Мартина (сопруга на Ираклиј I): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 32:
 
== Семејство ==
Мартина и Ираклиј имале најмалку десет деца, од кои две страдале од попреченост, поради нивната роднинска врска. Познати се само имињата на:
* Константин
* Фабиј, кој бил парализиран
* Теодосиј, кој бил глувонем
* [[Ираклиј II]]
* Давид
* Августин
* Анастасија
* Фебронија
 
== Регент==
 
На смртна постела во [[641]] император Ираклиј ја поделил власта меѓу двајцата синови [[Константин III Ираклиј]] (роден од неговиот прв брак со [[Фабија Евдокија]]) и [[Ираклиј II]]. Мартина била признаена како царица мајка и на двајцата. Царот починал на [[11 февруари]] [[641]], што според патријарх Никифор претставувало казна поради бракот со Мартина.
 
Мартина по смртта на својот сопруг била прогласена за регент. Церемонијата се одржала на хиподромот во присуство на членови на Сенатот и други високи службеници. На церемонијата отсуствувале единствено Константин III и Ираклеон. Пред насобраната толпа, Мартина го прочитала тестаментот на Ираклиј и се прогласила за регент на врховната власт во империјата. Толпата сепак ги извикувала имињата на Константин и Ираклион, што било гест на неодобрување на активностите на императорката. Тоа ја принудило Мартина да се повлече во царската палата.
 
Односите меѓу Мартина и Константин III биле лоши, поради што откако тој починал четири месеци подоцна, најверојатно од туберкулоза, насекаде се сметало дека Мартина го отрула, за да обезбеди единствена власт за својот син Ираклион. Освен тоа наскоро по смртта на Константин III, Мартина започнала да ги прогонува сите негови приврзаници, со помош и поддршка на патријарх Пир I, еден од нејзините советници, кој водел политика на [[Монотелитство]].
 
Активностите на императорката и гласините дека таа го отровила Константин станале причина народот и Сенатот да се свртат против неа и нејзиниот син. Ерменецот Валентин Арашакуни собирал војници во [[Мала Азија]] со кои успеал да го зазеде Халкедон, а плашливиот Ираклион го прогласил [[Констанс II Ираклиј]] за совладетел, кој бил син на Константин III. Но бунтовниците не застанале овде, па сенатот успеал да го детонизира Ираклиј II. По ова, носот и јазикот на Мартина и биле отсечени двајцата биле заточени на островот [[Родос]].
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
==Надворешни врски==
*[http://www.roman-emperors.org/martina.htm An article on Martina by Lynda Garland]
 
{{s-start}}
{{s-bef|before=[[Фабија Евдокија]]}}
{{s-ttl|title=[[Византиска царица]]|years=c. 613–641}}
{{s-aft|rows=2|after=[[Грегорија]]}}
|-
{{s-end}}
 
[[Категорија:Византиски императорки]]
[[Категорија:Византијци од 7 век]]
[[Категорија:Ираклиева династија]]