Мануил I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 25:
'''Мануил I Комнeн''' ([[грчки јазик|грчки]]: Μανουήλ Α' Κομνηνός, 28 ноември 1118 - 24 септември 1180) бил [[Источно римско царство|византиски]] [[Византиски цареви|император]] од династијата [[Комнини]] кој владеел од 1143 до 1180 година. За време на своето владеење, како и [[Јустинијан I]] се обидел да ги освои деловите на бившото [[Западно римско царство]].<ref name="N112-113">J. Norwich, ''Byzantium: The Decline and Fall'', 112-113</ref>
 
Желен да го обнови неговото Царство на неговата мината слава како супермоќ во [[Средоземно Море|Средоземниот]] свет, Мануил водел енергична и амбициозна надворешна политика. Во тој процес тој направил сојуз со [[Папа]]та [[Папа Адријан IV|Адријан IV]] и заживеаниот Запад, го нападнал [[Нормани|норманското]] [[Кралство Сицилија]], иако неуспешно, умешно го раководел преминот на крстоносците од [[Втора крстоносна војна|Втората крстоносна војна]] низ неговото Царство, и воспоставил византиски протекторат над прекуморските [[крстоносни држави]]. Соочувајќи се со [[Муслимани|муслиманските]] напредувања во [[Света земја|Светата земја]], тој имал заедничка цел со [[Ерусалимско кралство|Кралството Ерусалим]] и учествувал во заедничката инвазија на [[Фатимидски калифат|Фатимидскиот]] [[Египет]]. Мануил ја преобликувал политичката карта на [[Балкан]]от и источното Средоземје, ставајќи ги [[Кралство Унгарија|Унгарија]] и крстоносните држави под византиска хегемонија и вршел агресивни кампањи против неговите соседи на запад и исток. Сепак, кон крајот на неговото владеење достигнувањата на Мануил на истокот биле загрозени поради сериозниот пораз во [[Битка кај Мириокефалон|битката кај Мириокефалон]], која во голем дел резултирала поради неговата арогантност кога ги нападнал добро бранетите [[РумскиИкониски султанат|селџучки]] позиции. Иако Византијците се повратиле кај [[Битка кај Хиелион и Лемошеир|битката кај Хиелион и Лемошеир]] и Мануил склучил поволен мир со султанот [[Килиџ Арслан II]], Мириокефалон се покажал како конечниот, неуспешен обид на Царството да ја поврати внатрешноста на [[Анадолија]] од [[Селџуци|Турците]].
 
По смртта Мануил бил наследен од неговиот син Алексиј (1180-1183), но набрзо потоа [[Византија]] била зафатена од граѓанска војна која на крајот довела до мешање со крстоносците и првиот [[Опсада на Константинопол (1204)|пад на Цариград]] и на падот на [[Византија]] во 1204 години.
Ред 54:
 
===Втората крстоносна војна===
Преминот на [[крстоносци]]те низ [[Источно римско царство|византиските]] земји, проследен со вообичаени истапи, тешко ги заматил односите меѓу [[Ромеи|Византијците]] и [[Кралство Германија|Германците]]. Се чини дека Мануил не се ни состанал со својот сојузник, шурата [[Конрад III (германски крал)|Конрад III]]. Уште полоши биле односите со [[Кралство Франција|францускиот]] крал [[Луј VII]], пријателот на [[Рожер II Сицилијански|Рожер II]]. Во неговата близина веќе се говорело за освојувањето на [[Цариград]]. Како некогаш [[Алексиј I Комнин|Алексиј I]], и Мануил настојувал што побрзо крстоносците да ги префрли во [[Мала Азија]] и барал од водачите на крстоносците да му положат вазалска заклетва и да го признаат византискиот суверенитет над сите земји кои ќе ги освојат. Повеќе заради приближувањето на [[Французи]]те отколку Мануиловото инсистирање, Конрад III решил да премине во Мала Азија. Меѓутоа, таму неговата војска ја снашла жалосна судбина. При првиот судир со [[Селџуци|Турците]], таа целосно била совладана. По долгите преговори и натегања во Мала Азија преминал и Луј VII. Неговата војска се обединила со остатоците од [[Германци|германските]] трупи, но крстоносците се откажале од планираниот поход против [[РумскиИкониски султанат|Иконија]] и тргнале во правецот на [[Аталеја]]. Преминот низ тешкиот терен, проследен со насилство над месното население, со кавги меѓу Французите и Германците, со судири на Латините со Грците, конечно ја исцрпил силата на крстоносците. Конрад III по патот се разболел, па во [[Ефес]] ја напуштил војската на крстоносците. Од Аталеја и Луј VII се упатил со своите барони за [[Сирија]], препуштајќи ги своите луѓе на судбината.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 459-460.</ref>
 
===Политичкиот поларитет во тогашна Европа===
Ред 88:
И покрај сите успеси спрема [[Крстоносни држави|латинските држави]] на Исток и спрема [[Кралство Унгарија|Унгарија]] осаменоста на [[Источно римско царство|Византија]] се повеќе се манифестирала и кон крајот на седумдесеттите години позициите на Мануил биле разнишани на сите страни. Надежите за соработка со [[Папска држава|Рим]] се изјаловиле. Дури куријалната странка секаде - во [[Венецијанска република|Венеција]], [[Кралство Унгарија|Унгарија]], [[Хрватска (регион)|Хрватска]] и [[Далмација]] - работела против византискиот цар, а сите преговори за црковна унија пропаѓале заради неискоренливата омраза меѓу [[Цариградска патријаршија|Грците]] и [[Папска држава|Латините]]. [[Никита Хонијат]] го изразувал општото чувство на [[Ромеи|Византијците]] кога вели: „Проклетите Латини се желни за нашето богатство и сакаат да го уништат нашиот род... Меѓу нас и нив постои длабока омраза, ние не можеме со нив да се зближиме и во се се разликуваме“. Неуморен во изнаоѓањето нови патишта и начини, Мануил против [[Фридрих I Барбароса|Фридрих Барбароса]], својот главен противник, го поддржувал [[Ломбардиски сојуз|Сојузот на ломбардиските градови]], но ова оружје му било одземено со договорот во [[Венеција]] ([[1177]]г.) кој ја окончал војната на Фридрих со Ломбардискиот сојуз и овозможил негово помирување со [[папа]]та. Потоа исчезнала и последната надеж на Мануил во поддршката на Рим против германскиот [[Цар на Светото римско царство|цар]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 468.</ref>
 
Како што Мануил се обидувал да ја исползува секоја сила со која Фридрих Барбароса доаѓал во судир, така и Барбароса одржувал врски со сите непријатели на византискиот цар. Уште во [[1173]]г. тој стапил во врска со [[РумскиИкониски султанат|иконискиот]] султан [[Килиџ Арслан II|Килиџ Арслан]]. Доминантната положба којашто ја стекнал Мануил спрема латинските држави во предна [[Азија]] ги засилила и неговите позиции спрема Иконискиот султанат. Вештото ползување на антагонизмот меѓу [[Селџуци|селџучките]] поглавари и извесните воени успеси во [[Мала Азија]] уште повеќе ја зголемиле неговата надмоќ. Во [[1162]]г. Килиџ Арслан поминал три месеци во [[Цариград]] и се обврзал со договор дека на византискиот цар ќе му испрати помошни трупи и дека ќе му врати повеќе малоазиски градови. Меѓутоа, овие ветувања останале неисполнети, и додека Мануил бил зафатен на Запад и во Унгарија, Килиџ Арслан успеал да ги консолидира своите сили. Охрабрен од поддршката на германскиот цар тој заземал се поагресивен став спрема Византија, и во [[1175]]г. дошло до раскин. Следната година Мануил со голема војска тргнал против Иконискиот султанат. Меѓутоа, во [[Фригија|фригиските]] клисури кај [[Мариокефалон]] на 17 септември 1176г. му се случила страотна [[Битка кај Мариокефалон|катастрофа]]. Турците ја опколиле и ја уништиле неговата војска. Самиот Мануил овој пораз го споредил со катастрофата којашто Византија ја доживеала пред 105 годин кај [[Битка кај Манцикерт (1071)|Манцикерт]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 468-469.</ref>
 
Овој удар бил дотолку потежок што дошол во времето кога и на Запад византиската политика била во ќорсокак. Колку длабоко бил разнишан угледот на византискиот цар покажува и писмото коешто Фридрих Барбароса му го упатил на Мануил по мариокефалонската битка. Во него Фридрих, како "[[римски цар]]", го повикувал „грчкиот крал Мануил“ да му ја укаже должната послушност.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 469-470.</ref>