под товарот на некој мештанин, селанец кој водел претоварена воловска кола. Веднаш потоа е изграден новиот постоечки мост од мајсторот Џуладин од [[Струга]]. Во непосредна близина на мостот на една висока карпа е насликана фреска од светецот Свети Ѓорѓи, која е остаток од пештерното црквиче кое постоело таму, а веднаш до него постои и возобновена воденица. Преку мостот секоја година поминуваат големата велосипедска и планинарската пешачка тура во рамки на фестивалот [[Mariovo Off-Road Experience]].
 
=== Цркви и манастири ===
 
*[[Црква „Св. Никола“ - Зовиќ|Црква „Св. Никола“]] - главната селска црква, градена во 1862 година;
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зовиќ