Разлика помеѓу преработките на „Македонски Албанци“

с
нема опис на уредувањето
с
с
Во [[Жеден]]ската област до почетокот на [[19 век]] живееле исклучиво Македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат Албанци од [[Реч]] и [[Долни Дебар]]. Од албанските зулуми, Македонците од Полог масовно бегале и ги оставале селата празни. Васил К`нчов во последната деценија на [[19 век]] ја посетил Македонија и опишува дека селото [[Горно Фалише]] до [[1860]] година броело 30 македонски семејства, а во [[1890]] година опустело, како и селата [[Палатица]], [[Корито]], [[Форино]] и [[Чајле]], кои иста така останале опустошени и празни<ref>''В. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>. Македонскиот етнограф Трифуноски, спомнува дека и селата [[Катрање]] и [[Еребино]] ја споделиле истата судбина на опустошување<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, 39-40''</ref>. На опустошените македонски имоти и цели села, албанските паши населувале Албанци.
 
Во с. [[Лопушник]], кон крајот на [[18 век]] се доселиле тројца Албанци и со „зулум“ купилe земја oд селаните во Лопошник, плаќајки им на македонските сопственици на имотот само 60 гроша и така Албанците постепено го зазеле селото<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, 183.''</ref>. Македонцитге од селото [[Железна Река|Железно Речане]] било на удар на качачките банди во почетокот на [[19 век]], а населението за ситница било убивано за кое мештаните викале „трган народ“<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, 191.''</ref>. Македонските селани од [[Горна Ѓоновица]] биле убивани во шума, на нивите и им ја грабале стоката<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, 210''</ref>. Во тогашното македонско селото [[Симница]], најпрво се населиле три албански семејства од [[Матија (селоопштина)|Матија]] ([[Албанија]]) и со помош на други доселеници од Албанија ја нападнале [[Симница]] и големиот манастир, кој постоел во селото. Сите калуѓери, освен еден, кој бил надвор од манастирот, биле убиени, игуменот на манастирот запален, а манастирот разурнат. Манастирот во [[1936]] година бил обновен, но балистите повторно го разориле во [[1943]] година<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, 213''</ref>. И селото [[Џепчиште]], како и сите полошки села пред 200 години било чисто македонско место и имало манастир ''Св. Богородица''. Кога сите селани биле собрани на богослужба во манастирот ''„муслимански Албанци“'' го запалиле манастирот заедно со селаните<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, стр. 347''</ref>.
 
=== Албанизација на Кичевијата ===