Алексиј V Дука: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox royalty|monarch |name =Алексиј V Дука<br /> Ἀλέξιος Εʹ Δούκας |title =Византиски в...
 
Ред 28:
==Доаѓање на престолот==
По освојувањето на [[Цариград]] од првата опсада од страна на [[Четврта крстоносна војна|крстоносците]] и претендентот за византискиот престол - [[Алексиј IV Ангел|Алексиј IV]], [[Источно римско царство|византиската]] влада во [[Цариград]] се уште постоела, но таа целосно била зависна од милоста на [[Венецијанска република|Венецијанците]] и крстоносците, кои залогориле пред градските ѕидини. Оваа милост не траела долго, зошто набрзо се покажало дека Алексиј IV не бил во состојба да ги исполни ветувањата дадени во [[Задар]] и на [[Крф]]. Сега тој се нашол меѓу два огна. Крстоносците и Венецијанците ги барале ветените пари одбивајќи ги сите молби за одлагање, а византиското население се бунтувало против царот којшто во земјата ги донел крстоносците и им се потчинил себеси и својот народ на Латините. Кон крајот на [[јануари]] [[1204]]г. во Цариград избувнал бунт. Алексиј IV не само својата скапо платена крна туку и главата, а неговиот татко [[Исак II Ангел]] бил ставен ставен во затвор каде што наскоро и умрел. На царскиот престол бил доведен Алексиј V Дука Мурзуфл, зетот на претходно симнатиот цар [[Алексиј III Ангел|Алексиј III]], мажот на бившата жена на [[Стефан Првовенчани|Стефан Првовенчаниот]], Евдокија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 500-501.</ref>
 
==Владеење и падот на Царството==
Уште еднаш победил антилатинскиот правец во [[Источно римско царство|Византија]], но неговиот триумф само го забрзал последниот чин на византиската трагедија. [[Крстоносци]]те се подготвувале со намера уште еднаш да го освојат [[Цариград]], но овојпат не за да доведат нова византиска влада, туку на урнатините на Византија да создадат свое царство. Во [[март]] крстоносците и [[Венецијанска република|Венецијанците]] под ѕидините на Цариград потпишале детален договор за делба на Византиското царство и за создавање на [[Латинско царство]] во Цариград. Потоа почнал јуриш и се случило тоа што морало да се случи на [[13 април]] [[1204]]г. византиската престолнина попуштила пред надмоќните сили на напаѓачите.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 501.</ref>
 
На тој начин Цариград, којшто со векови бил непобеден, пркосејќи им на нападите на [[Сасанидско царство|Персијанците]] и [[Праведен калифат|Арабјаните]], [[Аварски каганат|Аварите]] и [[Словени]]те, [[Прво бугарско царство|Бугарите]], [[Киевска Русија|Русите]] и [[Печенези]]те, паднал во рацете на крстоносците и Венецијанците. Три дена и три ноќи освојувачите го ограбувале градот и чинеле свирепи насилства. Скапоцените богатства на најголемиот културен центар на тогашниот свет, растргнати биле на сите страни, а дел од нив и дивјачки уништени. „Откако постои светот, во ни еден град не е добиен толкав плен“, вели историчарот на крстоносците [[Жофроа де Вилардуен|Вилардуен]]. „Дури и Сарацените се помилосрдни и поблаги во споредба со овие луѓе кои на рамената го носат [[Христос|Христовиот]] крст“, забележува византискиот очевидец [[Никита Хонијат]]. По поделбата на воениот плен дошла делбата на Византиското царство, којашто го запечатила неговиот слом и за подолго време ги потиснала силите на [[Ромеи|Византијците]] на периферијата.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 501-502.</ref>
 
== Наводи ==