Лав V Ерменец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
Со политиката на почитување на иконите на неговите претходните поврзувана со поразите од Бугарите и Арапите, Лав V ја обновил политиката на иконоборство откако го тргнал патријархот Никифор и свикал синод во Константинопол во 815 година. Царот ја користел својата умерена политика на иконоборство за да ги одземе имотите на иконопочитувачите и манастирите, како на богатиот [[Студитски манастир]], чиј влијателен свештеник, [[Теодор Студит]], го протерал.
 
Лав V назначил спремни воени команданти од неговите другари во војската, вклучувајќи ги [[Михаил II Аморијац]] и [[Тома Славјанинот]]. Исто така ги бркал павличанците. Кога Лав го затворил Михаил поради навестување за заговор, Михаил организирал убивање на царот во дворската капела „Св. Стефан“ на [[Божиќ]] во 820 година. Лав бил присутен на службата, кога група убијци облечени како монаси наеднаш ги фрлиле нивните облеки и ги извадиле нивните оружја. Во придушеното светло го помешале свештеникот со царот и конфузијата му овозможила на Лав да дофати тежок крст од олтарот и да се одбрани. Ги повикал неговите стражари, но заговорниците ги забарикадирале вратите и за неколку минути удар на меч му ја повредила раката и паднал пред нив, каде неговото тело било искасапено во делови. Неговите остатоци биле фрлени во снегот и убијците побрзале кон ќелиите да го ослободат Михаил II. Сепак, Лав го скрил клучот и бидејќи било рано сабајле морале да чекаат за да најдат ковач, поради што Михаил бил забрзано крунисан како цар со железните опруги на неговите нозе. Семејството на Лав (вклучувајќи ја неговата мајка и неговата жена [[Теодосија (женасопруга на Лав V)|Теодосија]]) биле протерани во манастирите на [[Принцевски Острови|Принцевските Острови]]. Неговите четворица синови (вклучувајќи го поранешниот негов помошник Симбат) биле кастрирани, процедура која била толку брутално спроведена поради што еден од нив починал во текот на „операцијата“.<ref>Теофан Континуат, 40–41. 7</ref>
 
Иако изворите се силно против Лав (Теофан Континуат,<ref>Теофан Континуат, 30. 14–15</ref> патријархот Никифор) го признале неговата спремност во справување со државните работи. За жал, како и сите иконоборски цареви, неговите дела и намери не можат лесно да бидат обновени поради екстремните предрасуди кон иконопочитувачките извори (не постојат ниеден зачуван иконоборски извор од било кој вид).