Васил Тоциновски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 24:
==Биографија==
 
Како добитник на Рациновата стипендија во 1969 год. дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. На истиот факултет ги завршил постдипломските студии по македонска литература, во 1984 год. магистрирал на тезата „Драмскиот писател Богдан Сираков“, а во 1989 год. ја одбранил докторската дисертација „Атанас Раздолов - живот и дело“. Дваесет години работел во Телевизија Скопје (1969-1989). Работел како водител на телевизискиот дневник, бешеуредник, главен и одговорен уредник на Втората програма (1981-1984) и на секторот за училишна, образовна и научна програма (1985-1988). Автор е на сценарија на педесетина документарни филмови и серии емитувани на програмите на тогашна ЈРТ (Југословенска Радио Телевизија) и на многубројни програми и фестивали во светот. Остварил меѓународна соработка и престој во Советскиот Сојуз, Италија, Германија, Словачка, Романија и Бугарија. Бил в.д. директор на Институтот за фолклор (1989-1992). Работи како научен соработник на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а од 2008 год. па се до неговото пензионирање во 2014 год. работи како редовен професор на Катедрата за македонски јазик и литература на Филозофскиот факултет во Риека, Р. Хрватска. Беше главен и одговорен уредник на најстарото македонско книжевно списание за литература и култура „Современост“ од [[Скопје]].
 
Васил Тоциновски е потписник на 5357 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство, коавтор е на 1217 енциклопедии, зборници, прирачници и учебници за средното образование, во земјата и странство публикувал 277317 книжевно-историски студии и 392431 рецензии за автори и дела од домашната и светската книжевност. Неговите трудови се преведувани на: германски, италијански, англиски, словачки, хрватски, српски, бугарски, словенечки, албански, полски, турски, француски, руски, романски и др.
 
Пред македонската и светската јавност е познат повеќе како научен работник, истражувач на македонската литературна историја. Се занимава со македонскиот XIX век и периодот меѓу двете светски војни. Особен придонес има во откривањето на непознати страници од историјата на Македонскиот литературен кружок во Софија. Во тој правец, има големи заслуги во откривањето на животната судбина и литературното дело на „[[дводомни писатели|дводомните писатели]]“ од македонско потекло, т.е. Македонците кои живееле и твореле во туѓа јазична средина.
 
== Награди ==
Добитник на наградите: „Крсте Мисирков“(1976), „Гоце Делчев“, за особено значајни остварувања од интерес на Републиката во областа на науката (1991), Награда за најдобра книга од домашен автор (1992), „Ванѓа Чашуле“, „Климент Охридски“, за особено значајни остварувања во културата и уметноста од интерес на Р Македонија (1995), Награда на Авторската агенција на Македонија (1997), „Димитар Митрев“ (1998), „Златно перо“ (2001), Награда за литература за деца и младинци (2002), „Гемиџии“ (2005), „Златен прстен“ (2008), „Книжевно перо“ за најдобро прозно дело(2009/2010), „Книжевно перо“ за најдобра објавена детска книга(2009/2010), „Прозни мајстори“(2012) „Струшко слово“ (2015), „Девети Ноември“ на град Велес и други награди и признанија.
 
 
== Творештво ==
Ред 64 ⟶ 60:
*„Судбини на откорнатикот“ (книжевно-историски студии, 1998).
|}
 
== Награди ==
* Крсте Мисирков, Здружение на новинарите на Македонија, 1976;
* Медала Заслуга за народот на Председателството на СФРЈ, 1980;
* Гоце Делчев, за особено значајни остварувања од интерес на Републиката во областа на науката, за трудот Зборот куршум и динамит, 1991;
* Деветоноемвриска награда, на Собранието на општина Титов Велес, за книгата Поет изгнаник, 1991;
* Награда за најдобра книга од домашен автор на Културно - просветната заедница на Македонија, 1992;
* Ванѓа Чашуле, награда за превод на Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи во Тетово, 1994;
* Климент Охридски, за особено значајни остварувања во културата и уметноста од интерес на Република Македонија, 1995;
* Награда на Авторската агенција на Македонија на 26-тата Меѓународна средба на кижевните преведувачи во Тетово,за делото Страници од мојата биографија од Антон Великов, 1997;
* Димитар Митрев, награда за критика и есеистика на Друштвото на писателите на Македонија, за трудот Коле Неделковски,1998;
* Златно перо, за долгогодишна посветеност на книжевниот превод на Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи во Тетово, 2001;
* Награда за литература за деца и младинци на Здружението на издавачите и книжарите на Р Македонија, за книгата Ѕвони двапати, 2002;
* Гемиџии, награда за животно дело на Советот на општина Велес, 2005;
* Плакета во знак на признание за придонесот во афирмацијата на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, 2006;
* Златен прстен, за книжевен опус на Фондацијата Македонија презент, 2008;
* Плакета во знак на признание за придонесот во афирмацијата на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, 2008;
* Прва награда за краток расказ на редакцијата на списанието Тренд, 2008;
* Книжевно перо, за проза Сушачко поподне и за деца и млади Снегуљица на дар, 2010;
* Книжевно перо, за препевот од македонски на хрватски јазик на изборот Читање на ненапишаното од Христо Петрески, 2011;
* Универзитетот Св. Кирил и Методиј по повод пензионирањето му е доделена Повелба во знак на признание за неговиот придонес во развојот и унапредувањето на наставно - образовната и научна дејност на Универзитетот 2011;
* Плакета на Урбан Институтот за придонес во ширењето на македонската култура во земјата и во странство, 2012;
* Книжевно перо, за Мост од ѕуница - на Хрватското книжевно друштво за најдобра книга есеи, 2012;
* Благодарница за остварени резултати кои придонеле за промовирање и афирмација на Универзитетот во Риека, 2012;
* Прозни мајстори, престижно книжевно признание за Сушачко попладне, 2013;
* Благодарница за остварени резултати кои придонеле за афирмација на Универзитетот во Риека, 2013;
* Книжевно перо, за придонес во книжевноста и културата (за животно дело), 2014;
* Книжевно перо, за Побиједници за најдобра книга на годината за деца, 2014;
* Благодарница за несебично залагање, придонес и афирмација на Заедницата на Македонците во Р Хрватска, 2014;
* Благодарница за придонес и афирмација на списанието за литература, култура и уметност Современост како негов главен и одговорен уредник, 2014;
* Струшко слово, за личниот придонес во примената, развојот и афирмацијата на македонскиот литературен јазик во Македонија и во светот, 2015;
* Струшко изгрејсонце, за книгата Побиједници, 2015.
 
 
 
 
==Наводи==
{{наводи}}