Исак II Ангел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 48:
Востаниците биле разбркани, а Петар и Асен пребегнале преку Дунав. Меѓутоа, наскоро тие се вратиле со силни кумански одреди и борбата одново се разгорела. Во [[октомври]] [[1186]]г. Исак II тргнал во пресрет на непријателот, но овојпат неговата положба била многу потешка и дури по жестоката борба и големи загуби тој успеал да ја одбие бугарско-куманската војска. Во [[пролет]]та [[1187]]г. царот презел нов поход во областа [[Сердика]], но и овојпат одлучувачкиот успех изостанал. Византија не била во состојба да се впушта во подолги војувања. На сите страни се јавувале нови тешкотии. Големиот жупан [[Стефан Немања]] ги потпомагал Бугарите и ја искористил византиско-бугарската војна за сметка на Византија. Востание избувнало и во [[Мала Азија]]. Исак II се откажал од борбата во Бугарија и ја прифатил спогодбата со бунтовниците, коишто како заложник му го испратиле [[Калојан]], помладиот брат на Петар и Асен.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 484-487.</ref>
 
===Преминот на западните владетели во Палестина===
===Третата крстоносна војна===
Божјиот гроб одново паднал под власта на [[Муслимани|неверниците]]. Откако ја приширил својата власт над [[Сирија]], [[Саладин]] во [[1187]]г. упаднал во [[Палестина]], кај [[Битка кај Хатин|Хатин]] им нанел на Латините тежок пораз, го заробил [[Ерусалимско кралство|ерусалимскиот]] крал [[Гвидо Лузињан]] и на [[2 октомври]] влегол во [[Ерусалим]]. Овој настан и дал поттик на [[Трета крстоносна војна|новата крстоносна војна]], во која учествувале најугледните западни владетели: [[Свето римско царство|германскиот]] цар [[Фридрих I Барбароса]], [[Кралство Франција|францускиот]] крал [[Филип II Август]] и [[Кралство Англија|англискиот]] крал [[Ричард Лавовско срце]]. Веќе во [[лето]]то [[1189]]г. Фридрих Барбароса преку [[Кралство Унгарија|Унгарија]] стигнал на [[Балкан]]от. ДридрихФридрих се обидел да се спогоди со [[Источно римско царство|византискиот]] цар. Уште во [[есен]]та [[1188]]г. во [[Нирнберг]] бил склучен договор за премин на германската крстоносна војска низ византиските земји. Но сомнежите на Византијците не биле отстранети, уште повеќе што Барбароса не водел преговори само со Византија, туку и со нејзините непријатели низ чиишто земји водел неговиот пат, со [[Велико кнежевство Србија|Србите]] и со [[Румски султанат|иконискиот]] султан.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 487-488.</ref>
 
Непријатно за [[Ромеи|Византијците]], доаѓањето на Барбароса им било добредојдено на балканските земји. Неизбежната затегнатост меѓу Византија и германскиот цар можела само да им користи на балканските држави. [[Срби]]те не можеле повеќе да се потпираат врз Унгарија, бидејќи Унгарија се договорила со Византија. Сега [[Стефан Немања|Немања]] побарал поддршка од моќниот германски цар, а истото го направиле и [[Второ бугарско царство|Бугарите]]. Немања, во придружба на својот брат Страцимир, го дочекал Фридрих Барбароса во [[Ниш]] со големи почести. Германскиот цар водел преговори со српскиот голем жупан како и со бугарските пратеници. Србите и [[Бугари]]те му понудиле вазална заклетва и сојуз против Византија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 488.</ref>
 
Во [[Цариград]] овие преговори предизвикале, сосем природно, голема непријатност. Византиската влада му се приклонила на Саладин, најголемиот непријател на крстоносците. Обновен бил договорот склучен во времето на Андроник I и византискиот цар се обврзал дека нема да ја пропушти германската војска низ својата земја. Односите меѓу Византија и германскиот цар се заостриле до крајната мерка. Фридрих го освоил [[Пловдив]] како да се работело за град во непријателска земја. Уследила жолчна преписка во која немало поштеда од прекорувања и навреди. Дошло до таму што Барбароса решил да ја совлада Византија со оружена сила. Откако го запоседнал и [[Едрене]], каде што повторно се состанал со српските и бугарските пратеници, тој ја упатил својата војска против Цариград, а на својот син [[Хенрик VI (Свето римско царство)|Хенрик]] му наредил со флотата да дојде пред Цариград. Тогаш Исак II попуштил. Во [[февруари]] [[1190]]г. во Едрене бил склучен договор. Византија ги задоволила своите барања на својот надмоќен противник, му отстапила бродови за префрлување на трупите во [[Мала Азија]], му дала угледни заложници и ветила дека неговата војска ќе ја снабдува со намирници. Во [[пролет]]та 1190г. Фридрих Барбароса преминал во Мала Азија, но неговиот поход завршил со несреќен случај. При преминот на една река тој се удавил.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 488-489.</ref>
 
Експедицијата на англискиот и францускиот крал, коишто тргнале за Палестина по море, не ја погодувале сферата на интерес на Византија. Впрочем и нивниот потфат останал без успех. Според договорот за мир од [[1192]]г., Саладин го задржал Ерусалим, а власта на Латините била ограничена на тесното подрачје меѓу [[Јафа]] и [[Тир]]. Само еден спореден настан во Ричардовиот поход ја погодил Византија непосредно. На патот за Палестина англискиот крал го освоил [[Кипар]], го заробил неговиот владетел Исак Комнин и островот им го предал на [[Јованисти]]те, а потоа (1192г.) на бившиот ерусалимски крал Гвидо Лузињан. Од тогаш Кипар останал под власта на Латините.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 489.</ref>
 
== Наводи ==