Отоманско-византиски војни: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 34:
== Балканска инвазија и граѓанска војна (1341–1371) ==
По византискиот пораз во [[Битка кај Пелеканон|битката кај Пелеканон]], Орхан развил пријателски односи со [[Андроник III Палеолог]], како и со неговите наследници. Во следните дваесет години отоманците внатрешно се зацврстиле. Во [[Византиска граѓанска војна (1341-1347)|Византиската граѓанска војна]] од [[1341]] до [[1347]], [[Византија]] ги потрошила можеби и своите последни ресурси. Во [[1341]] година починал Андроник III. Негов наследник бил Јован V кој бил малолетен. Истата година [[Јован VI Кантакузин]] се прогласил за император на Византија давајќи го почетокот на граѓанската војна меѓу Ана Савојска и [[Алексиј Апокавк]]. И двете страни се стремиле да ги придобијат како сојузници туркиските владетели во [[Анадолија]]. Ана најверојатно својата делегација кај [[Орхан I]] ја испратила во [[1345]] година.
Во [[1346]] година, императорот [[Јован VI Кантакузин]] го признал Орхан како најголем емир меѓу муслиманските кнежества. Тој се стремил да ги држи османлиските сили постојано до неговите интереси. Во [[1346]] година османлискиот владетел испратил делегација кај Кантакузин посакувајќи ја неговата ќерка Теодора за сопруга а во замена ветил дека ќе му помогне во бунтот против Ана. Според историчарите, Јован ова го прифатил дури откако се согласиле и поголемиот дел од семејството, служителите и другиот туркиски сојузник Умур<ref>Paul LEMERLE, L'Emirat d'Aydin. Recherches sur la Geste d'Umur Pacha, Paris (1957)</ref>. По добивањето на согласност, Орхан испратил во Селиврија, денешен Силиври, западно од Константинопол воена помош. Самата свадба била многу раскошна и опишана од страна на многу византиски историчари<ref>A.A.M. BRYER, „Greek Historians on the Turks: the Case of the first Byzantine-Ottoman marriage". In: R.H.C. DAVIS, J.M. WALLACE-HADRILL (eds.), The Writng of History in the Middle Ages. Essays Presented to Richard William Southern, Oxford (1981)</ref>. Сојузот меѓу Орхан и Кантакузин ја принудил на Ана да побара помош од емирот на Сарухан. Тие откажале и се придружиле кон силите на Орхан. На 2 февруари Јован влегол во Константинопол и по шест дена се прогласил за нов император. Јован V добро ги одржувал врските со Орхан. Во 1348 година српскиот цар [[Стефан Душан]] ја зазел [[Тесалија]]. Јован побарал помош од Орхан кој испрратил околу 10.000 пешадиска војска на чело со неговиот син Сулејман паша. Кога пристигнале блиску до Солун османлиите неочекувано се обрнале повторно кон Дарданелите, притоа вршејќи големи грабежи. И покрај тоа, во 1352 година Јован повторно побарал помош од Орхан кога Јован го нападнал Матеј кај Адријнопол. На страната на Матеј застанале османлиите и оствариле голема победа.
== Наводи ==
|