Михаил VIII Палеолог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 70:
Во меѓувреме, на Запад се одиграле важни настани. Грофот од [[Прованса]] - [[Карло Анжујски]] на повик од [[папа]]та дошол во [[Италија]] и го совладал кралот [[Манфред (Кралство Сицилија)|Манфред]], којшто на [[26 февруари]] [[1266]]г. загинал кај [[Битка кај Беневент|битката]] кај [[Беневент]]. Новиот крал на [[Кралство Сицилија|Сицилија и Неапол]] за [[Источно римско царство|Византија]] бил многу поопасен противник од Манфред. Манфред му бил непријател на папата, а Карло Анжујски бил негов миленик и се јавила сериозна опасност дека сега антивизантиските планови ќе наидат на поддршка во [[Папска држава|Рим]]. Навистина Карло Анжујски на [[27 мај]] [[1267]]г. во [[Витербо]], во присутство на папата, со бившиот [[Латинско царство|латински]] цар [[Балдвин II (Латинско царство)|Балдвин II]] склучил договор за пријателство и повторна поделба на Византиското царство. Бракот меѓу Беатриче, ќерката на Карло и Балдвиниот син Филип требало да го зацврсти новопоставеното пријателство.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 549.</ref>
 
На тој начин Карло Анжујски, штом станал господар на Сицилија, отворено истапил со агресивните намери против Византија. Наскоро тој и активно се замешал во приликите во [[Грција (регион)|Грција]], си ги осигурал за себе поседите на Манфред во [[Епир]] и стапил во врска со [[Вилием II Вилардуен]]. [[Ахајско кнежевствокнежество|Ахајскиот]] кнез, чиишто сили биле исцрпени во борбата против Византијците и којшто се чувстувал загрозен поради омразата на своите [[Грци|грчки]] поданици, се фрлил во прегратката на сицилијанскиот крал и својата земја ја ставил под негов суверенитет. Својата ќерка Изабела ја венчал со Филип, синот на Карло. [[Кралство Србија (Среден век)|Србија]] и [[Второ бугарско царство|Бугарија]] застанале на неговата страна бидејќи и политичките и династички причини ги наведувале [[балкан]]ските владетели да и се придружат на антивизантиската коалиција. Бугарскиот цар [[Константин Асен|Константин Тих]] му бил зет на [[Јован IV Ласкарис]], когошто Михаил VIII го соборил од престолот и го ослепил, а српскиот крал [[Стефан Урош I|Урош I]], којшто бил оженет со [[Кралство Франција|француска]] принцеза, очекувал дека сојузот со Карло Анжујски ќе му помогне во ширењето на неговата земја за сметка на Византија. Во меѓувреме Карло Анжујски конечно ја зацврстил својата власт во Италија и почнал да испраќа трупи и пари во Ахаја.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 550.</ref>
 
Позицијата на византискиот цар станала вонредно тешка. Но Михаил VIII не папсал. Дури ни тогаш тој не губел надеж дека ќе го придобие [[папа]]та и навистина [[Папа Климент IV|Климент IV]] ја прифатил поканата за обновување на преговорите за унија. Рим, пред се сакал да се отстрани ромејската шизма и да се ослободи [[Света земја|Светата земја]], а не ми дошло до освојувањето на Византиското царство за коешто сонувал сицилијанскиот крал. Настаните од [[1204]]г. јасно покажале дека со проста окупација на Византија не можело да се постигне потчинување на [[Цариградска патријаршија|ромејската црква]]. Далекувидната римска источна политика не можела да се идентификува со освојувачките планови на Карло Анжујски. Доколку Климент IV ги поддржувал таквите планови тоа го правел само за да изврши поголем притисок врз византискиот цар и за да го натера на црковно потчинување. Кога умрел Климент IV ([[1268]]г.) и кога римскиот стол подолго време останал празен, вештиот византиски цар добил поткрепа кај францускиот крал [[Луј IX|Луј IX Светиот]]. И Луј IX пред се, се стремел кон ослободување на [[Ерусалим]] од власта на [[Муслимани|неверниците]] и за воспоставување црковен мир. Поткрепуван во своите намери со пратеништвата на византискиот цар тој успеал да го одврати својот воинствен брат од војна против [[Ромеи]]те. Карло Анжујски бил принуден во [[лето]]то [[1270]]г. да го придружува во [[Осма крстоносна војна|крстоносната војна]] во [[Тунис]] и со тоа походот, што тој го подготвувал против Византија, бил запрен во одлучувачкиот миг. Најпосле, во [[септември]] [[1271]]г., римскиот стол бил пополнет. И покрај настојувањата на Карло Анжујски, за папа одново не бил избран [[Французи]]н туку [[Италијанци|Италијанецот]] [[Папа Грегориј X|Григориј X]]. Новиот папа бил ревносен бранител на идејата за црковна унија и на крстоносните војни, а не бил наклонет за помагање на освојувачките планови на Карло Анжујски. Повеќе од кога и да е порано прашањето за унијата и давало правец на источната политика на Рим.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 550-551.</ref>
 
Додека Карло Анжујски бил во Тунис, положбата во јужна Грција се изменила во полза на Византијците коишто успеале да ги зацврстат своите позиции на Пелопонез. Меѓутоа, крстоносната војна во Тунис била само кратка епизода. Наскоро по доаѓањето во [[Африка]], Луј IX умрел од епидемија, а Карло Анжујски по кратката победоносна војна, се вратил на [[Сицилија]]. Новите транспости на трупи во Мореја во 1271г.-[[1272]]г. го запреле напредувањето на Византијците.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 550-551552.</ref>
 
===Делувањето на Балканот===
Михаил VIII се обидел да го ослаби притисокот на [[Карло Анжујски]] во [[Грци|грчките]] и [[Словени|словенските]] земји на [[Балкан]]от со создавање династички врски. По смртта на деспотот [[Михаил II Комнин Дука|Михаил II]] (умрел во [[1271]]г.), [[Епирско деспотство|Западноромејската држава]] се распаднала: власта во [[Епир]] ја презел законскиот наследник [[Никифор I Комнин Дука|Никифор I]], оженет со царевата внука, а во [[Тесалија]] завладеал деспотовиот вонбрачен син Јован. Царот Михаил VIII му ја дал титулата севастократор и својот внук Андроник Тарханиот го оженил со неговата ќерка. И покрај тоа воинствениот тесалиски владетел наскоро се покажал како огорчен непријател на [[Источно римско царство|византискиот]] цар, а Тарханиот подготвено ја поддржувал антивизантиската активност на својот тест. Спогодба меѓу Византија и сепаратистичките грчки државички тешко можело да се постигне бидејќи првенствена цел на византискиот цар му била ликвидирањето на таквите држави.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 552.</ref>
 
== Наводи ==