Отоманско-византиски војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
 
Во рок од 50 години од основањето на [[Османлиска империја|Османлискиот бејлик]], византиска [[Мала Азија]] престанала да постои, додека до 1380 била заземена византиска [[Тракија]]<ref>{{cite book|last=Grant|first=R.G.|title=Battle a Visual Journey Through 5000 Years of Combat|location=London|publisher=Dorling Kindersley|year=2005|page=122}}</ref> а веќе во 1400-тите години, Византија се наоѓача во делови на МОреја, неколку егејските острови и дел од Тракија во непосредна близина на главниот град. По [[Битка кај Никопол|Никополската битка]], инвазијата на [[Тимур]] во [[1402]] година и последната крстоносна [[Битка кај Варна|војна кај Варна]] во [[1444]] година, [[Османлии]]те во [[1453]] година започнале успешна [[опсада на Константинопол]] кое резултирало со конечно распаѓање на [[Византија]].
 
== Подем на Османлиите (1265–1328)==
 
Во времето кога Михаил VIII Палеолог го вратил КОнстантинопол под византиска власт, самата Византија била ставена во лоша ситуација. Околу нејзината територија се наоѓале неколку латински земји, на север заканата доаѓала од Србија на чело со кралот Стефан Урош. КОга Византија започнала да ги освојува териториите на Латинска империја, Османлиите од друга страна во Анадолија започнале напади врз Византија. Владеењето на Осман го означува официјалниот почеток на владеењето на династијата на Османлиите во Османлиската империја, која постоела шест векови. Во [[1265]] година, византискиот град [[Согут]] бил заземан од страна на Осман бег.<ref>{{цитирана книга|last=Parker|first=Geoffrey|title=Compact History of the World|location=London|publisher=Times Books|year=2005|pages=71}}</ref>, кој станал прва престолнина на Османлиите. Во исто време, [[Осман]] успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Кон почетокот на [[13 век]], Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини. Така бил заземан [[Јенишехир]]. Византискиот император не бил во можност да се справи со овие напади поради потребата од префрлување на војниците кон Анадолија.
 
Во 1282 година починал Михаил VIII Палеолог, а неговиот син [[Андроник II Палеолог]] ја презел власта. Смртта на стариот византиски цар дошла како олеснување за општеството во целина. Андроник II Палеолог ги напуштил амбициозните потфати на својот татко, се придржувал кон православието и откако започнал со своето самостојно управување во [[1282]] година, ја укинал Лионската унија со Римската црква, склучена од Михаил VIII во 1274 година<ref name=oxford-260>''Oxford History'', pp. 260–261</ref>. Андроник II ја наследил државната каса на Византија во состојба на банкрот, поради големите воени трошоци на Михаил VIII. Царот ги ограниил фискалните привилегии на големите земјопоседници и ги зголемил даноците.
 
Андроник II имал голем интерес во зачувување на анадолските територии на Византија и наредил изградба на тврдини во [[Мала Азија]] и енергична обука на армијата<ref name=oxford-260/>. Византискиот цар наредил неговиот двор да се пресели во Анадолија, за да ги надгледува кампањите против Османлиите. Раните успеси останале бескорисни кога Турците започнале опсада на [[Никеја]] во [[1301]]. Една од поголемите први османлиски победи била [[Битка кај Бафеј|битката кај Бафеј]]. Претходно Османлиите во опсада ги ставиле градовите [[Никеја]], кој бил империјален град и [[Бурса]].<ref>Kazhdan (1991), pp. 1539–1540</ref>Турските напади претставувале и закана за градот [[Никомедија]]. За да го спречи ова, царот [[Андроник II Палеолог]] испратил армија од околу 2.000 војници да го ослободат градот.<ref name="Bartusis"/><ref>Kazhdan (1991), pp. 251, 1421</ref><ref name="Nicol126">Nicol (1993), p. 126</ref>Така битката се случила кај Бафеј, место кое очигледно се наоѓа помеѓу Никомедија и Никеја на [[27 јули]] [1302] година. Во битката, Османлиите успеале да го скршат отпорот на Византијците, принудувајќи ги да се повлечат кон Никомедија.<ref name="Bartusis"/><ref>Kazhdan (1991), pp. 251, 1421</ref><ref name="Nicol126">Nicol (1993), p. 126</ref>
 
 
 
 
== Наводи ==