Разлика помеѓу преработките на „Василиј I Македонецот“

нема опис на уредувањето
с
|image = Solidus-Basil I with Constantine and Eudoxia-sb1703.jpg
|imgw =300px
|caption =Василиј I Македонецот, неговиот син Константин и неговата втора жена, царицата [[Евдокија Ингерина]]
|succession=Византиски император
|reign =867 – 886
|predecessor =[[Михаил III Пијаница|Михаил III]]
|successor =[[Лав VI Мудриот|Лав VI]]
|spouse =Марија (прва)<br />[[Евдокија Ингерина]] (втора)
|issue = Константин<br />[[Лав VI Мудриот|Лав VI]]<br />[[Александар III (византиски владетел)|Александар III]]<br />[[Стефан I Цариградски|Стефан]]
|house = [[Македонска династија]]
'''Василиј Први''', наречен уште '''Македонецот''', ({{lang-el|Βασίλειος ὁ Μακεδών}}, о. [[811]]- [[29 август]] [[886]] год.) е [[Византија|византиски]] [[Византиски цареви|император]] кој е родоначалник на [[Македонска династија|Македонската династија]]. По потекло Василиј бил [[Ерменци|Ерменец]], од ерменска фамилија или мешано [[Словени|словенско]]-ерменска, која стотина години живеела во Адријанопол (сега [[Едрене]]), и поради тоа што бил роден во [[Македонија (тема)|тема Македонија]], во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија - династија на Македонците - „Македонос“<ref>Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 </ref><ref>"Basil I." Encyclopedia Britannica. 2005.</ref><ref> Извадоци од меѓународната конференција ЕРМЕНСКИ КОНСТАНТИНОПОЛ организирана од Р.Г. Хованисијан, УКЛА, 19-20 мај, 2001, УНИВЕРЗИТЕТ НА КАЛИФОРНИЈА, ЛОС АНЏЕЛЕС, АУДИТОРИУМ ДИКСОН.</ref>
==Потекло, ран живот и патот до царската власт==
Василиј по потекло бил од темата [[Македонија (тема)|Македонија]] и израснал во крајна беда. Барајќи среќа, дошол во [[Цариград]] и тука благодарение на својата голема физичка сила, станал коњушар на царскиот двор. Со тоа започнало неговото необично издигнување, за кое имал да им заблагодари како на своите способности, така и на царевата ќуд. Му станал интимен пријател на [[Михаил III Пијаница|Михаил III]] и маж на неговата некогашна љубовница [[Евдокија Ингерина]]. Со железна енергија, не запирајќи се пред ништо, тој се стремел кон највисоката власт. Поради тоа дошол во судар со цезарот Варда, но Михаил III толку подлегнал на влијанието на својот љубимец што без двоумење го жртвувал вујкото. Со прелага и кривоклетство Василиј и Михаил III го намамиле големиот државник во клопка: при походот на [[Крит]], кога за време на одмор цезарот седел на престолот до својот на својот внук од сестра, василиј го нападнал од зад плеќи и го убил со сопствена рака на [[21 април]] [[866]]г. Наградата била круна на совладетел што Михаил III му ја подарил по враќањето во Цариград, на [[26 мај]] 866г. Сега Василиј добил од Михаил III се она што овој можел да му даде. Последниот чин на крвавата трагедија е забрзан со тоа што Михаил III, како што бил ќудлив и непоуздан, почнал да го менува расположението кон својот совладетел. Ноќта меѓу [[23 септември|23]] и [[24 септември]] [[867]]г., по дворската гозба, Василиј и неговите пријатели го убиле пијаниот цар во неговата ложница.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 284-285. </ref>
 
==Внатрешна политика==
===Обезбедување на идната власт на своите синови===
Мрачни биле патиштата кои го довеле Василиј I (владеел од [[867]]-[[886]]), основачот на т.н. [[Македонска династија]], на цариградскиот престол. За што поцврсто да ја врзе царската круна за своето семејство, Василиј I веќе на [[6 јануари]] [[869]]г. го крунисал за совладетел својот постар син Константин, а една година потоа и вториот син [[Лав VI Мудриот|Лав]], а околу [[879]]г. по прераната смрт на Константин, и третиот - [[Александар III (византиски владетел)|Александар]], додека најмладиот [[Стефан I Цариградски|Стефан]], станал свештеник, и подоцна за време на владата на својот брат Лав VI, го зазел [[Цариградска патријаршија|патријаршискиот]] престол престол. Царевиот првенец и љубимец Константин бил син на неговата прва жена „Македонката“ Марија. Лав, Александар и Стефан биле синови на [[Евдокија Ингерина]], последните двајца се родени дури по доаѓањето на Василиј на престолот.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 286. </ref>
 
===Црковни прашања===