Евдокија Декаполитиса: Разлика помеѓу преработките

нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Евдокија Декаполитиса''' била византиска царица, сопруга на византискиот император [[Михаил III Пијаница]], последен претставник на Фригиската династија.
 
== Брак ==
 
Михаил III се качил на византискиот престол кога имал две години. Во негово име започнало да управува регентство, на чело со мајка му [[Теодора II]] и [[Теоктист]]. Во 855 година Михаил II, кој веќе имал наполнето петнаесет години, започнал врска со првата љубовница, [[Евдокија Ингерина]]. Царицата Теодора не ја одобрувала оваа врска и решила да избере друга девојка за сопруга на својот син. За таа цел, таа собрала во палатата неомажени старешински девојки кои биле претставени на царот. Меѓу кандидатките била и самата Евдокија Декаполитиса. Нејзиното потекло сепак не е познато.
 
Изборот на идната сопруга на Михаил III бил направен од самата Теодора, додека на императорот тоа право му било одземено. Постапката се претворила во традиција за византискиот царски двор, бидејќи самата Теодора била избрана од свекрвата [[Ефросина (сопруга на Михаил II)|Ефросина]].