Елена Кантакузина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Елена Кантакузина''' ([[грчки]]: ''Ελένη Καντακουζηνή, Helena Kantakouzene'', [[1333]] - [[10 декември]] [[1396]]) била [[византиска царица]], сопруга на византискиот императорот [[Јован V Палеолог]].
== Потекло==
 
Елена била ќерка на [[Јован VI Кантакузин]] и [[Ирина Асенина]], ќерка на [[Андроник Асен]]. По мајчина линија Елена Кантакузина била потомка на бугарскиот цар [[Иван Асен III]], кој е дедо на нејзината мајка.
 
== Граѓанска војна==
 
Во управувањето на императорот [[Андроник III Палеолог]], сопругот на Ирина Асенина ја имал должноста ''велик доместик'', а по смртта на царот Јован станал член на регентскиот совет на малолетниот наследник на Андроник, [[Јован V Палеолог]]. Наскоро меѓу Јован Кантакузин и мајката на царот, [[Ана Савојска]], избувнало конфликт, кој прераснал во граѓанска војна. Ана, која исто така била член на регентски совет, го искористила привременото отсуство на [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]] од [[Константинопол]] и го прогласила за предавник и непријател на империјата. Ана се потпрела на поддршката на истакнатиот дворјанинот и военоначалник [[Алексиј Апокавк]] и на патријарх [[Јован XIV Цариградски]]. Ана му го понудила местото на [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]] во регентски совет на [[Алексиј Апокавк]]. Голем дел од војската сепак се наоѓала под контрола на Јован, кој на [[26 октомври]] [[1341]] се прогласил за император во [[Димотика]], што го означило почетокот на нова граѓанска војна во империјата.
Борбата меѓу [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]] и централната власт во [[Константинопол]] продолжила до [[1347]] година. Во тоа време во неа се мешале и соседните балкански владетели. Трновският цар [[Иван Александар]] бил на страната на Ана и [[Алексиј Апокавк]], додека неговиот шура [[Стефан Душан]] го поддржувал [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]]. И двајцата соседи на Византија всушност искористиле од војната, за да постигнат сопствени политички цели и да ги прошират териториите на сметка на империјата. [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]] го привлекол на своја страна и отоманскиот султан [[Орхан I]]. Во [[1342]] година [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]] бил принуден да оди во [[Србија]], каде што норал да отиде и да побара помош од српскиот крал [[Стефан Душан]]. Останала сама во [[Димотика]] и притисната од цариградската партија во градот, Ирина побарала поддршка од бугарскиот цар, ветувајќи на [[Иван Александар]] дека ќе му го предаде градот ако сопругот не се врати. Така, [[Иван Александар]] испратил писмо до својот зет Душан и сестра [[Елена Бугарска|Елена]] во кое инсистирал да го затворат или погубат својот гостин, но Душан и неговата сопруга го отфрлиле предлогот на царот<ref>[http://www.promacedonia.org/ki/ki_20.htm '''Иречек''', Константин. История на българите. Глава XX Разцвет на сръбската държава. с. 351]</ref>.
 
Граѓанската војна меѓу Кантакузин и централната власт траела до 1347 година. На [[3 февруари]] [[1347]] двете завојувани страни постигнале договор според кој Јован Кантакузин бил прогласен за старател и соимператор на [[Јован V Палеолог]]. Договорот бил постигнат преку брак меѓу ќерката на [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]], Елена Кантакузина и [[Јован V Палеолог|Јован V]]. [[Јован VI Кантакузин]] влегол во [[Константинопол]] и успешно воспоставил контрола над градот.
 
Официјално бракот помеѓу Елена и Јован V бил склучен на 28/29 мај 1347 година. Во тоа време Елена имала 13 години, а на Јован V му останувало еден месец, за да наполни 15 години. Мирот меѓу Јован V и таткото на Елена траел до 1352, кога сопругот, потпомогнат како легитимен император, кренал бунт по кое Јован Кантакузин бил соборен од престолот и се повлекол во манастир.
 
Во [[1376]] година синот на Елена, [[Андроник IV Палеолог]] извршил државен удар против својот татко. Царицата Елена Кантакузина била затворена во [[Голубац]] заедно со поголемиот дел од царското семејство. Андроник IV дејствал со поддршка на [[Република Џенова]]. Главен противник на узурпаторот била [[Република Венеција]] и самиот султан [[Мурад I]]. Благодарение на тоа, во 1379 Јован V успеал да го врати престолот, a Андроник IV побегнал во соседството [[Галата|Пера]], кој се наоѓал под контрола на генуезците. Елена Кантакузина исто била одведена во Пера како заложник на својот син, кое продолжило до 1381 година
 
Јован V починал на [[16 февруари]] [[1391]] година. По смртта, Елена Кантакузина се повлекла во манастирот "Света Марта", каде го прифатила монашкото име Хипомона (Трпение). Таму таа починала на [[10 декември]] [[1396]] година.
 
== Семејство ==
 
Елена Кантакузина му родила на Јован V барем 9 деца:
 
* [[Андроник IV Палеолог]] (1348-1385), оженет за Кераца Бугарска
* Ирина Палеологина (1349-1362)
* Мануел II Палеолог (1350-1425)
* Теодор I Палеолог, деспот на Мореја (1355-1407)
* Михаил Палеолог (починал околу 1376/1377)
* Марија Палеологина (починала околу 1376), свршена за [[Мурад I]]
* Непозната ќерка, свршена за Петар II Кипарски
* Непозната ќерка, за која има сведоштва дека се замонашила во 1373 година
* Втора непозната ќерка, која исто така се замонашила во 1373 година
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
 
* Donald M. Nicol, ''The Byzantine Family of Kantakouzenos (Cantacuzenus) ca. 1100-1460: a Genealogical and Prosopographical Study'' (Washington, DC: Dumbarton Oaks, 1968), p. 135
* Anthony Luttrell, [http://www.jstor.org/discover/10.2307/1291531?sid=21105778759283&uid=3737608&uid=4&uid=2 ''"John V's Daughters: A Palaiologan Puzzle"'']. Dumbarton Oaks Papers, 40 (1986), pp. 103-112
* Frances Kianka, [http://www.jstor.org/stable/1291648 "The Letters of Demetrios Kydones to Empress Helena Kantakouzene Palaiologina"], ''Dumbarton Oaks Papers: Homo Byzantinus: Papers in Honor of Alexander Kazhdan'', '''46''' (1992), pp. 155-164
* John Julius Norwich, ''Bisanzio'', Mondadori, Milano 2000.
* Barker J. W., ''Manuel II Paleologus (1391-1425)''. A Study in Late Byzantine Statesmanship, New Brunswick, N. J., 1969. с. 33-36.
* [http://fmg.ac/Projects/MedLands/BYZANTIUM%2012611453.htm#IoannesVdied1391B BYZANTIUM], fmg.ac