Никифор I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
Неговото владеење било загрозено од [[Барданес Туркос]], еден од највештите генерали, кој бил револтиран и добил поддршка од другите команданти, најмногу од подоцнежните цареви [[Лав V Ерменец]] и [[Михаил II]] во 803 година.
 
Но, Никифор ги придобил вторите двајца и со поттикнување бунтовниците да се разделат успеал да го зароби Барданес, кој бил ослепен и пратен во [[манастир]]. Заговорот предводен од патрицијот [[Арсабер]] имал сличен тек.
 
Никифор започнал општа реорганизација на Царството, создавајќи нови [[Тема (управна единица)|теми]] на [[Балкан]]от (каде започнал повторна хеленизација со населување [[Грци]] од [[Анадолија]]) и засилување на границите. Потребата од големи суми за зголемување на воената сила, посветил голема енергија за зголемување на приходите на Царството. Со неговите силни даночни такси одземал имот во корист на државата и особено на свештенството, кого инаку го контролирал умерено. Иако назначил патријарх кој ги почитувал иконите, [[Никифор I Цариградски|Никифор]], царот Никифор бил претставен како зло од верските историчари како [[Теофан Исповедникот]].