Алексиј III Ангел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 42:
 
Иванко во Цариград бил дочекан со почести, бил поставен за намесник во [[Пловдив]] а потоа дури и за заповедник на царската војска во војната со Бугарија. Меѓутоа, итриот бугарски болјар, кому Алексиј III му ја доверил судбината на византиско-бугарската борба, наскоро се одметнал од Византија и завладеал во областа на [[Родопи]]те. Распаѓањето на Царството продолжувало. Во [[Македонија]], војводата [[Добромир Хрс]] уште од порано загосподарил со [[Струма|струмската]] област, а потоа го проширил своето подрачје се до [[Вардар]], зацврстувајќи се во тешко пристапниот [[Просек]]. Византија се обидела со него да се спогоди, дури му ја дала царевата ќерка за жена, но наскоро морала и против него да крене оружје. Потпирајќи се врз Бугарското царство, Хрс ги започнал непријателствата, ги освоил [[Прилеп]] и [[Битола]], а потоа продрел низ цела [[Грција (регион)|Грција]], заедно со својот тест, византискиот проспатор Мануил Камиц, којшто привремено завладеал со [[Тесалија]]. Својот бивш пријател, Иванко, [[Ромеи|Византијците]] најпосле го фатиел на измама и после тоа неговата област и припаднала одново на Византија. Меѓутоа, долгите и променливи борби со Добромир Хрс завршиле со тоа што неговите територии му припаднале на царот [[Калојан]] и на тој начин голем дел од Македонија дошол под власта на Бугарија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 493-494.</ref>
 
Во времето на Калојан ([[1197]]г.-[[1207]]г.) новото Бугарско царство го доживеало својот бурен подем. Тоа станало еден од најважните чинители на [[Балкан]]от и во повеќе ситуации пресудно влијаело врз развојот на целото околно подрачје. На своето царство, кое се афирмирало во борбата против Византија, Калојан му обезбедил правно признавање од [[Папска држава|Рим]]. Асеновото крунисување, коешто го извршил бугарскиот архиепископ во Трново, не давало доволна правна основа. Вистинско крунисување имале само два светски центра, Рим и [[Цариградска патријаршија|Цариград]], и полноважна била само круната испратена од [[Рим]] или [[Цариград]]. Не е чудно што Калојан му се обратил на Рим, а не на ослабената и непријателска Византија. Така, пред паѓањето на Цариград, не само [[Велико кнежевство Србија|Србија]], туку и Бугарија потпаднала под влијанието на Рим. По долги преговори Калојан ја признал [[папа|папината]] надмоќ. Главниот чин бил извршен дури по [[Опсада на Цариград (1204)|византискиот слом]]. На [[7 ноември]] [[1204]]г. легатот на папата [[Папа Инокентиј III|Инокентиј III]] го поставил бугарскиот архиепископ Василиј за примас на Бугарија, а утредента го крунисал Калојан со кралска круна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 494.</ref>
 
===Ситуацијата со Светото римско царство===
[[Источно римско царство|Византија]] трпела се поголеми неуспеси на [[Балкан]]от затоа што била изложена на се посилен притисок од Запад. Најтешки грижи и задавале со години освојувачките стрежеми на [[Свето римско царство|германскиот]] цар [[Хенрик VI (Свето римско царство)|Хенрик VI]]. Оженет со [[Кралство Сицилија|сицилијанската]] престолонаследничка Констанца, Хенрик VI по смртта на [[Фридрих I Барбароса|Барбароса]] го наследил и него и норманскиот крал [[Вилхелм II Сицилијански|Вилхелм II]] (умрел во [[1189]]г.). Отпорот на [[Сицилија]] којшто се концентрирал околу Вилхелмовиот внук [[Танкред Сицилијански|Танкред]], со поддршка на [[Папска држава|римската]] курија и на Византија, се распаднал по смртта на Танкред и на [[Бадник|Рождество Христово]] (Коледа) [[1194]]г. Хенрик ја примил во [[Палермо]] сицилијанската кралска круна. Спојувањето на Сицилија со германското царство им дало силен потстрек на Хенриковите стремежи за светско владеење, а Византија, неговата главна цел, ја ставило пред најголемата опасност. Како наследник на Вилхелм II, Хенрик барал Византија да му ја отстапи целата област од [[Драч]] до [[Солун]], којашто [[Нормани]]те ја освоиле и потоа повторно ја загубиле во [[1185]]г., да му плати голем данок и да учествува со својата флота во престојната крстоносна војна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 494-495.</ref>
 
Со промената на византискиот престол во [[1195]]г. ситуацијата уште повеќе се заострила. Оженувајќи го својот брат [[Филиш Швапски|Филип]] со ќерката на [[Исак II Ангел|Исак II]], Ирина, Хенрик VI ги истакнал династичките претензии на цариградскиот престол и истапил против узурпаторот Алексиј III како Исаков одмаздник и покровител на семејството на неправично симнатиот и ослепен цар. Заплашената византиска влада правела најголеми напори да го задоволи германскиот цар и се обврзала на огромен годишен данок од шеснаесет центенарии [[Златник|злато]]. Во сите провинции на Византиското царство бил вовен особениот "аламански данок". Меѓутоа, и покрај крајните напрегања на и без тоа преоптоварената земја, договорената сума не можела да биде собрана. Византиската влада се решила да го собере и накитот од царските гробови во црквата на [[Црква Свети Апостоли (Константинопол)|св. Апостоли]] само за да му одоброволи на својот надмоќен противник. Всушност, единствено на интервенцијата на [[папа]]та, требало Византија да и заблагодари што Хенрик VI воопшто се впуштал во преговори и што засега се задоволувал со уценување и понижување на својот немоќен непријател, зошто папата инсистирал германскиот цар, наместо освојувачка војна против Византија, да преземе крстоносен поход против [[Муслимани|неверниците]] во [[Света земја|Светата земја]]. Остварувањето на германските стремежи за светско владеење, коешто на Византија и се заканувало со уништување, неминовно би ја довело римската црква во подредена положба спрема германскиот цар, и затоа папата се заземал за шизматичкото Византиско царство. Се работело, сепак, само за одлагање. Византија била од сите страни приклештена: [[Кралство Кипар|кипарскиот]] [[Амалрих Кипарски|Амалрих]] и [[Ерменско кралство на Киликија|малоерменскиот]] крал [[Лав I (ерменски крал)|Лав]] го признале германскиот цар за свој суверен. Но пред да дојде до кобниот удар, Хенрик VI, во [[септември]] [[1197]]г., ненајдено умрел.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 495-496.</ref>
 
== Наводи ==