Исак II Ангел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 41:
Со другиот непријател што го загрозувал [[Источно римско царство|Византиското царство]], [[Кралство Унгарија|унгарскиот]] крал [[Бела III (Унгарија)|Бела III]], Исак Ангел склучил мир и се оженил со неговата десетгодишна ќерка Маргарета.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 483.</ref>
 
===Ситуацијата вона Бугарија и МакедонијаБалканот===
Веќе кон крајот на [[1185]]г. во [[Бугарија]] избувнало големо востание под водство на браќата [[Петар IV (Бугарија)|Петар]] (Теодор) и [[Иван Асен I|Асен]]. Влијанието на централната [[Источно римско царство|византиска]] власт во бугарското подрачје опаднала, како и во други краишта, па и таму се појавиле сепаратистички стремежи, коишто дотогаш на многу страни се пројавувале во вид на територијални барања на локалните бољари. Петар и Асен побарале од византиската влада да им даде некои земји како пронија. Острото и охоло одбивање на ова барање на настаните им дало неочекуван и нагол пресврт. Озлобените водачи на Бугарија кренале во напатената и од даноци преоптоварената земја, востание кое на крајот довело до целосно одвојување на бугарските области од Византија и до создавењесоздавање на [[Второ бугарско царство|Второто бугарско царство]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 484.</ref>
 
Во [[солун]]ската област се населиле многу [[Евреи]] и [[Ерменци]], во [[дунав]]ското подрачје престојувале [[Кумани]]те и [[Печенези]]те, многубројните [[Власи]] се ширеле во дунавските покраини, во [[Македонија]] и [[Тесалија]] којашто била наречена Голема Влашка. Во движењето на Петар и Асен, Куманите, а особено Власите имале голем удел. Внатрешните заплети ја влошувале и без тоа тешката положба на Византија. Испратен против бунтовнците, Алексиј Врана, победникот над [[Кралство Сицилија|Норманите]], во [[Едрене]] се прогласил за цар и се свртел против владата на Исак II Ангел. Меѓутоа, узурпаторот загинал во борбите пред [[Цариград]] и во [[лето]]то [[1186]]г. царот Исак влегол на чело на својата војска во Бугарија. Во борбата против бугарските востаници Исак II покажал мошне голема енергија. Без сомнение, тој не бил никаков државник, но не бил ни толку неспособен како што обично го прикажувале. Колку и да биле незавидни приликите во тогашна Византија, текот на норманската и бугарската борба секако докажува дека во времето на Исак II византиската држава во воен период не била толку немоќна како во времето на [[Андроник I Комнин|Андроник Комнин]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 484-486.</ref>
 
Востаниците биле разбркани, а Петар и Асен пребегнале преку Дунав. Меѓутоа, наскоро тие се вратиле со силни кумански одреди и борбата одново се разгорела. Во [[октомври]] [[1186]]г. Исак II тргнал во пресрет на непријателот, но овојпат неговата положба била многу потешка и дури по жестоката борба и големи загуби тој успеал да ја одбие бугарско-куманската војска. Во [[пролет]]та [[1187]]г. царот презел нов поход во областа [[Сердика]], но и овојпат одлучувачкиот успех изостанал. Византија не била во состојба да се впушта во подолги војувања. На сите страни се јавувале нови тешкотии. Големиот жупан [[Стефан Немања]] ги потпомагал Бугарите и ја искористил византиско-бугарската војна за сметка на Византија. Востание избувнало и во [[Мала Азија]]. Исак II се откажал од борбата во Бугарија и ја прифатил спогодбата со бунтовниците, коишто како заложник му го испратиле [[Калојан]], помладиот брат на Петар и Асен.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 484-486.</ref>
 
== Наводи ==