Елија Анастасија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
 
== Царица ==
 
Во септември [[578]] Јустин II го прогласил Тибериј за свој соимператор. Јустин II починал на [[5 октомври]] [[578]] и Тибериј II станал единствен владетел на империјата<ref name="sophia"/>. Јован Ефески известува дека по смртта на Јустин II, Софија го испратила патријарх [[Евтихиј Цариградски]] кај Тибериј II, за да го убеди да се разведе со Ино. Поранешната царицата му понудила на Тибериј II да се ожени со неа или за нејзината ќерка. Царот сепак категорично го отфрлил нејзиниот предлог<ref name="ino"/>.
Стравувајќи за животот на сопругата и своите ќерките, Тибериј II наредил тие да бидат донесени тајно во [[Константинопол]]. Во една доцна вечер Ино и ќерките биле донесени преку моркси пат<ref name="PLRE"/>. Жените пристигнале неповредени, а Тибериј II наредил тие да бидат пречекани официјално од патријархот и од членовите на сенатот. Подоцна на специјална церемонија Ино била прогласена за царица и ја добила титулата [[августа]]<ref name="ino"/>.
 
Околу 580-та година Ино успешно се излекувала во Акве Калиде и во знак на благодарност ја подарила царската мантија на локалната црква. Во 584 година Аварите предводени од хан Бајан подложиле на опустошување Тракија и крајбрежјето и останале во лековитите Анхијалски бањи. Според византискиот историчар Теофилакт Симоката во една од црквите на градот Аварите ја пронашле пурпурната мантија на императорката Анастасија, а ханот Бајан ја облекол и се прогласил за император на Византија.
 
Според Јован Ефески името Ино не доликувало на една христијанска царицата, бидејќи имало пагански потекло<ref name="constantina">{{cite web | title=Constantina, wife of Emperor Maurice | last=Garland | first=Lynda | url=http://www.roman-emperors.org/tina.htm | work=De Imperatoribus Romanis}}</ref>. Според грчката митологија Ино е ќерка на Кадмиум и Хармонија, идентификувана со божицата Левкотеја. Така новата царицата го добила името Анастасија, предложено од приврзаниците на сината партија. Конкурентската зелена партија го предложила името Елена<ref name="PLRE"/><ref name="constantina"/>.
 
Тибериј II починал на [[14 август]] [[582]] година и бил наследен од Маврикиј, вереник на ќерка му Константина. Бракот меѓу Константина и Маврикиј бил склучен во есента [[582]] година. Церемонијата подетално е опишана од [[Теофилакт Симоката]]. Константина ја добила титулата августа, а Анастасија и Софија продолжиле да се титулираат со истата титула.<ref name="sophia"/>. Јован Ефески споменува дека трите августки резидирале во [[Големата палата во Константинопол|Големата палата]] во [[Константинопол]].
 
Анастасија починала во [[593]] година и била погребана во [[Црква Свети Апостоли (Константинопол)|црквата "Св. Апостоли"]] до нејзиниот сопруг<ref name="PLRE"/><ref name="ino"/>.