Отоманско-византиски војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 49:
Во 1376 година најверојатно со помош на Џенова, Андроник заедно со неговиот син и сопруга успеале да побегнат од затворот. Со помош на отоманците тие успеале да влезат во Константинопол и да ги поразат неговиот татко и брат Мануел и Теодор и да ги затворат. Како знак на благодарност тој ја дал својата сестра на отоманскиот султан. Султанот исто така го посакал Галиполи и Андроник му го предал полуостровот во 1377 година. Освен тоа, императорот му платил и огромен данок.
 
[[Бајазит]] во голема мера ја искористил династичката војна во [[Византија]] и направил сè за да се вмеша во нејзината внатрешна политика. Византија во негово време била сведена на престолнината [[Константинопол]] и крајбрежјето на [[Црно Море]] како и [[Мореја]] на [[Пелопонез]]. Во Константинопол управувал [[Јован V Палеолог]] (1341—1391), додека неговиот внук Јован VII Палеолог владеел со областите од Месемврија до Цариград. Со подршка на [[Џенова]] и Османлиите, [[Јован VII Палеолог]] успеал да зазеде неколку градови и да се појави пред ѕидините на Константинопол. На стариот император Јован како на помош му дошол [[Мануил II Палеолог]], но и покрај тоа на 14 април 1390 година во градот влегол Јован VII. Јован V со своите приврзаници бил затворен во [[Златна порта (Константинопол)|Златната порта]], додека неговиот син Мануил успеал да побегне од градот. На Венецијанската република и била позната бајазитовата подршка на Јован VII. Мануил II успеал да собере помош од егејските острови и во август се нашол пред Константинополските ѕидини. Со помош на Џенова, на [[17 септември]] [[1390]] година Јован V повторно ја зазел власта а Јован VII побегнал кај Бајазит како османлиски вазал<ref name=oxford-273>''Oxford History'', p. 273</ref>.
 
Бајазит со помош на вазалот ја зазеле последната христијанска населба во Анадолија, [[Падот на Филаделфија|Филаделфија]]. Поради стравот од Бајазит, Јован V започнал со поправка на ѕидините на престолнината на кое Бајазит му се заканил со опсада на градот. Поради ова византискиот император го повлекол проектот а како награда го добил Мануил II. Во 1391 година починал Јован, а на негово место застанал Мануил II, кој бил вазал на Бајазит и кој му порачал дека територијата на Византија се наоѓа единствено зад Константинополските ѕидини. Покрај тоа, Мануил морал да се согласи да [[Бајазит]] именува кадија кој во Константинопол ќе им суди на муслиманското население.
 
== Наводи ==