Отоманско-византиски војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
Во времето кога Михаил VIII Палеолог го вратил КОнстантинопол под византиска власт, самата Византија била ставена во лоша ситуација. Околу нејзината територија се наоѓале неколку латински земји, на север заканата доаѓала од Србија на чело со кралот Стефан Урош. КОга Византија започнала да ги освојува териториите на Латинска империја, Османлиите од друга страна во Анадолија започнале напади врз Византија. Владеењето на Осман го означува официјалниот почеток на владеењето на династијата на Османлиите во Османлиската империја, која постоела шест векови. Во [[1265]] година, византискиот град [[Согут]] бил заземан од страна на Осман бег.<ref>{{цитирана книга|last=Parker|first=Geoffrey|title=Compact History of the World|location=London|publisher=Times Books|year=2005|pages=71}}</ref>, кој станал прва престолнина на Османлиите. Во исто време, [[Осман]] успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Кон почетокот на [[13 век]], Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини. Така бил заземан [[Јенишехир]]. Византискиот император не бил во можност да се справи со овие напади поради потребата од префрлување на војниците кон Анадолија.
 
Во 1282 година починал [[Михаил VIII Палеолог]], а неговиот син [[Андроник II Палеолог]] ја презел власта. Смртта на стариот византиски цар дошла како олеснување за општеството во целина. Андроник II Палеолог ги напуштил амбициозните потфати на својот татко, се придржувал кон православието и откако започнал со своето самостојно управување во [[1282]] година, ја укинал Лионската унија со Римската црква, склучена од Михаил VIII во 1274 година<ref name=oxford-260>''Oxford History'', pp. 260–261</ref>. Андроник II ја наследил државната каса на Византија во состојба на банкрот, поради големите воени трошоци на Михаил VIII. Царот ги ограниил фискалните привилегии на големите земјопоседници и ги зголемил даноците.
 
Андроник II имал голем интерес во зачувување на анадолските територии на Византија и наредил изградба на тврдини во [[Мала Азија]] и енергична обука на армијата<ref name=oxford-260/>. Византискиот цар наредил неговиот двор да се пресели во Анадолија, за да ги надгледува кампањите против Османлиите. Раните успеси останале бескорисни кога Турците започнале опсада на [[Никеја]] во [[1301]]. Една од поголемите први османлиски победи била [[Битка кај Бафеј|битката кај Бафеј]]. Претходно Османлиите во опсада ги ставиле градовите [[Никеја]], кој бил империјален град и [[Бурса]].<ref>Kazhdan (1991), pp. 1539–1540</ref>Турските напади претставувале и закана за градот [[Никомедија]]. За да го спречи ова, царот [[Андроник II Палеолог]] испратил армија од околу 2.000 војници да го ослободат градот.<ref name="Bartusis">Bartusis (1997), p. 76</ref><ref>Kazhdan (1991), pp. 251, 1421</ref><ref name="Nicol126">Nicol (1993), p. 126</ref>Така битката се случила кај Бафеј, место кое очигледно се наоѓа помеѓу Никомедија и Никеја на [[27 јули]] [1302] година. Во битката, Османлиите успеале да го скршат отпорот на Византијците, принудувајќи ги да се повлечат кон Никомедија.<ref name="Bartusis"/><ref>Kazhdan (1991), pp. 251, 1421</ref><ref name="Nicol126">Nicol (1993), p. 126</ref>
 
По неуспесите на Византијците да се справат со сопствени сили, императорот ги повикал каталонските војници на чело со [[Роже де Флор]], кој пристигнал во [[Константинопол]] со 39 галии и 6500 луѓе, за да се бори со османлиските сили. Каталонците имале успех и привремено ја задржиле турската офанзива во Витина, но откако не ја добиле платата која им била ветена, тие започнале со грабежи по византиските територии во [[Мала Азија]]. Во 1305 година Роже де Флор бил повикан во [[Едрене]] каде бил убиен за време на една гозба. Ова убиство довело до крвави погрони, познати како Каталонска одмазда: платениците кренале востание и се здружиле со Османлиите па заедно започнале со своите пустошења по источна Тракија во текот на две години. Напаѓачите биле поразени во [[1308]] година кај [[Солун]].
 
Во дледниот период, во Византија избувнала [[Византиска граѓанска војна (1321-1328)|граѓанска војна]]<ref>Ostrogorsky, p. 499.</ref>. Во 1320 година починал престолонаследникот [[Михаил IX Палеолог]], син на Андроник II и негов соимператор (од 1295 година). Дел од аристократијата го воздигнал во 1321 година на престолот внукот на царот, синот на Михаил IX - [[Андроник III Палеолог]], кој се зацврстил во [[Тракија]]. Андроник II бил принуден да ја признае власта на Андроник III над [[Тракија]] и [[Македонија]] и да го прифати за помлад соимператор и престолонаследник во [[1322]] година.<ref name="Fine251">Fine (1994), p. 251</ref><ref name="Nicol157">Nicol (1993), p. 157</ref><ref>Bartusis (1997), p. 87</ref>.
 
Граѓанската војна во Византија дала шанса на Османлиите да извлечат корист, додека Бугарија и Србија интервенирале со поддршка на едниот или другиот кандидат. На крајот, како победник излегол [[Андроник III Палеолог]]. Османлиите користејќи ја нестабилноста во Византија, успеале да го [[Опсада на Бурса|заземат градот]] Бурса во 1326 година.
 
== Наводи ==