Михаил VIII Палеолог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 60:
===Ахајското кнежевство===
Спрема франкска [[Грција (регион)|Грција]], Михаил VIII на почетокот бил во исклучително поволна позиција бидејќи од времето на [[Битка на Пелагонија|пелагониската битка]], [[Вилием II Вилардуен]] бил негов заробеник. Царот нему можел да му ги диктира своите услови пред да му допушти, кон крајот на [[1261]]г., да се врати на својот престол во [[Ахајско кнежевство|Ахаја]]. Вилием II му дал вазална заклетва на [[Источно римско царство|византискиот]] цар, ја добил титулата голем доместик и морал да и отстапи на Византија редица значајни утврдувања на [[Пелопонез]]: [[Менемвасија]], [[Мистра]], [[Маина]] и [[Хиеракион]]. Но Вилардуен не му останал долго време верен на својот сизерен. Папата, бидејќи тогаш мразот се уште не бил скршен, го ослободил од положената заклетва. Силна поддршка тој добил и од [[Венецијанска република|Венецијанската република]], моќниот противник на обновеното Византиско царство, чиишто интереси тешко биле погодени со пропаѓањето на [[Латинско царство|Латинското царство]] и зближувањето на Византија со [[Република Џенова|Џенова]]. Избувнала војна и Михаил VIII на Пелопонез испратил, под заповедништво на својот брат, севастократорот Константин, силна војска со помошни одреди од 5,000 [[Селџуци|селџучки]] наемници и почнала брзата и победоносна византиска офанзива. Истовремено византиско-џеновјанската флота ги нападнал [[Егејско Море|егејските]] острови.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 547.</ref>
 
===Бугарија и Епир===
Напоредно со тоа се воделе борби и во [[Епирско деспотство|Епир]] и во [[Второ бугарско царство|Бугарија]]. Вмешувајќи се во внатрешните размирици, Михаил VIII во [[1162]]г. ги зазеч значајните [[Црно Море|црноморски]] пристаништа [[Анхијал]] и [[Несебар|Месемврија]] и успеал да ја прошири својата територија за сметка на Бугарија. Напротив, во Епир, походите на освојувачот на [[Цариград]], Алексиј Стратигопул, кој всушност бил просечен војсководец, ни во [[1260]]г. ниту во 1262г. не поминале среќно. Дури во [[1264]]г. деспотот Јован Палеолог, братот на царот, и на оваа страна постигнал значајна победа и го принудил епирскиот деспот да го признае суверенитетот на византискиот цар. [[Никифор I Комнин Дука|Никифор I]], синот на деспотот [[Михаил II Комнин Дука|Михаил II]], кој порано бил оженет со ќерката на [[Теодор II Ласкарис]], сега се венчал со внуката на Михаил VIII.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 547.</ref>
 
== Наводи ==