Ана (сопруга на Артабасд): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Тиверополник ја премести страницата Ана (сопруга на Артавазд Иконољубец) на Ана (сопруга на Артавазд)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Ана''' (705 - по 743) била сопруга на [[Артавазд Иконољубец]] и царица на [[Византија]] и августа во периодот од 741 до 743 година.
 
== Августа ==
 
Ана била првородена ќерка на [[Лав III Сириец]] и [[Марија (сопруга на Лав III)|Марија]], како и сестра на [[Константин V Копроним]], Козма и Ирина.
 
Во [[713]] година, царот [[Анастасиј II (владетел)|Анастасиј II]] го назначил нејзиниот сопруг Артавазд за владетел ([[стратег]]) на [[Ерменија (тема)|Ерменија]]. По падот на Анастасиј, Артавазд направил договор со неговиот соработник [[Лав III Исавријанин|Лав III]], владетелот на [[Анадолија (тема)|Анадолија]] за соборување на новиот цар [[Теодосиј III]]. Овој договор бил запечатен со свршувањето на ќерката на Лав [[Ана (сопруга на Артавазд)|Ана]] за Артавазд, и бракот се случил откако Лав III седнал на тронот во март [[717]] година.
Нејзиниот татко ја омажил за [[Артавазд Иконољубец|Артавазд]] од Ерменија, стратег на тема Арменијакон. Станала мајка на Никифор, Никита и уште седум деца. Во 741 година нејзиниот сопруг го узурпирал престолот и станал император во јуни 741 година а владеел до ноември 743 година. Тој ја издигнал Ана на ранг августа додека синовите ги прогласил за совладетели.
 
Наскоро по неговото стапување на власт, Артавазд ја крунисал сопругата [[Ана (сопруга на Артавазд)|Ана]] за ''[[Августа (титула)|Августа]]'' а неговиот син Никифор за совладетел, додека пак другиот син [[Никита (син на Атавазд)|Никита]] за водач на ерменската тема. Ана станала мајка на вкупно седум деца.
 
== Пад ==
 
Но додека Артавазд можел да се потпре на поддршката на темите [[Тракија]] и Опсикија, [[Константин V Копроним]] за себе си ја обезбедил поддршката на Анадолската и Тракијската тема. Неизбежниот судир се случил во мај [[743]] година, кога Артавазд водел напад против Константин но бил поразен. Подоцна истата година Константин го поразил Никита, и на [[2 ноември]] [[743]] година Артаваздовото владеење завршило, кога Константин V влегол во [[Константинопол]] и го заробил својот непријател. Артавазд и неговите синови биле [[политичко сакатење во Византија|јавно ослепени]] и испратени во [[Црква Исус Спасител|Хлорскиот манастир]] во предградијата на Константинопол.<ref name= "Garland p. 9">{{harvnb|Garland|2006|p=9}}</ref>.
 
Годината на смртта на Ана е непозната, но таа не се споменува по владеењето на нејзиниот брат.