Алексиј III Ангел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 52:
Ослободувањето од аламанскиот данок во Византија предизвикало бура од радост, а кутриот цар Алексиј, кој до неодамна на германскиот цар му плаќал данок симнувајќи го накитот од гробовите на своите претходници, сметал дека дошол мигот од своја страна да ги истакне претензиите за светско владеење и по примерот на великите [[Комнини]] да му помуди на папата сојуз меѓу единствената христијанска црква и единственото христијанско царство. Меѓутоа, нападот на Запад над ослабената Византија со смртта на Хенрик бил само одложен. Смртоносниот удар дошол од друга страна и тоа веќе по неколку години.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 496.</ref>
 
Западната империја се распаднала непосредно по Хенриковата смрт. [[Кралство Италија (Среден Век)|Италија]] се ослободила германската власт, а во [[Кралство Германија|Германија]] дошло до борби меѓу Хенриковиот брат Филип Швапски и [[Отон IV (Свето римско царство)|Отон Брауншвајски]]. Превласта на германскиот цар ја заменила превласта на големиот папа [[Папа Инокентиј III|Инокентиј III]] и со самото тоа во прв план избила идејата за нова [[Крстоносни војни|крстоносна војна]]. На папата не му било важно Византија да биде освоена со оружена сила, туку таа да му се потчини на Рим по пат на унија и заедно со [[Католици|западните христијани]] да учествува во крстоносната војна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 496-497.</ref>
 
===Четвртата крстоносна војна===
{{Main|Четврта крстоносна војна}}
 
Покрај [[Папа Инокентиј III|Инокентиј III]], духовниот двигател на новата крстоносна војна, во средиштето на претстојната акција стоела, доминирајќи во целиот потфат, моќната фигура на [[Венецијанска република|венецијанскиот]] дужд [[Енрико Дандоло]], чија цел била да ги сврти западните сили против [[Источно римско царство|Византија]]. Овој голем и смел, и мошне трезвен политичар, целосно рамнодушен спрема идејата за крстоносната војна како таква, во уништувањето на Византија го здогледал предусловот за трајно господство на Венецијанската република на Исток. Навистина, уште во времето на [[Алексиј I Комнин|Алексиј I]], Венецијанците уживале во византиските земји и во водите на вонредни повластувања коишто ги задржале и низ целиот [[XII век]]. Но честите обиди на [[Ромеи|Византијците]] да се ослободат од своите обврски и повремените антивенецијански испади во [[Цариград]], создавале чувство на постојана несигурност. Венецијанската република морала да биде на штрек, при секоја промена на владата во Цариград одново да инсистира на признавање на своите привилегии, а често да ги брани своите права и со оружје. Покрај тоа Венецијанците имале опасни конкуренти во [[Република Џенова|Џенова]] и [[Република Пиза|Пиза]], на кои Византија, исто така, им доделила значајни привилегии со желба да создаде извесна противтежа на венецијанската превласт. Се додека во Цариград би постоела византиска влада, Венецијанците не можеле да бидат сигурни дека нивната доминантна положба во целост ќе се одржи. Единствено сигурно решение било урнувањето на Византиското царство. Крстоносната војна за тоа пружала најдобра прилика и големиот венецијански дужд наумил овој крстоносен поход да го претвори во освојувачка војна против Византија. Допуштајќи им на Венецијанците да им ја одземат превласта на море, Византијците сега се нашле пред опасноста да го загубат и своето царство.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 497-498.</ref>
 
За да се објасни зошто Четвртата крстоносна војна била свртена против Византија во [[Историја|историската наука]] се изнесувани многубројни теории и хипотези. Всушност во овој настан нема ништо загадочно туку била неизбежна последица на претходниот развој. Од времето на [[Големата шизма|црковниот расцеп]], а особено од почетокот на [[Крстоносни војни|крстоносните војни]], антивизантиското расположение на Запад постојано растело. Агресивната политика на [[Мануил I Комнин|Мануил]] во [[Италија]] и нагласениот [[Андроник I Комнин|Андроников]] антилатински став во тоа антивизантиско расположение дале нова острина, а очевидната слабост на Византиското царство во времето на [[Династија Ангели|Ангели]] наведувала на мислата за негово освојување. Со таа мисла, впрочем, се носеле уште [[Роберт Гвискард]] и неговиот син [[Боемунд Тарентски|Боемунд]], а при [[Втора крстоносна војна|Втората крстоносна војна]] таа се јавила и во околината на [[Луј VII]]. Во времето на крстоносната војна на [[Фридрих I Барбароса|Фридрих Барбароса]] за малку не допло до нејзино остварување. Наследникот на Фридрих Барбароса и на [[Кралство Сицилија|норманските]] кралеви, [[Хенрих VI (Свето римско царство)|Хенрих VI]], заземањето на Цариград го ставил во средиштето на своите освојувачки планови. А кога сега Венецијанците ги ставиле на вага своите трговски интереси и политичките аспирации, мислата за освојување на Цариград станала стварност. На тој начин крстоносната војна се претворила на крајот во орудие на освојувачката политика и се свртела против [[Христијанство|христијанска]] Византија. Стекот на околностите го олеснил ова свртување и сторил крстоносците, покрај волјата на [[папа]]та, да се стават во служба на венецијанските интереси.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 498-499.</ref>
 
Крстоносците се собрале во [[Венеција]] за на венецијанските бродови да отпловат за [[Ејубидски калифат|Египет]]. Но, бидејќи немале доволно средства да ја платат возарината, тие го прифатиле предлогот на дуждот наместо тоа, да ги помогнат Венецијанците при освојувањето на [[Задар]], којшто паднал под власта на [[Кралство Унгарија|унгарскиот]] крал. Така дошло до првото свртување на крстоносците од нивната цел. По првото дошло и второто свртување на крстоносната војна, предизвикано со доаѓањето на принцот [[Алексиј IV Ангел|Алексиј Ангел]], синот на царот [[Исак II Ангел|Исак II]]. Младиот Алексиј успеал да побегне од занданата во која бил затворен со својот ослепен татко. Барајќи помош тој тргнал на Запад и по состанокот со Инокентиј III којшто не вродил плод стигнал на дворот на својот зет - Филип Швапски. Филип со задоволство ги поддржал претензиите на својот шура за цариградскиот престол. Спречен од внатрешните тешкотии самиот да стапи во акција тој им се обратил на Венецијанците и на крстоносците повикувајќи ги да го вратат на престолот Исак II и неговиот син. Овој повик на венецијанскиот дужд му дошол како порачан, а и водачот на крстоносците, Бонифациј Монфератски, кој имал силни семејни врски на Исток, со задоволство ја прифатил приликата да се вмеша во византиските работи. Додека крстоносците зимувале во освоениот Задар, им стигнале пратеници од [[Кралство Германија|германскиот]] крал и неговиот штитеник, па дошло до спогодба која двете страни ја посакувале. Дарежлив како и секој претендент Алексиј IV им ветил на крстоносците и на Венецијанците огромни суми пари, дал до знаење, за да го одоброволи папата, изгледно склучување црковна унија и се обврзал дека по враќањето на византискиот престол со сите средства ќе ја потпомага крстоносната војна. Речиси сите крстоносци тргнале со Дандоло и Бонифациј Монфератски. Искушението било големо, совеста можела да биде мирна бидејќи крстоносната војна, по походот на Цариград, ќе продолжела и тоа со зголемени средства кои ги ветил византискиот претендент. Алексиј IV им се придружил на крстоносците уште во Задар. Во [[мај]] [[1202]]г. на [[Крф]] меѓу него и крстоносците, бил потпишан договор, такашто веќе на [[24 јуни]] флотата на крстоносците стигнала пред византиската престолнина, пред „царицата на сите градови“.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 499-500.</ref>
 
Откако крстоносците ја зазеле [[Галата]] и го пробиле синџирот што го затворал влезот во [[Златен Рог]], бродовите на крстоносците продреле во цариградското пристаниште и тогаш од копно и од море започнал јуриш на градските бедеми. Иако византиската посада пружила силен отпор, на [[17 јули]] [[1203]]г. Цариград паднал во рацете на крстоносците. Кутриот цар Алексиј III побегнал однесувајќи го со себе државното богатство. Слепиот Исак II повторно бил кренат на престолот, а како совладетел царска круна добил и неговиот син Алексиј IV, штитеникот на крстоносците.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 500-501.</ref>
 
== Наводи ==