Михаил VIII Палеолог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 62:
 
===Бугарија и Епир===
Напоредно со тоа се воделе борби и во [[Епирско деспотство|Епир]] и во [[Второ бугарско царство|Бугарија]]. Вмешувајќи се во внатрешните размирици, Михаил VIII во [[1162]]г. ги зазечзазел значајните [[Црно Море|црноморски]] пристаништа [[Анхијал]] и [[Несебар|Месемврија]] и успеал да ја прошири својата територија за сметка на Бугарија. Напротив, во Епир, походите на освојувачот на [[Цариград]], Алексиј Стратигопул, кој всушност бил просечен војсководец, ни во [[1260]]г. ниту во 1262г. не поминале среќно. Дури во [[1264]]г. деспотот Јован Палеолог, братот на царот, и на оваа страна постигнал значајна победа и го принудил епирскиот деспот да го признае суверенитетот на византискиот цар. [[Никифор I Комнин Дука|Никифор I]], синот на деспотот [[Михаил II Комнин Дука|Михаил II]], кој порано бил оженет со ќерката на [[Теодор II Ласкарис]], сега се венчал со внуката на Михаил VIII.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 547-548.</ref>
 
===Договорите со Венеција и Џенова===
Борбите во јужна [[Грција (регион)|Грција]], по убавите успеси во почетокот, завлегле во неповолен пресврт. Војната се растегнала, пари снемало , па [[Селџуци|турските]] помошни трупи, не добивајќи редовно плата, преминале на страната на [[Кнежевство Ахаја|Латините]]. [[Источно римско царство|Византијците]] коишто продреле во внатрешноста на [[Пелопонез]], во [[1264]]г. кај [[Битка кај Макри-Плаги|Макри-Плаги]] претрпеле тежок пораз и почнале да се повлекуваат. Поразени биле и византиските [[Република Џенова|сојузници]] на море. Во [[пролет]]та [[1263]]г. [[Венецијанска република|Венецијанците]] ја разбиле џеновјанската флота кај [[Битка кај Сетепоција|Сетепоција]] во [[Неаполски Залив|Неаполскиот Залив]]. Тоа го поттикнало Михаил VIII да го промени својот став спрема [[Италија|италијанските]] поморски републики. Тој им го откажал сојузот на Џеновјаните, кој иако сврзан со големи материјални жртви, не ги довел очекуваните полезности, ги вратил џеновјанските бродови и стапил во преговори со надмоќната Венецијанска република. Во [[јуни]] [[1265]]г. бил изработен текстот на договорот, според кого Венецијанците ги добиле сите свои поранешни а и некои нови привилегии во Византиското царство. Прекинот со Џенова, меѓутоа, бил само привремен. Бидејќи опасноста од Запад се зголемувала и бидејќи Венецијанците оддолжувале со ратификацијата на договорот. Михаил VIII одново и подал рака на Џенова. Џеновјаните, кои во меѓувреме во борбата со Венецијанците претрпеле нов пораз ([[1266]]г.), со задоволство ја прифатиле понудата. Тие одново добиле право на слободна трговија во Византија, а освен тоа им било дадено и право да се населуваат во [[Галата]], цариградско предградие на [[Златен Рог|Златниот Рог]] ([[1267]]г.). Тука тие останале се до [[Отоманска империја|турското]] доба и наскоро Галата се претворила во богато џеновско трговско пристаниште. Враќањето на Џеновјаните во Византија го означила и крајот на колебањата на Венеција. На [[4 април]] [[1268]]г. византиско-венецијанскиот договор бил ратификуван иако клаузулата за протерувањето на Џеновјаните сега отпаднала. Меѓутоа, карактеристично било што договорот бил потпишан само на пет години. Венецијанците вовеле нов систем на краткорочни договори. Сепак, во споредба со дотогашната политика, која едноставно ја врзувала Византија или за Венецијанците или за Џеновјаните и неминовно ја доведувала во судир или со едната или со другата италијанска република, истовремената спогодба со двата града имала значајни предимства, бидејќи ја намалила опасноста од сојуз на венецијанската или џеновската флота со западните антивизантиски сили, а на царот му овозможила да го искористува соперништвото на италијанските поморски републики.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 548-549.</ref>
 
===Новиот противник на Запад===
Во меѓувреме, на Запад се одиграле важни настани. Грофот од [[Прованса]] - [[Карло Анжујски]] на повик од [[папа]]та дошол во [[Италија]] и го совладал кралот [[Манфред (Кралство Сицилија)|Манфред]], којшто на [[26 февруари]] [[1266]]г. загинал кај [[Битка кај Беневент|битката]] кај [[Беневент]]. Новиот крал на [[Кралство Сицилија|Сицилија и Неапол]] за [[Источно римско царство|Византија]] бил многу поопасен противник од Манфред. Манфред му бил непријател на папата, а Карло Анжујски бил негов миленик и се јавила сериозна опасност дека сега антивизантиските планови ќе наидат на поддршка во [[Папска држава|Рим]]. Навистина Карло Анжујски на [[27 мај]] [[1267]]г. во [[Витербо]], во присутство на папата, со бившиот [[Латинско царство|латински]] цар [[Балдвин II (Латинско царство)|Балдвин II]] склучил договор за пријателство и повторна поделба на Византиското царство. Бракот меѓу Беатриче, ќерката на Карло и Балдвиниот син Филип требало да го зацврсти новопоставеното пријателство.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 549.</ref>
 
На тој начин Карло Анжујски, штом станал господар на Сицилија, отворено истапил со агресивните намери против Византија. Наскоро тој и активно се замешал во приликите во [[Грција (регион)|Грција]], си ги осигурал за себе поседите на Манфред во [[Епир]] и стапил во врска со [[Вилием II Вилардуен]]. [[Кнежевство Ахаја|Ахајскиот]] кнез, чиишто сили биле исцрпени во борбата против Византијците и којшто се чувстувал загрозен поради омразата на своите [[Грци|грчки]] поданици, се фрлил во прегратката на сицилијанскиот крал и својата земја ја ставил под негов суверенитет. Својата ќерка Изабела ја венчал со Филип, синот на Карло. [[Кралство Србија (Среден век)|Србија]] и [[Второ бугарско царство|Бугарија]] застанале на неговата страна бидејќи и политичките и династички причини ги наведувале [[балкан]]ските владетели да и се придружат на антивизантиската коалиција. Бугарскиот цар [[Константин Асен|Константин Тих]] му бил зет на [[Јован IV Ласкарис]], когошто Михаил VIII го соборил од престолот и го ослепил, а српскиот крал [[Стефан Урош I|Урош I]], којшто бил оженет со [[Кралство Франција|француска]] принцеза, очекувал дека сојузот со Карло Анжујски ќе му помогне во ширењето на неговата земја за сметка на Византија. Во меѓувреме Карло Анжујски конечно ја зацврстил својата власт во Италија и почнал да испраќа трупи и пари во Ахаја.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 550.</ref>
 
== Наводи ==