Вампирџија (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
==Кратка содржина==
Серафим е вампирџија – ловец на вампири, кој талка низ македонските села и за пари ги уништува свампирените мртовци. Чирак му е младиот Фидам, кого Серафим го подучува на опасниот вампирџиски занает, азбуката и уште понесигурниот живот во Македонија. Вампирџијата и неговиот ученик запаѓаат во борба со македонските вампири, со турската власт и со комитите кои ги опкружуваат, како и со авџи-табурите, платените ловци на комити. Прокобата на вампирџискиот занает ја искусува младиот Фидам, кој не знае дали вампирџијата Серафим е божји анѓелангел или слуга на ѓаволот.
 
Сценариото ја развива сематичката теза за талкањето на душата по умирањето како казна за грешните души. Вампирџијата Серафим, метафора на животниот промискуитет, е наемен искупувач на грешните душа, а младиот Фидам е метафора на животна доблест која верува во оправданоста на животот.