Михаил VIII Палеолог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
печатни и граматички исправки
Ред 24:
|}}
 
'''Михаил VIII Палеолог''' ([[грчки јазик|грчки]]: Μιχαὴλ Η΄ Παλαιολόγος, 1223 - декември 1205) бил [[Никејско царство|никејски]] и [[Источно римско царство|византиски]] [[Византиски цареви|император]] од династијата [[Династија Палеолози|Палеолози]], кој владеел од 1259 до 1282 година. Михаил VIII бил основач на неговата династија која го владеела Источното римско царство сесè до [[Пад на Цариград (1453)|падот]] на [[Цариград]] во 1453 година. Тој го повратил Цариград од [[Латинско царство|Латинското царство]] во 1261 година и го претворил Никејското царство во обновеното Источно римско царство.
 
==Потекло и претходен живот==
Михал Палеолог припаѓал на многу угледно благородничко семејство, меѓу своите предци имал членови на старите царски династии и бил оженет со роднината на [[Јован III Дука Ватац|Јован Ватац]], Теодора. Како истакнат војсководец, тој бил омилен во војската и особено ги уживал симпатиите на наемничките латински трупи. Михаил умеел да ги придобие луѓето за себе и имал приврзаници во сите кругови, па и кај влијателниот клер. На тој начин тој бил поставен за голем дукс со титула на деспот.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 539.</ref>
 
==Преземање на регентството и царската власт==
Кога [[Теодор II Ласкарис|Теодор]], во [[август]] [[1258]]г. година, во својата триесет и седмаседмата година од животот, иѝ се предал на својата тешка болест, царската круна му припаднала на неговиот седумгодишен син [[Јован IV Ласкарис|Јован IV]]. За регент Теодор го одредил својот пријател Георгиј Музалон, не обрнувајќи внимание на омразата која што кон него ја имало [[Ромеи|византиското]] благородништво. Оваа омраза не можела да ја заузда заклетвата која византиските болјари, со Михаил Палеолог на чело, му ја положиле на царот, а потоа и на самиот Музалон. При поменот, деветтиот ден по смртта на царот, Георгиј Музалон и неговиот брат во самата [[црква]] биле нападнати и убиени. Регентството му било доверено на Михаил Палеолог, најистакнатиот претставник на византиската аристократија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 539.</ref> Потоа во [[декември]] 1258г. или во [[јануари]] [[1259]]г. бил прогласен за совладетел со младиот Јован IV Ласкарис и крунисан со царска круна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 539-540.</ref>
 
==Владеење==
===Сојузот против Никеја===
Молскавичното издигнување на Михаил VIII Палеолог се објаснува не само со неговата ретка умешност туку и со новите надворешно-политички заплети кои барале брзо средување на приликите и создавање моќна власт во [[Никејско царство|Никеја]]. За разлика од [[Фридрих II Барбароса|Фридрих II]], неговиот син, [[Кралство Сицилија|сицилијанскиот]] крал [[Манфред (Кралство Сицилија)|Манфред]], бил непријател на Никејското царство. Наглиот пораст на моќта на ромејската држава, која од средината на векот со големи чекори се приближувала кон реставрација, го вратил Манфред на линијата на антивизантиската политика на [[Хенрик VI (Свето римско царство)|Хенрик VI]] и на [[Нормани|норманските]] кралеви на [[Сицилија]]. Веќе во [[1258]]г. тој го зазел [[Крф]] и најважните градови на [[Епир|епирскиот]] брег. На никејскиот цар му го одзел неодамна освоениот [[Драч]], а на [[Епирско деспотство|епирскиот]] деспот - [[Валона]] и [[Бутринт]]о. Бидејќи Манфред се оженил со ќерката на деспотот [[Михаил II Комнин Дука|Михаил II]], тој формално му ги отстапил окупираните градови како мираз и со него склучил сојуз против Никејското царство. На овој сојуз му се приклучил и [[Ахајско кнежество|ахајскиот]] кнез [[Вилием II Вилардуен]], којшто, исто така, станал зет на епирскиот деспот. Ахајскиот кнез бил најмоќниот владетел во франкска [[Грција (регион)|Грција]]. Соседното [[Атинско војводство]] и [[Евбејско господство|Евбеја]] го признавале неговиот суверенитет. На тој начин се создала силна коалиција којашто се заканувала во последниот момент да ја спречи реставрацијата на [[Источно римско царство|Византиското царство]]. Сепаратистичките сили на соперничките ромејски држави во Епир и латинските сили во Грција се обединиле со сицилијанскиот крал против Никеја. На страната на тројниот сојуз застанал и [[Кралство Србија (Среден век)|српскиот]] крал [[Стефан Урош I|Урош I]]. Неговата војска во 1258г. ги зазела [[Скопје]], [[Прилеп]] и [[Кичево]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 540-541.</ref>
 
Војната против тројниот сојуз била првата голема задача во политичката кариера на Михаил Палеолог. Оваа задача тој блескаво ја извршил совладувајќи го бројно надмоќниот непријател. Неговиот брат, севастократорот Јован Палеолог, против коалицијата повел засилена војска со моќни [[Кумански|кумански]] и [[Селџуци|селџучки]] контингенти. Во [[есен]]та [[1259]]г. во [[Пелагонија|пелагониската рамница]] дошло до одлучувачката [[Битка на Пелагонија|битка]] во која Византијците катастрофално ја поразиле шарената војска на сојузниците. Четиристотините коњаници што ги испратил кралот Манфред, останале на бојното поле, а и самиот Вилием Вилардуен паднал во заробеништво. Најтешко страдал Епирскиот деспотат. Царската војска навлегла во Епир и го зазела градот [[Арта]]. Само благодарение на новата помош од Сицилија, Епир можел овој удар уште еднаш да се закрепне. И Србите ги напуштиле градовите што ги зазеле пред една година.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 541-542.</ref>
 
===Односот со италијанските градови-држави===
Сега веќе немало ниту една сила на копно што би можела да ја спречи реставрацијата на [[Источно римско царство|Византиското царство]]. Сериозни пречки единствено можеле да се очекуваат од [[Венецијанска република|Венецијанската република]], вистинскиот творедтворец на [[Латинско царство|Латинското царство]] во [[Цариград]] и главниот корисник на ситуацијата што настанала по [[1204]]г. За да се обезбеди и од таа страна, Михаил VIII стапил во допир со [[Република Џенова|Џеновјаните]], соперниците на Венецијанците. На [[13 март]] [[1261]]г. во [[Нимфеја]] а бил склучен, познатиот договор, којшто ја засновал моќта на Џенова на Исток, како што договорот од [[1282]]г. ги поставил темелите на венецијанската моќ. Џенова се обврзала да му даде воена помош на царот против Венецијанците и за тоа добила многу широки привилегии, била ослободена од сите царини и давачки на територијата на Царството и требало да добие пристап во сите поважни византиски пристаништа, а по реставрацијата и во самиот Цариград. Со еден збор, Џенова си ја обезбедила трговската надмоќ на Исток што од крајот на [[XI век]] ја уживала ја уживала Венецијанската република. Всушност, Византија станала заробеник на двете [[Италија|италијански]] републики кои сесè повеќе ја потиснувале нејзината поморска моќ и трговија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 542.</ref>
 
===Освојувањето на Цариград===
Оној големГолемиот настан за кој повеќе од половина век [[Ромеи|Византијците]] и којшто најопфатно бил подготвуван и војнички и дипломатски, дошол речиси случајно. Во [[лето]]то [[1261]]г. царскиот војсководец Алексиј Стратигопул бил испратен со мала војска на [[Второ бугарско царство|бугарската]] граница. При преминот на [[Тракија]] тој дознал дека [[Цариград]] бил оставен речиси без заштита. Уште траело примирјето, склучено во [[август]] [[1260]]г., а [[Венецијанска република|венецијанската]] флота со поголем дел од [[Латинско царство|латинската]] тргнала во една експедиција на [[Црно Море]]. Без долго премислување, Стратигопул го нападнал незаштитениот град и во зората на [[25 јули]] 1261г. продрел во него речиси без борба. Царот [[Балдвин II (Латинско царство)|Балдвин II]] за да се спаси, се вдал во бегство. Латинското царство во Цариград престанало да постои.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 542-543.</ref>
 
На [[15 август]] царот Михаил VIII свечено влегол во градот на [[Константин Велики]]. Во времето на латинското владеење Цариград загубил многу од својот некогашен блесок и богатство. По варварскиот грабеж од [[1204]]г. почнало систематското одвлекување на [[Источно римско царство|византиското]] богатство. Наоѓајќи се во голема сиромаштија, постојано загрозувана од надвор, латинската влада извезувала скапоцени предмети во западните земји за да ја обезбеди благонаклонетоста на западните сили. [[Црква|Црквите]] го загубиле својот украс, своите реликвии и икони. [[Влахерна (палата)|Влахернскиот дворец]] бил запуштен. Но, сега големо било одушевувањето на Цариграѓаните. Дочекот на царот во ослободениот град се претворил во голем народен и верски празник. Народот и свештенството му излегле во пресрет, носејќи ја иконата на [[Богородица Марија|Богородица]] Ходигитрија, која се сметала за дело на евангелистот [[Апостол Лука (Евангелист)|Лука]]. Пеш, „повеќе како [[Христијани|христијанин]] отколку како цар“, Михаил VIII тргнал во свечената поворка во [[Студитски манастир|Студитскиот манастир]], а потоа следен со одушевено скандирање на народот влегол во [[Света Софија - Истанбул|Света Софија]]. Тука, во најголемиот и најславен византиски храм, во кого биле крунисани старите византиски цареви, [[Вселенски патријарх|патријархот]] во [[септември]] истата година го крунисал Михаил VIII и неговата сопруга Теодора со старата царска круна. [[Андроник II Палеолог|Андроник]], тригодишниот син на царот, како престолонаследник, бил прогласен за [[василевс]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 543-544.</ref>
 
Легитимниот цар [[Јован IV Ласкарис]] во сите тие свечености немал никаков удел, а нешто подоцна на несреќното момче му ги ископале очите. Како што [[Андроник I Комнин|Андроник Комнин]] го отстранил од патот [[Алексиј II Комнин|синот]] на [[Мануил I Комнин|Мануил]], така сега Михаил Палеолог го отстранил последниот потомок на [[Династија Ласкарис|Ласкарис]], кршејќи ги сите свечени заклетви и сите ветувања. Но, додека Андроник и самиот доживеал ужасен крај, вештиот Палеолог успеал да заснова моќно владеење и да го постави темелот на династијата којашто со Византија ќе владее сесè до нејзиниот последен час.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 544.</ref>
 
===Општата ситуација по обновувањето на Царството===
Превласта на југоисток [[Никејско царство|Византијците]] ја здобиле уште во времето на [[Јован III Дука Ватац|Јован Ватац]], но по заземањето на [[Цариград]], [[Источно римско царство|Византија]] одново станала голема сила во вистинска смисла, иако, се разбира, враќањето на Цариград било само последица на политичките и воени успеси во претходните децении. Пленот на [[Ромеи|Византијците]] им паднал како зрела круша. сепакСепак, со повторното освојување на престолнината на [[Босфор]]от положбата на Царството во светот се изменила од темел. Византија, пак, силно влијаела врз светската политика и претставувала еден од фокусите на политичките збиднувањезбиднувања на [[Медитеран]]от.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 544-545.</ref>
 
Меѓутоа, воспоставувањето на опзицијатапозиција на голема сила со себе донеслодонело и многу тешкотии и опасности. Одржувањето на оваа позиција барало и повеќе средства и сили отколку што Византија тогаш имала. Расходите се зголемувале, била потребна поголема војска и поголема флота. Обновувањето на разурнатата и запуштена престолнина барало огромни трошоци и како голем товар паѓало врз провинциите на Царството. Меѓутоа, веќе кон крајот на [[XII век]] се покажало дека Византија не била во состојба да се одржи како голема сила. Потиснати во [[Мала Азија]], Византијците создале нова држава, поцврста и постабилна отколку старото Византиско царство. Но, оваа провинциска држава во нивните очи имала само минлива вредност и им служела само како средство за реставрација на старото Царство. Така, и така во јуначките борби, со најголеми напори и жртви, била воспоставена позицијата којашто еднаш веќе се покажала како неодржлива.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 545.</ref>
 
Периодот на латинското владеење, оставил длабоки траги. Во организмот на државата останале рани коишто обновата на нејзиниот центар не можела да ги излечи. Реокупираниот Цариград доликувал на голема глава на изнемоштено и од секаде начнато тело. Во византиските води господареле [[Италија|италијанските]] републики, нивните колонии билбиле расфрлени по целото Царство, нив им припаѓале и повеќето острови во источниот дел на Средоземното Море. [[Грција (регион)|Грција]], исто така останала под власта на Латините, а и [[Епирско деспотство|Епирскиот деспотат]], иако бил под ромејска власт, заедно со [[Тесалија]] го избегнал обединувањето и упорно го задржувал непријателскиот став спрема Византиското царство. Значителен дел [[Балкан|Полуостровот]] држеле [[Второ бугарско царство|Бугарите]] и [[Кралство Србија (Среден век)|Србите]] проширувајќи се на сметка на Византија. Навистина, ниедна од овие сили не била во состојба да преземе поголема акција против ВизантијамВизантија, но сите тие биле подготвени да му се придружат на секој антивизантиски потфат којшто би дошол од Запад. Обновеното Византиско царство на Запад омалоимало многу непријатели и секој час можело да се очекува напад. Сојузот на антивизантиските сили на Запад и на Балканот би го довел во прашање и самиот опстанок на Византиското царство. Оваа опасност можела да се изебегне само со вешто дипломатско маневрирање. За среќа, вештината на маневрирање на Михаил била ненадминлива.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 545-546.</ref>
 
===Кралство Сицилија===
Средиштето на агресивните планови против [[Источно римско царство|Византија]] била [[Сицилија]], и поради тоа односите со [[Кралство Сицилија|Сицилијанското кралство]] го чинеле јазолот на политиката на Михаил во текот на целото негово владеење. Меѓутоа, освојувачките планови на Сицилија можеле да станат ефикасни само со поддршка на [[папа]]та и затоа Михаил VIII пред сесè настојувал да ја спречи спогодбата на Сицилијанското кралство со [[Папска држава|Рим]]. Додека со Сицилија владеел [[Манфред (Кралство Сицилија)|Манфред]] тоа не било тешко. Навистина, во почетокот Рим зазелзавзел остар непријателски став спрема обновувањето на Византиското царство. Папството не се мирело лесно со тоа што [[Цариград]] бил загубен за римската црква и што [[Латинско царство|Латинското царство]] го заменило шизматичкото "Грчко„Грчко царство"царство“. Папата [[Папа Урбан IV|Урбан IV]] ([[1261]]г.-[[1264]]г.) ги подржувал Латините во [[Грција (регион)|Грција]] во борбата против Византија и дури ставил анатема на [[Република Џенова|Џеновјаните]] коишто не сакале да се откажат од сојузот со византискиот цар. Но на патот на соработката на папството со Манфред стоело старото римско нерасположение спрема [[Штауфовци|Штауфовците]]. Урбан IV не само што не ги поддржувал освојувачките планови на Манфред, туку и дејствувал кон тоа да се докрајчи владеењето на Штауфовците во јужна [[Италија]], нудејќи му ја сицилијанската круна на [[Карло Анжујски]], братот на [[Кралство Франција|францускиот]] крал. Со вешто искористување на антагонизмот меѓу римската црква и Штауфовците, Михаил VIII успеал да иѝ се приближи на римската курија, а со ветувањата за унија и да предизвика пресврт кај папата.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 545-546.</ref>
 
===Ахајското кнежевство===
Спрема франкска [[Грција (регион)|Грција]], Михаил VIII на почетокот бил во исклучително поволна позиција бидејќи од времето на [[Битка на Пелагонија|пелагониската битка]], [[Вилием II Вилардуен]] бил негов заробеник. Царот нему можел да му ги диктира своите услови пред да му допушти, кон крајот на [[1261]]г., да се врати на својот престол во [[Ахајско кнежевство|Ахаја]]. Вилием II му дал вазална заклетва на [[Источно римско царство|византискиот]] цар, ја добил титулата голем доместик и морал да иѝ отстапи на Византија редица значајни утврдувања на [[Пелопонез]]: [[Менемвасија]], [[Мистра]], [[Маина]] и [[Хиеракион]]. Но Вилардуен не му останал долго време верен на својот сизерен. Папата, бидејќи тогаш мразот сесè уште не бил скршен, го ослободил од положената заклетва. Силна поддршка тој добил и од [[Венецијанска република|Венецијанската република]], моќниот противник на обновеното Византиско царство, чиишто интереси тешко биле погодени со пропаѓањето на [[Латинско царство|Латинското царство]] и зближувањето на Византија со [[Република Џенова|Џенова]]. Избувнала војна и Михаил VIII на Пелопонез испратил, под заповедништво на својот брат, севастократорот Константин, силна војска со помошни одреди од 5,0005000 [[Селџуци|селџучки]] наемници и почнала брзата и победоносна византиска офанзива. Истовремено византиско-џеновјанската флота ги нападналнападнала [[Егејско Море|егејските]] острови.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 547.</ref>
 
===Бугарија и Епир===
Ред 65:
 
===Договорите со Венеција и Џенова===
Борбите во јужна [[Грција (регион)|Грција]], по убавите успеси во почетокот, завлегле во неповолен пресврт. Војната се растегнала, пари снемало , па [[Селџуци|турските]] помошни трупи, не добивајќи редовно плата, преминале на страната на [[Кнежевство Ахаја|Латините]]. [[Источно римско царство|Византијците]] коишто продреле во внатрешноста на [[Пелопонез]], во [[1264]]г. кај [[Битка кај Макри-Плаги|Макри-Плаги]] претрпеле тежок пораз и почнале да се повлекуваат. Поразени биле и византиските [[Република Џенова|сојузници]] на море. Во [[пролет]]та [[1263]]г. [[Венецијанска република|Венецијанците]] ја разбиле џеновјанската флота кај [[Битка кај Сетепоција|Сетепоција]] во [[Неаполски Залив|Неаполскиот Залив]]. Тоа го поттикнало Михаил VIII да го промени својот став спрема [[Италија|италијанските]] поморски републики. Тој им го откажал сојузот на Џеновјаните, кој иако сврзан со големи материјални жртви, не ги довел очекуваните полезности, ги вратил џеновјанските бродови и стапил во преговори со надмоќната Венецијанска република. Во [[јуни]] [[1265]]г. бил изработен текстот на договорот, според кого Венецијанците ги добиле сите свои поранешни, а и некои нови привилегии во Византиското царство. Прекинот со Џенова, меѓутоа, бил само привремен. Бидејќи опасноста од Запад се зголемувала и бидејќи Венецијанците оддолжувале со ратификацијата на договорот., Михаил VIII одново иѝ подал рака на Џенова. Џеновјаните, кои во меѓувреме во борбата со Венецијанците претрпеле нов пораз ([[1266]]г.), со задоволство ја прифатиле понудата. Тие одново добиле право на слободна трговија во Византија, а освен тоа им било дадено и право да се населуваат во [[Галата]], цариградско предградие на [[Златен Рог|Златниот Рог]] ([[1267]]г.). Тука тие останале сесè до [[Отоманска империја|турското]] доба и наскоро Галата се претворила во богато џеновско трговско пристаниште. Враќањето на Џеновјаните во Византија го означила и крајот на колебањата на Венеција. На [[4 април]] [[1268]]г. византиско-венецијанскиот договор бил ратификуван, иако клаузулата за протерувањетопротерување на Џеновјаните сега отпаднала. Меѓутоа, карактеристично било тоа што договорот бил потпишан само на пет години. Венецијанците вовеле нов систем на краткорочни договори. Сепак, во споредба со дотогашната политика, која едноставно ја врзувала Византија или за Венецијанците или за Џеновјаните и неминовно ја доведувала во судир или со едната или со другата италијанска република, истовремената спогодба со двата града имала значајни предимствапредности, бидејќи ја намалила опасноста од сојуз на венецијанската или џеновската флота со западните антивизантиски сили, а на царот му овозможила да го искористува соперништвото на италијанските поморски републики.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 548-549.</ref>
 
===Новиот противник на Запад===
Во меѓувреме, на Запад се одиграле важни настани. Грофот од [[Прованса]] - [[Карло Анжујски]] на повик од [[папа]]та дошол во [[Италија]] и го совладал кралот [[Манфред (Кралство Сицилија)|Манфред]], којшто на [[26 февруари]] [[1266]]г. загинал кај [[Битка кај Беневент|битката]] кај [[Беневент]]. Новиот крал на [[Кралство Сицилија|Сицилија и Неапол]] за [[Источно римско царство|Византија]] бил многу поопасен противник од Манфред. Манфред му бил непријател на папата, а Карло Анжујски бил негов миленик и се јавила сериозна опасност дека сега антивизантиските планови ќе наидат на поддршка во [[Папска држава|Рим]]. Навистина Карло Анжујски на [[27 мај]] [[1267]]г. во [[Витербо]], во присутство на папата, со бившиот [[Латинско царство|латински]] цар [[Балдвин II (Латинско царство)|Балдвин II]] склучил договор за пријателство и повторна поделба на Византиското царство. Бракот меѓу Беатриче, ќерката на Карло и Балдвиниот син Филип требало да го зацврсти новопоставеното пријателство.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 549.</ref>
 
На тој начин Карло Анжујски, штом станал господар на Сицилија, отворено истапил со агресивните намери против Византија. Наскоро тој и активно се замешал во приликите во [[Грција (регион)|Грција]], си ги осигурал за себе поседите на Манфред во [[Епир]] и стапил во врска со [[Вилием II Вилардуен]]. [[Ахајско кнежество|Ахајскиот]] кнез, чиишто сили биле исцрпени во борбата против Византијците и којшто се чувстувал загрозен поради омразата на своите [[Грци|грчки]] поданици, се фрлил во прегратката на сицилијанскиот крал и својата земја ја ставил под негов суверенитет. Својата ќерка Изабела ја венчал со Филип, синот на Карло. [[Кралство Србија (Среден век)|Србија]] и [[Второ бугарско царство|Бугарија]] застанале на неговатанегова страна бидејќи и политичките и династичкидинастичките причини ги наведувале [[балкан]]ските владетели да иѝ се придружат на антивизантиската коалиција. Бугарскиот цар [[Константин Асен|Константин Тих]] му бил зет на [[Јован IV Ласкарис]], когошто Михаил VIII го соборил од престолот и го ослепил, а српскиот крал [[Стефан Урош I|Урош I]], којшто бил оженет со [[Кралство Франција|француска]] принцеза, очекувал дека сојузот со Карло Анжујски ќе му помогне во ширењето на неговата земја за сметка на Византија. Во меѓувреме Карло Анжујски конечно ја зацврстил својата власт во Италија и почнал да испраќа трупи и пари во Ахаја.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 550.</ref>
 
Позицијата на византискиот цар станала вонредно тешка. Но Михаил VIII не папсал. Дури ни тогаш тој не губел надеж дека ќе го придобие [[папа]]та и навистина [[Папа Климент IV|Климент IV]] ја прифатил поканата за обновување на преговорите за унија. Рим, пред сесè, сакал да се отстрани ромејската шизма и да се ослободи [[Света земја|Светата земја]], а не миму дошло до освојувањетоосвојување на Византиското царство за коешто сонувал сицилијанскиот крал. Настаните од [[1204]]г. јасно покажале дека со проста окупација на Византија не можело да се постигне потчинување на [[Цариградска патријаршија|ромејската црква]]. Далекувидната римска источна политика не можела да се идентификува со освојувачките планови на Карло Анжујски. Доколку Климент IV ги поддржувал таквите планови тоа го правел само за да изврши поголем притисок врз византискиот цар и за да го натера на црковно потчинување. Кога умрел Климент IV ([[1268]]г.) и кога римскиот стол подолго време останал празен, вештиот византиски цар добил поткрепа кај францускиот крал [[Луј IX|Луј IX Светиот]]. И Луј IX, пред сесè, се стремел кон ослободување на [[Ерусалим]] од власта на [[Муслимани|неверниците]] и за воспоставување црковен мир. Поткрепуван во своите намери со пратеништвата на византискиот цар тој успеал да го одврати својот воинствен брат од војна против [[Ромеи]]те. Карло Анжујски бил принуден во [[лето]]то [[1270]]г. да го придружува во [[Осма крстоносна војна|крстоносната војна]] во [[Тунис]] и со тоа походот, што тој го подготвувал против Византија, бил запрен во одлучувачкиот миг. Најпосле, во [[септември]] [[1271]]г., римскиот стол бил пополнет. И покрај настојувањата на Карло Анжујски, за папа одново не бил избран [[Французи]]н туку [[Италијанци|Италијанецот]] [[Папа Грегориј X|Григориј X]]. Новиот папа бил ревносен бранител на идејата за црковна унија и на крстоносните војни, а не бил наклонет за помагање на освојувачките планови на Карло Анжујски. Повеќе од кога и да е порано, прашањето за унијата иѝ давало правец на источната политика на Рим.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 550-551.</ref>
 
Додека Карло Анжујски бил во Тунис, положбата во јужна Грција се изменила во полза на Византијците коишто успеале да ги зацврстат своите позиции на Пелопонез. Меѓутоа, крстоносната војна во Тунис била само кратка епизода. Наскоро по доаѓањето во [[Африка]], Луј IX умрел од епидемија, а Карло Анжујски по кратката победоносна војна, се вратил на [[Сицилија]]. Новите транспости на трупи во Мореја во 1271г.-[[1272]]г. го запреле напредувањето на Византијците.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 550-552.</ref>
Ред 79:
Михаил VIII се обидел да го ослаби притисокот на [[Карло Анжујски]] во [[Грци|грчките]] и [[Словени|словенските]] земји на [[Балкан]]от со создавање династички врски. По смртта на деспотот [[Михаил II Комнин Дука|Михаил II]] (умрел во [[1271]]г.), [[Епирско деспотство|Западноромејската држава]] се распаднала: власта во [[Епир]] ја презел законскиот наследник [[Никифор I Комнин Дука|Никифор I]], оженет со царевата внука, а во [[Тесалија]] завладеал деспотовиот вонбрачен син Јован. Царот Михаил VIII му ја дал титулата севастократор и својот внук Андроник Тарханиот го оженил со неговата ќерка. И покрај тоа воинствениот тесалиски владетел наскоро се покажал како огорчен непријател на [[Источно римско царство|византискиот]] цар, а Тарханиот подготвено ја поддржувал антивизантиската активност на својот тест. Спогодба меѓу Византија и сепаратистичките грчки државички тешко можело да се постигне бидејќи првенствена цел на византискиот цар му била ликвидирањето на таквите држави.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 552.</ref>
 
Стремежите на Михаил VIII за што поцелосна реставрација на византиската власт, исто така стоеле на патот на зближувањето на Византија со словенските држави. Според неговата замисла, обновеното Византиско царство требало да ги опфати не само грчките и латинските државички, туку и [[Второ бугарско царство|Бугарија]] и [[Кралство Србија (Среден век)|Србија]]. Ова јасно го покажува одредбата од [[1272]]г. којашто всушност останала само на хартија, а со која царот сакал да им ја одземе автокефалноста на [[Пеќска патријаршија|српската]] и на [[Трновска патријашија|бугарската]] црква и одново да ги потчини на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]]. Преговорите за мажењето на ќерката на Михаил за [[Стефан Урош II Милутин|Милутин]], синот на [[Стефан Урош I|Урош]], не донесле резултат. Затоа пак Михаил успеал да се спогоди со [[Кралство Унгарија|Унгарија]]. Неговиот син [[Андроник II Палеолог|Андроник]] бил оженет со ќерката на унгарскиот крал [[Стефан V (Унгарија)|Стефан V]]. Наскоро потоа Андроник, во [[ноември]] 1272г., бил крунисан за цар и совладетел и добил мошне широки овластувања какви што византиските совладетели порано немале. Во Бугарија затегнатоста привремено попуштила кога во [[1270]]г. царицата Ирина Ласкарис умрела, а [[Константин Асен|Константин Тих]] се оженил со Михаиловата внука Марија. Но бидејќи Михаил VIII на бугарскиот цар не му ги предал [[Анхијал]] и [[Месемврија]], коишто му ги ветил како "мираз"„мираз“, веќе во 1272г. дошло до војна и [[Бугари]]те навлегле во византиските земји. Под притисокот на [[Татари]]те, чијашто поткрепа Михаил VIII успеал да ја добие, Бугарите морале да се повлечат и да се откажат од спорните градови.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 552-553.</ref>
 
===Обезбедувањето на границите преку дипломатија===
Најважни чинители на Исток во тоа време биле [[Татари]]те на [[Златна орда|Златната орда]] во јужна [[Русија]], [[Илканат|Монголите]] на ханот [[Хулагу Кан|Хулагуа]] во предна [[Азија]] и [[Мамелучки султанат|Мамелуците]] во [[Египет]]. При непријателството на едната или другата сила спрема предноазиските [[Монголи]], врската можела да се одржува само преку море. А клучот за овој пат се наоѓал во рацете на [[Источно римско царство|Византијците]]. Поради тоа и за Мамелуците и за јужноруските Монголи била неопходна спогодба со Византија, што уште еднаеднаш покажува колку по заземањето на [[Цариград]] нараснало значењето на Византиското царство во светската политика.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 553-554.</ref>
 
На спогодбата во почетокот, секако иѝ пречела врската на Михаил VIII со предноазиските Монголи којашто му служела како средство за притисок на соседниот [[Румски султанат|Икониски султанат]]. Јужноруските Татари уште во [[1264]]г., во сојуз со [[Второ бугарско царство|Бугарите]], навлегле во Византија и на царската војска и задале страотен пораз. Самиот цар Михаил VIII одвај се спасил од смрт, а [[Тракија]] била толку дивјачки ограбена и опустошена што „нигде не можело да се види ни вол ни орач“. До нов жесток упад на Татарите дошло во [[1271]]г. на повик на [[Јован I Дука Тесалиски|Јован Тесалиски]] и [[Андроник Тарханиот]]. Оваа наезда и заплетите со Бугарија го побудиле Михаил VIII да ги среди односите со јужноруските Татари. Во [[пролет]]та [[1272]]г. тој склучил договор за пријателство со големиот татарски војсководец [[Ногај Кан|Ногај]]. Ногај имал пресудно влијание во Златната орда и можел како што наскоро и покажал, да сузбие секаква антивизантиска акција во Бугарија. На Ногај царот му ја дал својата вонбрачна ќерка Еуфросина и јуму испратил богати подароци. ОттогоашОттогаш осносите на Византија со Златната орда и Мамелуците останале непоматени и се почесто доаѓале пратеништва од Византија во Египет и од Египет во Византија. Зад Византија, Михаил VIII создал друг појас, којшто ги држел во шах неговите непријатели. Како што Монголите на ханот Хулагуа вршеле притисок врз Иконискиот султанат, така сега Татарите на Ногај ја држеле под притисок Бугарија, зад грбот на [[Кралство Србија (Среден век)|Србија]] стоела сојузничка [[Кралство Унгарија|Унгарија]], а [[Карло Анжујски]], главниот непријател на [[Ромеи|Византијците]], од нападите на Византија го задржувал [[папа]]та, надевајќи се на ветената црковна унија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 554-555.</ref>
 
===Односот со папата и делувањето на Карло Анжујски===
[[Папа Грегориј X|Григориј X]] не сакал веќе да се задоволува само со ветувањето со кои Михаил VIII повеќе од десет години ја тешел [[Папска држава|римската]] курија. Папата го ставил царот пред јасна перспектива: во случај на црковно потчинување на Рим, му гарантирал безбедност од [[Католицизам|католичните]] сили, во спротивен случај му укажал дека веќе не ќе може да го спречи [[Карло Анжујски]] во неговите намери. Истекувањето на рокот на [[Источно римско царство|византиско]]-[[Венецијанска република|венецијанскиот]] договор, исто така, на папата му дало повод за да изврши силен притисонпритисок врз Михаил VIII. Тој ги наговарал Венецијанците да се откажат од обновувањето на договорот пред да се потпише унијата. Карло Анжујски , од своја страна, вложил најголеми напори за да ги придобие Венецијанците за себе. Истовремено тој развивал сесè поголема акција на [[Балкан]]от. Склучил договор за пријателство со остро антивизантиски настроениот [[Јован I Дука Тесалиски|Јован Тесалиски]] и во [[1273]]г. и во [[Мореја]] испратил моќна војска. Ги зацврстил своите позиции во [[Албанија]] каде што католичкиот дел на населението го признало за господар. Зајакнат бил, исто така, и сојузот со [[Кралство Србија (Среден век)|Србија]] и [[Второ бугарско царство|Бугарија]]. Во 1273г. на дворот на Карло дошле пратеништва на српскиот крал и на бугарскиот цар. Сите непријатели на Византија - [[Кралство Сицилија|Латините]] и [[Тесалска држава|Грците]], Србите, Бугарите и [[Кралство Албанија (Среден век)|Албанците]] - се обединиле под водството на Карло Анжујски, којшто веќе подал рака по цариградската круна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 555-556.</ref>
 
Во ваквите околности заканите на папата Григориј X морале да дејствуваат. Михаил VIII немал друг излез освен да иѝ се покори на волјата на папата. Без оглед на општата опозиција на византиското свештенство, тој во 1273г. се договорил со римските легати и успеал, најпосле, и еден дел од својот клер да придобие за прифаќање на унијата. На собирот во [[Лион]] на [[6 јули]] [[1274]]г. унијата била потпишана. Големиот логотет Георгиј Акрополит, во името на царот, го признал не само приматот на римската црква, туку и римските догми. Свој потпис ставиле и духовните членови на византиското пратеништво, бившиот [[Вселенски патријарх|патријарх]] [[Герман III Цариградски|Герман]] и никејскиот митрополит Теофан. Унијата, којашто повеќе од два века била еденедна од главните цели на римската политика и предмет на многубројни, но секогаш безуспешни преговори, преговори станала стварност.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 556.</ref>
 
===Офанзивата во Албанија и Тесалија===
Политичкото олеснување што го очекувал Михаил VIII од црковното потчинување на [[Папска држава|Рим]], навистина настапило, барем привремено. Под влијание на [[папа]]та, [[Карло Анжујски]] морал да се откаже од планираната војна против [[Источно римско царство|Византија]] и да се согласи на примирје до [[1 мај]] [[1276]]г. И [[Венецијанска република|Венецијанците]] во [[март]] [[1275]]г., иако само на две години, го обновиле договорот со византискиот цар. Византија, којашто до неодамна се наоѓала во тешка дефанзива, одново презела иницијатива и насекаде преминала во напад. Уште во времето на одржувањето на лионскиотЛионскиот собир, Византијците силно ги потиснале анжујските трупи во [[Кралство Албанија (Среден век)|Албанија]], ги зазеле [[Белград (Албанија)|Белград]] и [[Бутринт]]о и ги опседнале [[Драч]] и [[Валона]]. Во 1275г., Јован, братот на царот, со силна војска тргнал во Тесалија, која под владеењето на севастократорот [[Јован I Дука Тесалиски|Јован Ангел]] се претворила во еден од средиштата на антивизантиските акции. Походот успешно отпочнал и царските трупи допреле до самата [[Неопатра]], но смелиот севастократор успеал да ја одбрани својата престолнина откако во пресудниот миг донел помошна војска од соседното [[Атинско војводство]]. Немал резултати ниту вториот поход против [[Тесалија]] во [[1277]]г. Најголемите успеси Византија ги постигнала по море. Особено среќни биле операциите на [[Италијанци|Италијанецот]] Ликарио во 1277г., којшто бил поставен за голем дукс на Византиското царство. [[Евбеја]] и повеќе [[Егејско Море|егејски]] острови паднале во негови раце, такаштотака што византиската флота одново загосподарила со Егејското Море.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 556-557.</ref>
 
===Морејското кнежевство===
Значајна промена настанала на [[Пелопонез]]. Во [[1278]]г. умрел [[Вилием II Вилардуен]], такаштопа [[Ахајско кнежество|Морејското кнежевство]] дошло под непосредна власт на [[Карло Анжујски]]. Можело да се очекува дека тоа ќе ја влоши положбата на [[Источно римско царство|Византијците]]. Всушност оваа промена ги ослабнала позициите на [[Кралство Сицилија|Латините]]. Тешкотиите со кои уште Вилием II морал да се бори постојано под управувањето на намесниците на Карло Анжујски, само се зголемувале. Земјата била исцрпена од постојаните војувања и [[Грци|грчкото]] население се бунтувало против туѓинското владеење. При ваквите околности, Византијците можеле да ја прошират својата територија до самата [[Аркадија]], што, особено по неодамнешните успеси во [[Егејско Море|Егејското Море]], значело значително засилување на византиските позиции.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 557.</ref>
 
===Опозицијата против црковната унија===
Подобрувањето на надворешнополитичкатанадворешно-политичката ситуација било платено со тешки внатрешни потреси. [[Ромеи|Византискиот народ]] и значителниот дел на византиското свештенство не сакале ни да чујат за унијата со [[Папска држава|римската црква]] и на политиката на царот иѝ давале огорчен отпор. Односите меѓу Михаил VIII и [[Цариградска патријаршија|ромејската црква]] и порано минувале низ тешки кризи. По ослепувањето на младиот [[Јован IV Ласкарис|Јован Ласкарис]], [[Вселенски патријарх|патријархот]] [[Арсениј Цариградски|Арсениј]] фрлил анатема на него. соСо голема мака царот најодзадинајпосле успеал да го отстрани строгиот аскет ([[1266]]г.) и од неговиот втор наследник [[Јосиф I Цариградски|Јосиф]] да добие разрешение, но еден дел од црквата и народот му останал верен на соборениот Арсениј. Се создала партија на т.н. арсенити, којашто упорно му се спротиставувала на царот и на новата црковна управа. Кога, пак, Михаил VIII му се потчинил на папата и побарал од ромејската црква да ја признае римската надмоќ, возбудувањето ја зафатило целата земја. Ситуацијата била дотолку потешка што ни патријархот Јосиф не се согласувал со унијата, такаштотака што пак морало да се изведе насилна промена на цариградскиот стол. За патријарх бил поставен хартофилаксот [[Јован XI Цариградски|Јован Век]], надарен и вешт човек, којшто во почетокот бил во опозиција, а потоа преминал кон унијата. [[Источно римско царство|Византиското царство]] се поделило на два непријателски табори. Одозгора декретираното отстранување на цариградско-римскиот расцеп предизвикало длабок расцеп во самата Византија. Византискиот народ, со векови воспитуван во православието да гледа најголема светост и од дното на душата да ги мрази Латините, се бунтувал против царот, којшто за желбите на Рим ја изневерил [[Православие|православната вера]]. Меѓутоа, царот преминувал преку сесè и цврсто се залагал за унијата, не гледајќи друг излез од настанатата ситуација. Отпочнале свирепи прогони. По преполнетите затвори лежеле свештеници и световни луѓе, незнајници и членови на царскиот дом бидејќи расцепот ги зафатил сите слоеви на населението, па и самото царско семејство било поделено.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 557-558.</ref>
 
Дури и вон византиските граници, унијатската политика на царот предизвикувала тешки заплети. Евлогија (Ирина), омилената сестра на Михаил, одлучната противничка на унијата, отишла кај својата ќерка, [[Второ бугарско царство|бугарската]] царица Марија, та со дејствувањети на овие две жени бугарскиот двор станал жариште на интриги против византискиот цар. Всушност, на оваа страна наскоро дошло до привремен пресврт. Во Бугарското царство, изложено на постојани [[Златна орда|монголски]] упаѓања, поткопано од социјални спротивности, дошло до силно народно движење и тешки внатрешни борби. Вмешувајќи се во бугарските размирници со оружена сила, византискиот цар успеал против победоносниот народен водач [[Ивајло (бугарски цар)|Ивајло]] да истакне еден ромеизиран член на [[Асеновци]]те, оженет со византиска принцеза, и како Иван Асен II да го воздигне на разнишаниот престол во [[Трново]] ([[1279]]г.).<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 558-559.</ref>
 
Омразата спрема унијатскиот цар најкобни последици имала во грчките сепаратистички државички. Дури и мирниот [[Епирско деспотство|епирски]] деспот [[Никифор I Комнин Дука|Никифор]] станал против Палеологантипалеолог. Го зазел [[Бутринт]]о, кое неодамна преминало во византиски раце, па подоцна ([[1279]]г.) му го предал на [[Карло I Анжујски|Карло Анжујски]]., а севастократорот [[Јован I Дука Тесалиски|Јован Тесалиски]], стариот непријател на Византија, со латинска помош, сега истапувал во улога на бранител на православието, собирајќи околу себе многубројни противници на унијата. Во [[1278]]г. тој дури одржал и собир на којшто царот Михаил VIII бил проколнат како еретик. Со овие околности во значителна мерка се објаснуваат на византиските походи против [[Тесалиска држава|Тесалија]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 559.</ref>
 
===Поништување на унијата===
Не само [[Источно римско царство|византискиот]] цар, туку и [[Папска држава|римската]] курија пораламорала да се бори за одржување на римско-византиската спогодба. По смртта на [[папа]]та [[Папа Грегориј X|Григориј X]] ([[1276]]г.) во [[Рим]] зајакнало влијанието на [[Кралство Сицилија|сицилијанскиот]] крал и во римско-византиските односи настапило заладување. Папата [[Папа Никола III|Никола III]] ([[1277]]г.-[[1280]]г.) уште еднаш им дал силен потстрекпоттик на римските универзалистички стремежи, а со тоа и на унијатската политика. Се обидел на Запад да создаде извесна рамнотежа меѓу [[Карло I Анжујски|Карло Анжујски]] и [[Рудолф Хабзбуршки]], а на Исток меѓу Карло и византискиот цар, за над сите световни сили да се издигне универзалната власт на римската црква. Во времето на неговиот понтификат, Михаил VIII се чувствувал сигурен на Запад и токму во ова време биле најзначајните византиски успеси во [[Мореја]] и на [[Егејско Море|Егејското Море]]. Но при наредниот избор на папа победило влијанието на Карло Анжујски и ситуацијата од основа се изменила. На римскиот стол во [[1281]]г. се качил [[Французи|Французинот]] [[Папа Мартин IV|Мартин IV]], слепото орудие на моќниот сицилијански крал. Римската курија се одрекла од улогата на суверен арбитар и се ставила во служба на анжујската освојувачка политика. Со поддршка од папата, Карло Анжујски и титуларниот [[Латинско царство|латински]] цар [[Филип I (Латинско царство)|Филип]], синот на [[Балдвин II (Латинско царство)|Балдвин II]], на [[3 јули]] 1281г. во [[Орвиет]] склучиле договор со [[Венецијанска република|Венецијанската република]] „зарадизаради воспоставување на Римската империја, узурпирана од Палеолог. Дури, потчинувајќи се на барањата на Карло Анжујски, Мартин IV, кон византискиот цар, коишто прифаќајки ја унијата во својата земја морал да издржува тешки борби, го проколнал како шизматик и им забранил на [[Католицизам|католичките]] владетели со него да одржуваат врски.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 559-560.</ref>
 
На тој начин унијата доживеала целосен неуспех. Од неа се одрекол и самиот Рим. Западните сили се обединиле против Византија. Венецијанците на Карло Анжујски му дале флота, а папата му дал морална подршка. Владетелите на балканските земји се придружиле во антивизантискиот потфат. Во спогодба со Карло Анжујски, севастократорот [[Јован I Дука Тесалиски|Јован Тесалиски]] и кралот [[Стефан Урош II Милутин|Милутин]] упаднале во [[Македонија]] во [[1282]]г. [[Кралство Србија (Среден век)|Српскиот]] крал го зазел [[Скопје]], коепо со тоашто Византија засекогаш го загубила градот. Во [[Второ бугарско царство|Бугарија]], византискиот штитеник [[Иван Асен III]] го изгубил престолот, а неговиот наследник [[Георги I Тертер]], којшто му ја одзел круната како водач на бугарските болјари, се свртел против Византија и се спогодил со Карло Анжујски и Јован Тесалиски. Никогаш порано Карло Анжујски не бил поблиску до својата цел и никогаш како сега положбата на Михаил VIII не се чинела побезизлезна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 560.</ref>
 
===Соборувањето на Карло===
Во последниот час настапил неочекуван пресврт. [[Карло I Анжујски|Карло Анжујски]], уверен во својата победа, доживеал стравотна катастрофа, додека дипломатската вештина на Михаил Палеолог го доживеала својот најголем триумф. Уште во времето на понтификатот на [[Папа Никола III|Никола III]], со посредувањето на [[Република Џенова|Џеновјаните]], Михаил VIII стапил во допир со [[Кралство Арагон|арагонскиот]] крал [[Петар III Арагонски|Петар III]], зетот на [[Манфрен I Сицилијански|Манфред]], и го наговорил да го нападне од зад грб Карло Анжујски и да му го одземе [[Кралство Сицилија|Кралството]] Сицилија, коешто тој во [[1266]]г. му го одзел на Манфред. [[Источно римско царство|Византискиот]] цар му ставил на распологање средства за изградба на флота. Во исто време, добро снабдените со пари, византиски агенти го потстрекнувалепоттикнувале сицилијанското население против туѓинското владеење на [[Анжујци]]те. На [[Сицилија]] владеело длабоко вриење, бидејќи земјата била исцрпена од постојаните воени подготовки на Карло и била огорчена на уцените на неговото чиновништво. Византиските пари, скриеното незадоволство го претвориле во отворен бунт, како што византиските пари ја овозможиле и воената акција на арагонскиот крал. Во својата автобиографија Михаил VIII вели: „Ако би се осмелил да речам дека господГоспод на Сицилијанците им ја даде слободата и дека тојТој тоа го стори со моите раце, би ја рекол само вистината“.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 560-561.</ref>
 
Во мигот кога тешкотиите на византискиот цар го достигнале врвот во [[Палермо]], на [[31 март]] [[1282]]г., избувнало востание коешто сесо секавична брзина се проширило по целиот остров. Оваа познаапозната [[Сицилијанска вечерна]] го означила крвавиот крај на владеењето на Анжујците на Сицилија. Во август со својата флота стигнал и Петар Арагонски. Крунисан во Палермо со круната на Манфред, тој станал господар на Сицилија, додека Карло Анжујски со тешки маки успеал да ја одржи власта на јужноиталијанската почва. За поход на Византија не можело да стане збор, јужноиталијанското кралство било распарчено, Карло Анжујски бил исфрлен од играта по беспримерната катастрофа и самиот [[папа]] со оваа катастрофа бил тешко погоден, на [[Латинско царство|латинскиот]] титуларен цар [[Филип I (Латинско царство)|Филип]] никој не му придавал сериозно значење, а [[Венецијанска република|Венецијанците]] побрзале да му се приближат на византискиот цар и на Петар Агаронски. Бурата којашто дваесет години се подготвувала над Византија била обесиленаобессилена со генијалната дипломатска вештина на Михаил VIII Палеолог.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 561-562.</ref>
 
== Наводи ==