Фредерик Мистрал: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vikinata (разговор | придонеси)
Vikinata (разговор | придонеси)
Ред 79:
 
=== ''Миреј'' и Нобеловата награда за литература за 1904 година ===
Негово главно дело е ''[[Mirèio|Миреј]]'', објавено во 1859 година, по осум години творечки напори. ''Миреј'' е долга поема на [[провансалски]] јазик, напишана во стихови и во дванаесет пеења, која зборува за забранетата љубов на Венсан и Миреј, двајца млади кои потекнуваат од различни општествени средини. Името Миреј, на провансалски Мирејо, е [[doublet lexical|јазичен дублет]] од зборот „''меравихомеравијо''“ што значи qui signifie „чудо“. За Мистрал тоа е можност да го прикаже провансалскиот јазик но исто така и да ја сподели и културата на една област кога зборува за други јазици. Во предговорот на својата поема стои и кратко ''Објаснување за провансалскиот изговор''.
 
Миреј, девојка за мажење, ќерка на провансалски земјопоседник, се вљубува во Венсан, сиромашен ткаач кој исто така се вљубува во неа. Откако одбива тројца богати кандидати за женење, Миреј, очајна од тоа што родителите не ѝ дозволуваат да се омажи за Венсан, оди во [[Saintes-Maries-de-la-Mer|Сент-Мари-де-ла-Мер]] за да ги моли заштитниците на Прованса да ги разубедат нејзините родители. Но, заборавајќи да ја понесе својата шапка, таа добива сончаница и кога ќе пристигне на целта умира во рацете на Венсан и пред очите на своите родители.