Евдокија Бајана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Според [[Теофан Исповедник]], Евдокија потекнувала од [[Опсикион (тема)|темата Опсикион]]. Се омажила за император Лав VI во пролетта [[900]] година. Ова бил трет брак на царот. Претходните две сопруги на Лав VI починале без да му родат машки наследник. Од нив императорот имал неколку ќерки. Лав VI се надевал дека од бракот со Евдокија ќе се роди машки наследник на престолот. [[Ѓорѓи Острогорски]] споменува дека овој брак противречел на тогашните византиски закони и на практиката во православниот свет, поради што царот требало да побара дозвола да се омажи по трет пат од патријарх [[Антониј II Цариградски]].
 
Евдокија починала година подоцна, на [[12 април]] [[901]] година, при раѓањето на своето прво дете. Теофан споменува дека детето било момче кое останало некрстено. Во "''За церемониите''" меѓу имињата на децата на Лав VI се споменува и името Василиј што може да се идентификува со името на мртвородениот син на Евдокија. Во своето дело, Константин VII споменува дека Евдокија била погребана во [[Црква Свети Апостоли (Константинопол)|црквата "Св. Апостоли"]] во [[Цариград]].
 
По смртта на Евдокија императорот се оженил за [[Зоја Карбонопсина]] кој брак не бил признат од црквата за легитимен.