Михаил VIII Палеолог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 39:
 
===Односот со италијанските градови-држави===
Сега веќе немало ниту една сила на копно што би можела да ја спречи реставрацијата на [[Источно римско царство|Византиското царство]]. Сериозни пречки единствено можеле да се очекуваат од [[Венецијанска република|Венецијанската република]], вистинскиот творед на [[Латинско царство|Латинското царство]] во [[Цариград]] и главниот корисник на ситуацијата што настанала по [[1204]]г. За да се обезбеди и од таа страна Михаил VIII стапил во допир со [[Република Џенова|Џеновјаните]], соперниците на Венецијанците. На [[13 март]] [[1261]]г. Ниммфејаво [[Нимфеја]] а бил склучен, познатиот договор, којшто ја засновал моќта на [[Репулклиа|Џенова]] на Исток, како што договорот од 1282г[[1282]]г. ги поставил темелите на венецијанската моќ. Џенова се обврзала да му даде воена помош на царот против Венецијанците и за тоа добила многу широки привилегии, била ослободена од сите царини и давачки на територијата на Царството и требало да добие пристап во сите поважни византиски пристаништа, а по реставрацијата и во самиот [[Цариград.]] Со еден збор, Џенова си ја обезбедила трговската надмоќ на Исток што од крајот на [[XI век]] ја уживала ја уживала Венецијанската република. Всушност, Византија станала заробеник на двете [[Италија|италијански,градово]] републики кои се повеќе ја потиснувале нејзининатанејзината поморска моќ и трговија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 541-542.</ref>
 
===Освојувањето на Цариград===
Оној голем настан за кој повеќе од половина век [[Ромеи|Византијците]] и којшто најопфатно бил подготвуван и војнички и дипломатски, дошол речиси случајно. Во [[лето]]то [[1261]]г. царскиот војсководец Алексиј Стратигопул бил испратен со мала војска на [[Второ бугарско царство|бугарската]] граница. При преминот на [[Тракија]] тој дознал дека [[Цариград]] бил оставен речиси без заштита. Уште траело примирјето, склучено во [[август]] [[1260]]г., а [[Венецијанска република|венецијанската]] флота со поголем дел од [[Латинско царство|латинската]] тргнала во една експедиција на [[Црно Море]]. Без долго премислување, Стратигопул го нападнал незаштитениот град и во зората на [[25 јули]] 1261г. продрел во него речиси без борба. Царот [[Балдвин II (Латинско царство)|Балдвин II]] за да се спаси се вдал во бегство. Латинското царство во Цариград престанало да постои.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 542-543.</ref>
 
На [[15 август]] царот Михаил VIII свечено влегол во градот на [[Константин Велики]]. Во времето на латинското владеење Цариград загубил многу од својот некогашен блесок и богатство. По варварскиот грабеж од [[1204]]г. почнало систематското одвлекување на [[Источно римско царство|византиското]] богатство. Наоѓајќи се во голема сиромаштија, постојано загрозувана од надвор, латинската влада извезувала скапоцени предмети во западните земји за да ја обезбеди благонаклонетоста на западните сили. [[Црква|Црквите]] го загубиле својот украс, своите реликвии и икони. [[Влахерна (палата)|Влахернскиот дворец]] бил запуштен. Но сега големо било одушевувањето на Цариграѓаните. Дочекот на царот во ослободениот град се претворил во голем народен и верски празник. Народот и свештенството му излегле во пресрет, носејќи ја иконата на [[Богородица Марија|Богородица]] Ходигитрија, која се сметала за дело на евангелистот [[Апостол Лука (Евангелист)|Лука]]. Пеш, „повеќе како [[Христијани|христијанин]] отколку како цар“, Михаил VIII тргнал во свечената поворка во [[Студитски манастир|Студитскиот манастир]], а потоа следен со одушевено скандирање на народот влегол во [[Света Софија - Истанбул|Света Софија]]. Тука, во најголемиот и најславен византиски храм, во кого биле крунисани старите византиски цареви, [[Вселенски патријарх|патријархот]] во [[септември]] истата година го крунисал Михаил VIII и неговата сопруга Теодора со старата царска круна. [[Андроник II Палеолог|Андроник]], тригодишниот син на царот, како престолонаследник, бил прогласен за [[василевс]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 543-544.</ref>
 
Легитимниот цар [[Јован IV Ласкарис]] во сите тие свечености немал никаков удел, а нешто подоцна на несреќното момче му ги ископале очите. Како што [[Андроник I Комнин|Андроник Комнин]] го отстранил од патот [[Алексиј II Комнин|синот]] на [[Мануил I Комнин|Мануил]], така сега Михаил Палеолог го отстранил последниот потомок на [[Династија Ласкарис|Ласкарис]], кршејќи ги сите свечени заклетви и сите ветувања. Но, додека Андроник и самиот доживеал ужасен крај, вештиот Палеолог успеал да заснова моќно владеење и да го постави темелот на династијата којашто со Византија ќе владее се до нејзиниот последен час.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 544.</ref>
 
== Наводи ==