Отоманско-византиски војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 42:
 
Византискиот император му се обратил на Орхан да неговиот син Сулејман ги врати одземаните градови, на кое Орхан одговорил дека тие градови не биле заземани со сила. По интензивни преговори, султанот наредил на својот син да се повлече а за возврат да добие 40.000 златни монети. За да се потврди договорот двајцата владетели требало да се состанат во денешен Измит но до тоа не дошло бидејќи Орхан наводно се разболел, а тракиските градови во крајна сметка останале под власта на османлиите. Кон крајот на 1354 година византискиот императот абдицирал. Така, [[падот на Галиполи]] заедно со тврдината Цимпе станале првите заземани места на османлиите во Европа<ref name=oxford-268>''Oxford History'', p. 268</ref><ref>Madden, p. 182</ref>.
 
== 1371-1394 ==
[[Податотека:Murat I Balcans.JPG|thumb|Отоманската инвазија во времето на Мурат I]]
Во [[1373]] година бил склучен сојуз меѓу Мурат и византискиот император Јован V. Ова зближување било потикнато од истовремените бунтови на нивните синови [[Савчи Бег]] и Андроник. Една кратка хроника од [[1377]] година соопштува дека Андроник во мај 1373 година го напуштил Константинопол бегајќи од сопствениот си татко и се сретнал со султановиот син. Бунтот започнал на 25 мај, но истиот бил задушен уште пред да започне. На 29 септември 1373 година востание повторно дигнал султановиот син, по кое Мурат го заробил и наредил да биде ослепен, а Андроник бил затворен. Вестите за овој сојуз стигнале до папата во Рим, кој во следните години го нарекол ''сојуз на нечестта'', и покрај тоа што папата претходно не сакал да му помогне на византискиот император.
 
Во 1376 година најверојатно со помош на Џенова, Андроник заедно со неговиот син и сопруга успеале да побегнат од затворот. Со помош на отоманците тие успеале да влезат во Константинопол и да ги поразат неговиот татко и брат Мануел и Теодор и да ги затворат. Како знак на благодарност тој ја дал својата сестра на отоманскиот султан. Султанот исто така го посакал Галиполи и Андроник му го предал полуостровот во 1377 година. Освен тоа, императорот му платил и огромен данок.
 
Бајазит во голема мера ја искористил династичката војна во Византија и направил сè за да се вмеша во нејзината внатрешна политика. Византија во негово време била сведена на престолнината Константинопол и крајбрежјето на Црно Море како и Мореја на Пелопонез. Во Константинопол управувал Јован V Палеолог (1341—1391), додека неговиот внук Јован VII Палеолог владеел со областите од Месемврија до Цариград. Со подршка на Џенова и Османлиите, Јован VII успеал да зазеде неколку градови и да се појави пред ѕидините на Константинопол. На стариот император Јован како на помош му дошол [[Мануил II Палеолог]], но и покрај тоа на 14 април 1390 година во градот влегол Јован VII. Јован V со своите приврзаници бил затворен во [[Златна порта (Константинопол)|Златната порта]], додека неговиот син Мануил успеал да побегне од градот. На Венецијанската република и била позната бајазитовата подршка на Јован VII. Мануил II успеал да собере помош од егејските острови и во август се нашол пред Константинополските ѕидини. Со помош на Џенова, на 17 септември 1390 година Јован V повторно ја зазел власта а Јован VII побегнал кај Бајазит како османлиски вазал.
 
Бајазит со помош на вазалот ја зазеле последната христијанска населба во Анадолија, [[Падот на Филаделфија|Филаделфија]]. Поради стравот од Бајазит, Јован V започнал со поправка на ѕидините на престолнината на кое Бајазит му се заканил со опсада на градот. Поради ова византискиот император го повлекол проектот а како награда го добил Мануил II. Во 1391 година починал Јован, а на негово место застанал Мануил II, кој бил вазал на Бајазит и кој му порачал дека територијата на Византија се наоѓа единствено зад Константинополските ѕидини. Покрај тоа, Мануил морал да се согласи да Бајазит именува кадија кој во Константинопол ќе им суди на муслиманското население.
 
== Наводи ==