Михаил II (Византија): Разлика помеѓу преработките

с
нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Михаил II стекнал поддршка од Омуртаг од Бугарија, кој дошол за негова помош. Михаил II го присилил Тома да ја симне неговата опсада на Константинопол во пролетта 823 година. Михаил го фатил Тома во Аркадиополис ([[Лулебургаз]]) и го присилил да се предаде во октомври. Михаил наследил сериозно ослабена војска и не бил во можност да го спречи освојувањето на [[Крит]] во 824 година од 10.000 [[Арапи]] (кои имале 40 бродови)<ref name="Nor">J. Norwich, ''Byzantium: The Apogee'', 37</ref> или да го поврати островот со експедиција во 826 година. Во 827 година, Арапите исто така ја освоиле [[Сицилија]], стекнувајќи се со предност поради локалните борби и го освоиле [[Сиракуза]].
 
По смртта на Текла во 823 година, Михаил II се оженил со [[Ефросина (сопруга на Михаил II)|Ефросина]], ќерка на [[Константин VI Слепиот|Константин VI]] и [[Марија АмнијскаАмниска]]. Овој брак веројатно бил со цел да ја зајакне положбата на Михаил како цар, но се случил со противење на свештенството, бидејќи [[Ефросина (сопруга на Михаил II)|Ефросина]] претходно била монахиња. Михаил II умрел на 2 октомври 829 година.
 
Поради неговото јудео-христијанско потекло и иконоборство, Михаил II не бил омилен помеѓу православното свештенство, кои го претставиле како неук и малку образуван селанец, но Михаил II бил подготвен државник и владетел. Донел стабилност во Византија по прв пат во многу генерации и започнал обнова на византиската војска. Системот на владеење и војска поставени од Михаил II овозможил царството под водство на неговиот внук [[Михаил III]] да добие предност во нивната борба со Абасидите и да одолее на сите променливи во византискиот дворски живот. Директни наследници на Михаил II, [[Аморијанска династија]] како и подоцнежната [[Македонска династија]], владееле со Царството повеќе од два века, воведувајќи ја [[Македонска ренесанса|македонската ренесанса]] во {{римски|9}} век и {{римски|10}} век.