Василиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 21:
|house-type =
|father =[[Роман II]]
|mother =Теофана[[Теофано]]
}}
'''Василиј II''' ({{lang-el|Βασίλειος Β}}, 958г. - 15 декември 1025г.), бил [[Источно римско царство|византиски]] [[Византиски цареви|император]] од [[Македонска династија|Македонската династија]] кој владеел од 10 јануари 976г. до 15 декември 1025г. Тој во негово време бил познат како '''Василиј Порфирогенит''' и '''Василиј Помладиот''', да се разликува од неговиот претходник-предок [[Василиј I Македонецот|Василиј I]].
Ред 31:
==Ран живот==
===Под заштитништво на Никифор II Фока===
По прераната смрт на царот-татко [[Роман II]], на [[15 март]] [[963]]г., власта кратко преминала во рацете на царицата-мајка Теофана[[Теофано]], која го презела регентвото на своите малолетни синови Василиј II и [[Константин VIII]]. Но ова било само привремено решение. Младата умна царица самата го увидела тоа и стапила во врска со [[Никифор II Фока|Никифор Фока]]. Откако војската го прогласила за цар во [[Цезареја]], Никифор на [[15 август]] влегол во [[Цариград]], го скршил отпорот на евнухот Јосиф Вринга во крвави улични борби, и на [[16 август]] во [[Света Софија - Истанбул|Света Софија]] од рацете на [[Цариградска патријаршија|патријархот]] ја примил царската круна. Потоа веќе побелениот војсководец се венчал со младата царица. Со овој брак Никифор Фока се поврзал со [[Македонска династија|Македонската династија]] и како очув на младите легитимни цареви ја примил на себе улогата на нивни заштитник.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 342-343.</ref>
 
===Ново узурпирање на престолот===
По атентатот извршен врз царот [[Никифор II Фока|Никифор Фока]], организиран од царицата-мајка ТеофанаТеофано и [[Јован I Цимискиј|Јован Цимискиј]],<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 350-351.</ref> токму Цимискиј успеал да се качи на престолот.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 351.</ref> Бившата љубовница ТеофанаТеофано била испратена во изгнанство, од каде што се вратила дури откако нејзините синови стапиле на престолот. Јован Цимискиј стапил во брак со кој во најголема мерка ги задоволил принципите на династичката легитимност: се оженил со Теодора, ќерката на [[Константин VII Порфирогенит|Константин VII]], тетка на легитимните цареви Василиј и [[Константин VIII|Константин]], која во тоа време веќе не била млада. Како своевремено Никифор Фока, и Јован Цимискиј ја презел улогата на заштитник на младите легитимни цареви.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 352.</ref>
 
===Конечно преземање на власт===