Фабија Евдокија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
'''Фабија Евдокија''' (околу [[580]]-[[612]]) била византиска царица, прва жена на царот [[Ираклиј I]].
 
Вистинското име на императорката било Фабија. Таа била ќерка на Рога, крупен земјопоседник од [[Африкански егзархат|Егзархија Африка]].
 
Фабија била свршена за идниот император Ираклиј уште додека тој престојувал во [[Африка]], каде што неговиот татко, Ираклиј бил егзарх на [[Картагина]]. Во [[608]] семејството на нејзиниот свршеник застанало на чело на бунт против императорот [[Фока (византиски цар)|Фока]]. Под непознати околности Фабија и мајката на Ираклиј, Евфименија биле заробени од Фока во [[610]] година. Двете жени биле затворени во манастирот Неа Метаноја и биле користени од Фока како заложници, за да се откаже Ираклиј од неговите планови за опсада на [[Константинопол]].
Двете жени најверојатно биле ослободени од приврзаниците на партијата на ''Зелените'' и биле предадени на Ираклиј на островот Калоними. Ова му овозможило на Ираклиј да ја продолжи борбата против императорот Фока. Ираклиј влегол со војниците во Константинопол без никаков отпор и го убил Фока.
 
На [[5 октомври]] [[610]] Ираклиј бил крунисан за император во црквата Свети Стефан во имперторския палата. Фабија и императорот се венчале малку подоцна истиот ден. Потоа Фабија го прифатила името Евдокија и титулата августа.
 
Таа на императорот Ираклиј му родила две деца: