Бајазит I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
== Византија==
 
Бајазит во голема мера ја искористил династичката војна во Византија и направил сè за да се вмеша во нејзината внатрешна политика. Византија во негово време била сведена на престолнината Константинопол и крајбрежјето на Црно Море како и Мореја на Пелопонез. Во Константинопол управувал Јован V Палеолог (1341—1391), додека неговиот внук Јован VII Палеолог владеел со областите од Месемврија до Цариград. Со подршка на Џенова и Османлиите, Јован VII успеал да зазеде неколку градови и да се појави пред ѕидините на Константинопол. На стариот император Јован како на помош му дошол [[МануелМануил II Палеолог]], но и покрај тоа на 14 април 1390 година во градот влегол Јован VII. Јован V со своите приврзаници бил затворен во [[Златна порта (Константинопол)|Златната порта]], додека неговиот син МануелМануил успеал да побегне од градот. На Венецијанската република и била позната бајазитовата подршка на Јован VII. МануелМануил II успеал да собере помош од егејските острови и во август се нашол пред Константинополските ѕидини. Со помош на Џенова, на 17 септември 1390 година Јован V повторно ја зазел власта а Јован VII побегнал кај Бајазит како османлиски вазал.
 
Бајазит со помош на вазалот ја зазеле последната христијанска населба во Анадолија, [[Падот на Филаделфија|Филаделфија]]. Поради стравот од Бајазит, Јован V започнал со поправка на ѕидините на престолнината на кое Бајазит му се заканил со опсада на градот. Поради ова византискиот император го повлекол проектот а како награда го добил МануелМануил II. Во 1391 година починал Јован, а на негово место застанал МануелМануил II, кој бил вазал на Бајазит и кој му порачал дека територијата на Византија се наоѓа единствено зад Константинополските ѕидини. Покрај тоа, МануелМануил морал да се согласи да Бајазит именува кадија кој во Константинопол ќе им суди на муслиманското население.
 
== Освојување на Балканот ==
Ред 65:
=== Состанокот во Сер===
 
Со покорувањето на Трновска Бугарија, османлиските територии во Европа се простирале до реката Дунав. Се смета дека во тоа време Бајазит започнал да размислува за воведување на локални влади чии области би биле анкетирани и на тој начин би се создала централизираната држава. Унгарските обиди кај дунавските предели, како и тајните преговори меѓу МануелМануил II и Јован VII за помирување довеле до сомнеж кај Бајазит. Поради тоа тој сакал да го потврди својот авторитет на Блканот, свикувајќи средба со христијанските вазали во Сер во зимата 1393/94 година. Во Сер биле повикани самиот император МануелМануил II, синот на Јован VII [[Теодор Драгаш]], [[Павле Мамонас]] како господар на Монемвасија, како и српските владетели [[Константин Драгаш]] и кнез [[Стефан Лазаревиќ]]. Се смета дека на тој состанок присуствувале и Вук Вранковиќ заедно со [[Крале Марко]] и неговите браќа Андреја и Димитар. Султанот на овој начин сакал да ги дознае односите меѓу христијанските владетели. По овој состанок послушност кон Бајазит откажале [[Теодор Драгаш]] и МануелМануил II како и браќата на Марко, кои заминале во Унгарија. За разлика од нив, Вук Бранковиќ останал со своите поседи но подоцна побегнал во Дубровник.
 
Во [[1391]] година, нов император станал Јован V, кој следната година се оженил за [[Елена Драгаш]]. Во зимата 1393-1394 година, императорот бил повикан од страна на Бајазит во [[Сер]], заедно со вазалите [[Константин Драгаш]], [[Теодор Драгаш]] и [[Стефан Лазаревиќ]]. МануелМануил одбил да присуствува па затоа во тоа време се случила и опсадата на градот. По ова следувала венецијанска интервенција кои ги испратиле своите галии, а го советувале на императорот да не го напушта градот туку да побара помош од самиот папа во [[Рим]] и западноевропските кралеви. Во јули истата година венецијанскиот сенат објавил дека било многу сигурно Бајазит да се повлече бидејќи во Анадолија бил застрашен од страна на монголскиот владетел [[Тимур]].
 
=== Опсада на Константинопол===
 
По крајот на состанокот во Сер, МануелМануил II изразил нелојалност кон султанот. Во 1394 година Бајазит го повикал МануелМануил во својот двор но тој одбил да се појави. По ова Бајазит го пратил големиот везир Али паша во византиската престолнина со барање за предавање на градот. по одбивањето, МануелМануил побарал помош од Венеција и од западните сили по кое започнала опсадата на градот во септември 1394 година. Но по првиот обид станало јасно дека султанот нема да може да ги пробие ѕидините на градот кои биле изградени уште од времето на [[Теодосиј II]].
 
=== Влашка ===
Ред 99:
На Пелопонез венецијаните претходно имале свои колонии и тврдини. Според пишувањата на венецијанскиот сенат османлиите станале многу силни во тој реон главно бидејќи со многу мал напор успевале да најдат свои сојузници. Нападите започнале во пролетта на 1394 година, кога Евренос го нападнал деспотот на Коринт и Мистра.
 
Од грчките и венецијанскиоте извори се проценува дека во 1396 година немало напади во Пелопонез. Се смета дека кон крајот на летниот период османлиските сили ја напуштиле јужна Грција за да се вклучат кон битката кај Никопол. Во 1397 година нападите биле обновени. Настаните се опишани во Кратката хроника од 1425 година според која Јакуб паша и Тимурташ го зазеле Аргос на 2 јуни, кој бил венецијанска колонија. Во јануари 1399 година Бајазит испратил голема војска во Пелопонез, а флотата истовремено го нападнал островот Негропонте. Во 1400 година кога паѓањето на Мистра станало повеќе од очигледно, Венеција предложила деспотот Теодор и неговиот брат, императорот МануелМануил II да заминат на нејзините територии.
 
== Битка со Монголите ==