Јадрен реактор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 113:
Сите нуклеарни реактори користат нуклеарно гориво. Моменталната цена (2015) на ураниум е 35 [[американски долар]]и за една [[фунта (единица)|фунта]] триураниум октаоксид.<ref>http://www.uranium.info/in_the_market.php</ref> Еден килограм ураниум има енергетска вредност околу милион пати поголема отколку [[нафта]]та. Моментално нема недостиг на ураниум на светскиот пазар, но во иднината светот би можел да се соочи со ваков недостиг. Ако постоечките резерви на ураниум се потрошат, нови резерви на ураниум ќе мора да бидат вадени од морската вода. Морската вода содржи околу 3,5% сол, но исто така и мали количества на тешки метали. Милијарди години на [[ерозија]] предизвикале мали количества на тешки метали да се влеваат во морската вода. Така во еден кубен километар има околу 11 грама злато, но исто така и 3,3 килограми радиоактивни метали. Сета морска вода на Земјата содржи околу 4,5 милијарди тона на ураниум, доволно за моменталните нуклеарни реактори да работат безпрекорно за наредните 6500 години.<ref>http://www.ornl.gov/ornl/news/news-releases/2012/ornl-technology-moves-scientists-closer-to-extracting-uranium-from-seawater</ref> Термичките реактори најчесто им е потребен збогатен ураниум. Некои нуклеарни реактори користат смеса од ураниум и плутониум како нуклеарно гориво. Постојат и [[ториум]]ски реактори кај кои ториум може да се претвори во <sup>233</sup>U. Кората на Земјата содржи три пати повеќе ториум отколку ураниум.
Нуклеарниот отпад и покрај тоа што е опасен е компактен. Еден кубен метар нуклеарен отпад произлегува од секој гигават-година. После 600 години истиот отпад повеќе не е радиоактивен. Здравствените ризици произлегуваат од токсичноста на тешките метали и јонизирачките зрачења.
 
== Историја ==
[[File:NSF picture of Yamal.gif|thumb|left|Рускиот атомски ледокршач „Јамал“ има две нуклеарни реактори кои продуцираат заедно околу 340 MW.]]
[[Енрико Ферми]] и [[Лео Силард]] биле првите кои докажале дека е можно да се контролира една нуклеарна верижна реакција. Во 1955 година нивната иновација била [[патент|патентирана]].
Првите нуклеарни реактори се користеле за производство на [[плутониум]] за изработка на [[нуклеарно оружје]]. Покрај тоа, американската морнарица почнала да користи нуклеарни реактори во бродовите. Исто како и [[САД]], [[Советски сојуз|Советскиот сојуз]] кон средината на педесетите години од минатиот век почна нуклеарната програма да ја користи за невоени цели, кои исто така се држеле во тајност. На 27 јуни 1954 година во [[Обнинск]] била отворена првата нуклеарна централа, Обнинск АМ-1, без знаење на Западот.<ref name="Josephson2005">{{cite book|author=Paul R. Josephson|title=Red Atom: Russia's Nuclear Power Program from Stalin to Today|year=2005|publisher=University of Pittsburgh Pre|isbn=978-0-8229-7847-3|page=2}}</ref> Првата комерцијална нуклеарна централа во САД била отворена во 1957 година во [[Шипингпорт]], [[Пенсилванија]].
Во наредните години сé повеќе и повеќе нуклеарни централи се отварале , а по нафтената криза во 1973 година светот сфати какво влијание има нафтата врз индустријата и производството на електрична енергија по што уште повеќе нуклеарни централи биле отворени. По инцидентот на осторовот Три Милји во мартин 1979 година во САД дојде до дестабилизација нуклеарната индрустрија. Исто така, повеќе не се отворени нови нуклеарни централи до ден денес во САД после овој инцидент.<br>
[[Чернобилската несреќа]] во 1986 година имала големи последици за нуклеарната индустрија. Многу влади од тој период биле воздржани околу производството на електрична помош со помош на нуклеарна технологија. После [[Фукушимската несреќа]] во 2011 година критиката околу нуклеарната енергија се зголеми поради што некои земји воведоа нови мерки за претпазливост во нивните нуклеарни централи, а некои нуклеарни централи биле затворени поради застарената технологија која ја користеле. Така, германската влада неколку дена по Фукушимската несреќа одлучила сите нуклеарни централи кои биле изградени пред 1980 да бидат затворени.<ref>http://www.nu.nl/buitenland/2468615/duitsland-sluit-voorlopig-kerncentrales.html</ref> До 2022 година, сите нуклеарни централи во Германија ќе бидат затворени.<ref>http://nos.nl/artikel/244455-duitsland-stopt-met-kernenergie.html</ref>
 
== Поврзано ==