Разлика помеѓу преработките на „Македонски Албанци“

с
нема опис на уредувањето
с (Отстрането уредувањето на 109.92.111.197 (разговор), вратено на последната верзија на Ehrlich91)
с
[[Податотека:Tetovo.jpg|thumb|250px| Албанци од [[Тетово]]]]
 
Почетокот на албанското населување во Полог почнува од средината на [[18 век]]. Сепак, тие во тој период претставувале многу мала малцинска група во Полог, сè до првата половина на [[19 век]], кога со Полог владее турскиот посланик со албанско потекло [[Абдураман-паша]], кој насилно и масовно населувал Албанци од северна [[Албанија]]<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, с. 71-74.''</ref>. Голем дел од староседелското македонско население на Полог, било насилно албанизирано, цели родови биле албанизирани, како и многу жени и девојки под притисок на тетовските албански паши и нивниот зулум<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38-39, 50-51.''</ref>. Истото се има случено и со кичевската околина, каде најголемиот дел од тие Албанци се всушност од македонско потекло. Албанците од село [[Теарце]] биле заселени од тетовските паши, од [[Матка (округ)|МаткаМатија]] (Мат), [[Долен Дебар]] и [[призрен]]ско; албанците од [[Доброште]] дошле од [[Дебар]] и [[Љума]]. Во село [[Длабочица]], с. [[Стража]] и с. [[Култино]] Албанците потекнуваат од [[Дукачин Љума]]. Во последното село, Абдурахман Паша во почетокот на 19 век ги избркал Македонците и населил Албанци<ref>''Материали (Софија), 437, 439, 446-447''</ref>.
 
Во [[Жеден]]ската област до почетокот на [[19 век]] живееле исклучиво Македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат Албанци од [[Реч]] и [[Долни Дебар]]. Од албанските зулуми, Македонците од Полог масовно бегале и ги оставале селата празни. Васил К`нчов во последната деценија на [[19 век]] ја посетил Македонија и опишува дека селото [[Горно Фалише]] до [[1860]] година броело 30 македонски семејства, а во [[1890]] година опустело, како и селата [[Палатица]], [[Корито]], [[Форино]] и [[Чајле]], кои иста така останале опустошени и празни<ref>''В. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>. Македонскиот етнограф Трифуноски, спомнува дека и селата [[Катрање]] и [[Еребино]] ја споделиле истата судбина на опустошување<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, 39-40''</ref>. На опустошените македонски имоти и цели села, албанските паши населувале Албанци.