Евдокија Декаполитиса: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
 
Изборот на идната сопруга на Михаил III бил направен од самата Теодора, додека на императорот тоа право му било одземено. Постапката се претворила во традиција за византискиот царски двор, бидејќи самата Теодора била избрана од свекрвата [[Ефросина (сопруга на Михаил II)|Ефросина]].
 
== Царица ==
 
Михаил III не бил импресиониран од Евдокија, игнорирајќи ја целосно и продолжувајќи ја врската со [[Евдокија Ингерина]].
 
Во ноември [[855]] меѓу царот и регентството настанал конфликт, кој завршил со отстранување на Теоктист и Теодора од регентството. На 15 март [[856]] Теодора била лишена и од титулата август, но и било дозволено да остане во дворецот до 857, кога била вовлечена во заговор против својот син и била испратена во манастирот на својата ќерка. За време на овие настани положбата на Евдокија Декаполитиса е неизвесна, но таа останала законска сопруга и царицата на Михаил III до неговото убиство на [[23 септември]] [[867]] година. Царицата Евдокија сепак била поштедена од заговорниците и вратена на родителите. Историските документи не содржат повеќе информации за понатамошната судбина на Евдокија Декаполитиса.