Отоманско-византиски војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 8:
== Подем на Османлиите (1265–1328)==
 
Во времето кога [[Михаил VIII Палеолог]] го вратил [[КОнстантинопол]] под византиска власт, самата Византија била ставена во лоша ситуација. Околу нејзината територија се наоѓале неколку латински земји, на север заканата доаѓала од Србија на чело со кралот Стефан Урош. КОга Византија започнала да ги освојува териториите на [[Латинска империја]]<ref name="Mango, Cyril 2002">Mango, Cyril. ''The Oxford History of Byzantium''. 1st ed. New York: Oxford UP, 2002. pp. 255–257</ref>, Османлиите од друга страна во [[Анадолија]] започнале напади врз [[Византија]]. Владеењето на Осман го означува официјалниот почеток на владеењето на династијата на Османлиите во Османлиската империја, која постоела шест векови. Во [[1265]] година, византискиот град [[Согут]] бил заземан од страна на Осман бег.<ref>{{цитирана книга|last=Parker|first=Geoffrey|title=Compact History of the World|location=London|publisher=Times Books|year=2005|pages=71}}</ref>, кој станал прва престолнина на Османлиите. Во исто време, [[Осман]] успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Кон почетокот на [[13 век]], Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини. Така бил заземан [[Јенишехир]]<ref name=compact-70/>. Византискиот император не бил во можност да се справи со овие напади поради потребата од префрлување на војниците кон Анадолија.
 
Во 1282 година починал [[Михаил VIII Палеолог]], а неговиот син [[Андроник II Палеолог]] ја презел власта. Смртта на стариот византиски цар дошла како олеснување за општеството во целина. Андроник II Палеолог ги напуштил амбициозните потфати на својот татко, се придржувал кон православието и откако започнал со своето самостојно управување во [[1282]] година, ја укинал Лионската унија со Римската црква, склучена од Михаил VIII во 1274 година<ref name=oxford-260>''Oxford History'', pp. 260–261</ref>. Андроник II ја наследил државната каса на Византија во состојба на банкрот, поради големите воени трошоци на Михаил VIII. Царот ги ограниил фискалните привилегии на големите земјопоседници и ги зголемил даноците.
Ред 18:
Во дледниот период, во Византија избувнала [[Византиска граѓанска војна (1321-1328)|граѓанска војна]]<ref>Ostrogorsky, p. 499.</ref>. Во 1320 година починал престолонаследникот [[Михаил IX Палеолог]], син на Андроник II и негов соимператор (од 1295 година). Дел од аристократијата го воздигнал во 1321 година на престолот внукот на царот, синот на Михаил IX - [[Андроник III Палеолог]], кој се зацврстил во [[Тракија]]. Андроник II бил принуден да ја признае власта на Андроник III над [[Тракија]] и [[Македонија]] и да го прифати за помлад соимператор и престолонаследник во [[1322]] година.<ref name="Fine251">Fine (1994), p. 251</ref><ref name="Nicol157">Nicol (1993), p. 157</ref><ref>Bartusis (1997), p. 87</ref>.
 
Граѓанската војна во Византија дала шанса на Османлиите да извлечат корист, додека Бугарија и Србија интервенирале со поддршка на едниот или другиот кандидат. На крајот, како победник излегол [[Андроник III Палеолог]]. Османлиите користејќи ја нестабилноста во Византија, успеале да го [[Опсада на Бурса|заземат градот]] [[Бурса]] во 1326 година<ref name=compact-70/>.
 
== Наводи ==