Алексиј III Ангел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 63:
Крстоносците се собрале во [[Венеција]] за на венецијанските бродови да отпловат за [[Ејубидски калифат|Египет]]. Но, бидејќи немале доволно средства да ја платат возарината, тие го прифатиле предлогот на дуждот наместо тоа, да ги помогнат Венецијанците при освојувањето на [[Задар]], којшто паднал под власта на [[Кралство Унгарија|унгарскиот]] крал. Така дошло до првото свртување на крстоносците од нивната цел. По првото дошло и второто свртување на крстоносната војна, предизвикано со доаѓањето на принцот [[Алексиј IV Ангел|Алексиј Ангел]], синот на царот [[Исак II Ангел|Исак II]]. Младиот Алексиј успеал да побегне од занданата во која бил затворен со својот ослепен татко. Барајќи помош тој тргнал на Запад и по состанокот со Инокентиј III којшто не вродил плод стигнал на дворот на својот зет - Филип Швапски. Филип со задоволство ги поддржал претензиите на својот шура за цариградскиот престол. Спречен од внатрешните тешкотии самиот да стапи во акција тој им се обратил на Венецијанците и на крстоносците повикувајќи ги да го вратат на престолот Исак II и неговиот син. Овој повик на венецијанскиот дужд му дошол како порачан, а и водачот на крстоносците, Бонифациј Монфератски, кој имал силни семејни врски на Исток, со задоволство ја прифатил приликата да се вмеша во византиските работи. Додека крстоносците зимувале во освоениот Задар, им стигнале пратеници од [[Кралство Германија|германскиот]] крал и неговиот штитеник, па дошло до спогодба која двете страни ја посакувале. Дарежлив како и секој претендент Алексиј IV им ветил на крстоносците и на Венецијанците огромни суми пари, дал до знаење, за да го одоброволи папата, изгледно склучување црковна унија и се обврзал дека по враќањето на византискиот престол со сите средства ќе ја потпомага крстоносната војна. Речиси сите крстоносци тргнале со Дандоло и Бонифациј Монфератски. Искушението било големо, совеста можела да биде мирна бидејќи крстоносната војна, по походот на Цариград, ќе продолжела и тоа со зголемени средства кои ги ветил византискиот претендент. Алексиј IV им се придружил на крстоносците уште во Задар. Во [[мај]] [[1202]]г. на [[Крф]] меѓу него и крстоносците, бил потпишан договор, такашто веќе на [[24 јуни]] флотата на крстоносците стигнала пред византиската престолнина, пред „царицата на сите градови“.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 499-500.</ref>
 
Откако крстоносците ја зазеле [[Галата]] и го пробиле синџирот што го затворал влезот во [[Златен Рог]], бродовите на крстоносците продреле во цариградското пристаниште и тогаш од копно и од море започнал јуриш на градските бедеми. Иако византиската посада пружила силен отпор, на [[17 јули]] [[1203]]г. Цариград паднал во рацете на крстоносците. Кутриот цар Алексиј III побегнал однесувајќи го со себе државното богатство. Слепиот Исак II повторно бил кренат на престолот, а како совладетел царска круна добил и неговиот син Алексиј IV, штитеникот на крстоносците.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 500-501.</ref>
 
== Наводи ==