Михаил VIII Палеолог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 96:
===Морејското кнежевство===
Значајна промена настанала на [[Пелопонез]]. Во [[1278]]г. умрел [[Вилием II Вилардуен]] такашто [[Ахајско кнежество|Морејското кнежевство]] дошло под непосредна власт на [[Карло Анжујски]]. Можело да се очекува дека тоа ќе ја влоши положбата на [[Источно римско царство|Византијците]]. Всушност оваа промена ги ослабнала позициите на [[Кралство Сицилија|Латините]]. Тешкотиите со кои уште Вилием II морал да се бори постојано под управувањето на намесниците на Карло Анжујски, само се зголемувале. Земјата била исцрпена од постојаните војувања и [[Грци|грчкото]] население се бунтувало против туѓинското владеење. При ваквите околности, Византијците можеле да ја прошират својата територија до самата [[Аркадија]] што, особено по неодамнешните успеси во [[Егејско Море|Егејското Море]], значело значително засилување на византиските позиции.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 557.</ref>
 
===Опозицијата против црковната унија===
Подобрувањето на надворешнополитичката ситуација било платено со тешки внатрешни потреси. [[Ромеи|Византискиот народ]] и значителниот дел на византиското свештенство не сакале ни да чујат за унијата со [[Папска држава|римската црква]] и на политиката на царот и давале огорчен отпор. Односите меѓу Михаил VIII и [[Цариградска патријаршија|ромејската црква]] и порано минувале низ тешки кризи. По ослепувањето на младиот [[Јован IV Ласкарис|Јован Ласкарис]], [[Вселенски патријарх|патријархот]] [[Арсениј Цариградски|Арсениј]] фрлил анатема на него. со голема мака царот најодзади успеал да го отстрани строгиот аскет ([[1266]]г.) и од неговиот втор наследник [[Јосиф I Цариградски|Јосиф]] да добие разрешение, но еден дел од црквата и народот му останал верен на соборениот Арсениј. Се создала партија на т.н. арсенити којашто упорно му се спротиставувала на царот и на новата црковна управа. Кога пак Михаил VIII му се потчинил на папата и побарал од ромејската црква да ја признае римската надмоќ, возбудувањето ја зафатило целата земја. Ситуацијата била дотолку потешка што ни патријархот Јосиф не се согласувал со унијата такашто пак морало да се изведе насилна промена на цариградскиот стол. За патријарх бил поставен хартофилаксот [[Јован XI Цариградски|Јован Век]], надарен и вешт човек, којшто во почетокот бил во опозиција, а потоа преминал кон унијата. [[Источно римско царство|Византиското царство]] се поделило на два непријателски табори. Одозгора декретираното отстранување на цариградско-римскиот расцеп предизвикало длабок расцеп во самата Византија. Византискиот народ, со векови воспитуван во православието да гледа најголема светост и од дното на душата да ги мрази Латините, се бунтувал против царот којшто за желбите на Рим ја изневерил [[Православие|православната вера]]. Меѓутоа, царот преминувал преку се и цврсто се залагал за унијата, не гледајќи друг излез од настанатата ситуација. Отпочнале свирепи прогони. По преполнетите затвори лежеле свештеници и световни луѓе, незнајници и членови на царскиот дом бидејќи расцепот ги зафатил сите слоеви на населението па и самото царско семејство било поделено.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 557-558.</ref>
 
Дури и вон византиските граници, унијатската политика на царот предизвикувала тешки заплети. Евлогија (Ирина), омилената сестра на Михаил, одлучната противничка на унијата, отишла кај својата ќерка, [[Второ бугарско царство|бугарската]] царица Марија, та со дејствувањети на овие две жени бугарскиот двор станал жариште на интриги против византискиот цар. Всушност, на оваа страна наскоро дошло до привремен пресврт. Во Бугарското царство, изложено на постојани [[Златна орда|монголски]] упаѓања, поткопано од социјални спротивности, дошло до силно народно движење и тешки внатрешни борби. Вмешувајќи се во бугарските размирници со оружена сила, византискиот цар успеал против победоносниот народен водач [[Ивајло (бугарски цар)|Ивајло]] да истакне еден ромеизиран член на [[Асеновци]]те, оженет со византиска принцеза, и како Иван Асен II да го воздигне на разнишаниот престол во [[Трново]] ([[1279]]г.).<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 558-559.</ref>
 
Омразата спрема унијатскиот цар најкобни последици имала во грчките сепаратистички државички. Дури и мирниот [[Епирско деспотство|епирски]] деспот [[Никифор I Комнин Дука|Никифор]] станал против Палеолог. Го зазел [[Бутринт]]о, кое неодамна преминало во византиски раце, па подоцна ([[1279]]г.) му го предал на [[Карло I Анжујски|Карло Анжујски]]. а севастократорот [[Јован I Дука Тесалиски|Јован Тесалиски]], стариот непријател на Византија со латинска помош, сега истапувал во улога на бранител на православието, собирајќи околу себе многубројни противници на унијата. Во [[1278]]г. тој дури одржал и собир на којшто царот Михаил VIII бил проколнат како еретик. Со овие околности во значителна мерка се објаснуваат на византиските походи против [[Тесалиска држава|Тесалија]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 559.</ref>
 
===Поништување на унијата===
Не само [[Источно римско царство|византискиот]] цар, туку и [[Папска држава|римската]] курија порала да се бори за одржување на римско-византиската спогодба. По смртта на [[папа]]та [[Папа Грегориј X|Григориј X]] ([[1276]]г.) во [[Рим]] зајакнало влијанието на [[Кралство Сицилија|сицилијанскиот]] крал и во римско-византиските односи настапило заладување. Папата [[Папа Никола III|Никола III]] ([[1277]]г.-[[1280]]г.) уште еднаш им дал силен потстрек на римските универзалистички стремежи, а со тоа и на унијатската политика. Се обидел на Запад да создаде извесна рамнотежа меѓу [[Карло I Анжујски|Карло Анжујски]] и [[Рудолф Хабзбуршки]], а на Исток меѓу Карло и византискиот цар, за над сите световни сили да се издигне универзалната власт на римската црква. Во времето на неговиот понтификат, Михаил VIII се чувствувал сигурен на Запад и токму во ова време биле најзначајните византиски успеси во [[Мореја]] и на [[Егејско Море|Егејското Море]]. Но при наредниот избор на папа победило влијанието на Карло Анжујски и ситуацијата од основа се изменила. На римскиот стол во [[1281]]г. се качил [[Французи|Французинот]] [[Папа Мартин IV|Мартин IV]], слепото орудие на моќниот сицилијански крал. Римската курија се одрекла од улогата на суверен арбитар и се ставила во служба на анжујската освојувачка политика. Со поддршка од папата, Карло Анжујски и титуларниот [[Латинско царство|латински]] цар [[Филип I (Латинско царство)|Филип]], синот на [[Балдвин II (Латинско царство)|Балдвин II]], на [[3 јули]] 1281г. во [[Орвиет]] склучиле договор со [[Венецијанска република|Венецијанската република]] „заради воспоставување на Римската империја, узурпирана од Палеолог. Дури, потчинувајќи се на барањата на Карло Анжујски, Мартин IV, кон византискиот цар, коишто прифаќајки ја унијата во својата земја морал да издржува тешки борби, го проколнал како шизматик и им забранил на [[Католицизам|католичките]] владетели со него да одржуваат врски.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 559-560.</ref>
 
На тој начин унијата доживеала целосен неуспех. Од неа се одрекол и самиот Рим. Западните сили се обединиле против Византија. Венецијанците на Карло Анжујски му дале флота, а папата му дал морална подршка. Владетелите на балканските земји се придружиле во антивизантискиот потфат. Во спогодба со Карло Анжујски, севастократорот [[Јован I Дука Тесалиски|Јован Тесалиски]] и кралот [[Стефан Урош II Милутин|Милутин]] упаднале во [[Македонија]] во [[1282]]г. [[Кралство Србија (Среден век)|Српскиот]] крал го зазел [[Скопје]] кое со тоа Византија засекогаш го загубила. Во [[Второ бугарско царство|Бугарија]], византискиот штитеник [[Иван Асен III]] го изгубил престолот, а неговиот наследник [[Георги I Тертер]], којшто му ја одзел круната како водач на бугарските болјари, се свртел против Византија и се спогодил со Карло Анжујски и Јован Тесалиски. Никогаш порано Карло Анжујски не бил поблиску до својата цел и никогаш како сега положбата на Михаил VIII не се чинела побезизлезна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 560.</ref>
 
===Соборувањето на Карло===
Во последниот час настапил неочекуван пресврт. [[Карло I Анжујски|Карло Анжујски]], уверен во својата победа, доживеал стравотна катастрофа, додека дипломатската вештина на Михаил Палеолог го доживеала својот најголем триумф. Уште во времето на понтификатот на [[Папа Никола III|Никола III]], со посредувањето на [[Република Џенова|Џеновјаните]], Михаил VIII стапил во допир со [[Кралство Арагон|арагонскиот]] крал [[Петар III Арагонски|Петар III]], зетот на [[Манфрен I Сицилијански|Манфред]], и го наговорил да го нападне од зад грб Карло Анжујски и да му го одземе [[Кралство Сицилија|Кралството]] коешто тој во [[1266]]г. му го одзел на Манфред. [[Источно римско царство|Византискиот]] цар му ставил на распологање средства за изградба на флота. Во исто време добро снабдените со пари, византиски агенти го потстрекнувале сицилијанското население против туѓинското владеење на [[Анжујци]]те. На [[Сицилија]] владеело длабоко вриење бидејќи земјата била исцрпена од постојаните воени подготовки на Карло и била огорчена на уцените на неговото чиновништво. Византиските пари, скриеното незадоволство го претвориле во отворен бунт, како што византиските пари ја овозможиле и воената акција на арагонскиот крал. Во својата автобиографија Михаил VIII вели: „Ако би се осмелил да речам дека господ на Сицилијанците им ја даде слободата и дека тој тоа го стори со моите раце, би ја рекол само вистината“.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 560-561.</ref>
 
Во мигот кога тешкотиите на византискиот цар го достигнале врвот во [[Палермо]], на [[31 март]] [[1282]]г., избувнало востание коешто се секавична брзина се проширило по целиот остров. Оваа познаа [[Сицилијанска вечерна]] го означила крвавиот крај на владеењето на Анжујците на Сицилија. Во август со својата флота стигнал и Петар Арагонски. Крунисан во Палермо со круната на Манфред тој станал господар на Сицилија додека Карло Анжујски со тешки маки успеал да ја одржи власта на јужноиталијанската почва. За поход на Византија не можело да стане збор, јужноиталијанското кралство било распарчено, Карло Анжујски бил исфрлен од играта по беспримерната катастрофа и самиот [[папа]] со оваа катастрофа бил тешко погоден, на [[Латинско царство|латинскиот]] титуларен цар [[Филип I (Латинско царство)|Филип]] никој не му придавал сериозно значење, а [[Венецијанска република|Венецијанците]] побрзале да му се приближат на византискиот цар и на Петар Агаронски. Бурата којашто дваесет години се подготвувала над Византија била обесилена со генијалната дипломатска вештина на Михаил VIII Палеолог.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 561-562.</ref>
 
== Наводи ==